20/10/2026
Денес, на Меѓународниот ден на статистиката и нашиот дванаесети роденден, го претставивме вториот извештај за Северна Македонија во рамки на иницијативата converge2eu.
Извештајот преку споредливи податоци следи колку земјата се приближува до просекот на Европската унија во осум области од животот: економија, социјална благосостојба, здравство, образование, животна средина, владеење, дигитализација и инфраструктура.
Со воведни обраќања се обратија Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Брендан Ворд, амбасадор на Ирска во Република Северна Македонија, и г-ѓа Адријана Лавчиска од Фондацијата Отворено општество Западен Балкан.
Наодите ги презентираа Ана Милинковиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии (wiiw), Сабина Ланге од Think Europe и Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ, по што следеше дискусија со публиката.
Настанот го затворивме со доделување на наградата во рамки на конкурсот за млади истражувачи „Славица Тодоровска - Цаци“.
Им благодариме на Стопанска банка АД Скопје за поддршката на наградата и за гостопримството.
Денешниот ден е потсетник дека податоците не се само бројки, туку основа за одлуки што го обликуваат секојдневието на граѓаните.
Сите податоци по индикатор и по област се достапни на converge2.eu
Иницијативата converge2eu е координирана од wiiw и Think Europe, со поддршка на Фондацијата Отворено општество Западен Балкан, во партнерство со Ирското претседателство со Советот на Европската унија.