29/04/2026
Асистивната технологија промовирана во Берово
Општина Берово на 28.04.2026 година беше домаќин на јавната дебата „Асистивна технологија - алатка за социјална инклузија“. Претставничка од општината ја отвори јавната дебата и им посака топло добредојде на присутните. Темата на јавната дебата поттикна интерес за учество, па покрај учесниците од Берово, присуствуваа и претставници од образовни институции од Пехчево.
На дебата се отворија значајни прашања кои ги одразија потребите за поддршка на инклузијата, но и ги претставија локалните предизвици и контекстот во кој се спроведува инклузијата. Недостатокот на услуги во заедницата, обуки за јакнење на капацитетите на наставниот кадар и професионалците, работилници за сензибилизација на родителите се дел од потребите кои ги истакнаа присутните. При презентацијата на асистивната технологија присутните ја препознаа корисноста на оваа алатка и ја поврзаа со реални примери на ученици.
Присутните претставници од општината покажаа интерес за понатамошна соработка.
Дебата е дел од проектот CORDIAL.
Проектот CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation е финансиран од Европската Унија, а координиран од Caritas Srbije, во партнерство со: Caritas Bosne i Hercegovine, Caritas Kosova, Македонски Каритас, Caritas Crne Gore, Unija organizacija osoba s invaliditetom u BiH, CYA Krik, Forum mladih sa invaliditetom - Youth with Disabilities Forum и Caritas Italiana.