Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials)

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials)

Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials) НВО за промоција на владеење на правото и човековите права. NGO for promoting the rule of law and human rights.

Реакција по повод усвојување на Извештајот за работата на Судски совет на РСМ на седницата одржана на 22 април 2026
23/04/2026

Реакција по повод усвојување на Извештајот за работата на Судски совет на РСМ на седницата одржана на 22 април 2026

Блупринт групата за реформи во правосудството повторно ја изразува својата загриженост поради недоволното транспарентно постапување на Судскиот совет на Република Северна Македонија (ССРСМ) при усвојувањето на Извештај за работа за 2025 година.

На седницата Судскиот совет, даде многу оскудна и нецелосна презентација на Извештајот без да се издвојат јасни заклучоци и согледувања за состојбите во судството што придонесува кон тоа јавноста да не може да биде целосно запознаена со работата на Советот во 2025 година.

Граѓанските организации беа формално поканети на седницата, но без можност за суштинска вклученост во дискусијата.

Исто така, на самата седница, изостана аргументирана дискусија за суштинските прашања, при што преовладуваа општи и формални констатации без конкретни анализи и покрај тоа што дел од членовите инсистираа истите да бидат дел од извештајот.

👇👇👇
https://blueprint.org.mk/2026/04/23/%d1%80%d0%b5%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%b4-%d1%83%d1%81%d0%b2%d0%be%d1%98%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%88/

16/04/2026

16 Апр Реакција по повод нетранспарентното работење на Судски совет на РСМ на седницата одржана на 15 април 2026 Објавено 11:03h во Новости, Соопштениија by Блупринт група ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на јавните изјави на Премиерот во врска со пост...
20/02/2026

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на јавните изјави на Премиерот во врска со постапката за избор на државен јавен обвинител.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата со внимание го следи процесот за избор на нов државен јавен обвинител.

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА Во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик
23/01/2026

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА Во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик

Платформата на граѓански организации за борба против корупција ја информира јавноста дека денеска до Собранието на Република Северна Македонија и матичната Коми....

Поради ограничени финансиски и човечки ресурси jа информираме јавноста дека до 1 април 2026 година, организацијата нема ...
23/01/2026

Поради ограничени финансиски и човечки ресурси jа информираме јавноста дека до 1 април 2026 година, организацијата нема да биде во можност да обезбедува бесплатна правна помош и мониторинг на судења по поединечни предмети по барање на странки.

Оваа одлука е донесена со цел рационално управување со расположливите капацитети и обезбедување квалитетно и навремено спроведување на приоритетните активности од јавен интерес. Истата има времен карактер, по што јавноста ќе биде навремено информирана за евентуално продолжување или промена на состојбата.

Остануваме посветени на нашата мисија и на следење на состојбите во судството, како и на јавното информирање и застапување во рамки на нашите можности.

Ви благодариме за разбирањето.
Тимот на Коалиција Сите за правично судење

🔊🔊🔊На 26.12.2025 година, Коалиција „Сите за правично судење“ одржа завршна конференција на која беа презентирани клучнит...
29/12/2025

🔊🔊🔊

На 26.12.2025 година, Коалиција „Сите за правично судење“ одржа завршна конференција на која беа презентирани клучните наоди и препораки од мониторинг извештаите за 2025 година, односно:
➡️Извештајот од мониторингот на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители на РСМ
➡️ Анализата на податоците од набљудуваните судски постапки во 2025 година

Завршната конференција е организирана во рамки на Годишната програма за работа, финансиски поддржана и овозможена од Европската Унија.

01/12/2025

01 Дек Извештај за постапка за избор на кандидати за избор на судија во ЕСЧП Објавено 12:14h во Новости, Соопштениија by Блупринт група По поништувањето на првата постап...

🔊🔊🔊Со големо задоволство ги споделуваме искуствата од дел од студентите кои учествуваа на специјализираните обуки за ант...
24/11/2025

🔊🔊🔊
Со големо задоволство ги споделуваме искуствата од дел од студентите кои учествуваа на специјализираните обуки за антикорупција.
👉Нивните впечатоци јасно покажуваат дека младите, со своето знаење и ангажман, имаат капацитет и волја да бидат вистински двигатели на позитивните општествени промени.

18/11/2025

🔊🔊🔊
Видеото од интервју-дискусијата со Бојан Трпевски од Македонско здружение на млади правници на тема „Граѓански активизам за подобра животна средина“ е веќе достапно!

🌍✊
Граѓанскиот активизам е клучот кон почиста и поздравa животна средина за сите нас!

Погледнете го целосниот разговор во видеото подолу 👇👇👇

🔊🔊🔊Денес со почеток во 🕛 12:00 часот, ќе спроведеме интервју-дискусија со Бојан Трпевски од Македонското здружение на мл...
18/11/2025

🔊🔊🔊
Денес со почеток во 🕛 12:00 часот, ќе спроведеме интервју-дискусија со Бојан Трпевски од Македонското здружение на млади правници (МЗМП) на тема „Граѓански активизам за подобра животна средина“.

Повеќе детали за оваа активност, можете да најдете на следниот линк 👉https://shorter.me/YkYpu

🗣️Побрзајте, со нетрпение ги очекуваме вашите прашања!

🔊🔊🔊Коалиција „Сите за правично судење“ на 📅 18 ноември 2025 година (вторник), со почеток во 🕛 12:00 часот, ќе спроведе и...
17/11/2025

🔊🔊🔊
Коалиција „Сите за правично судење“ на 📅 18 ноември 2025 година (вторник), со почеток во 🕛 12:00 часот, ќе спроведе интервју-дискусија со Бојан Трпевски од Македонското здружение на млади правници (МЗМП) на тема „Граѓански активизам за подобра животна средина“.

Повеќе детали за оваа активности, можете да најдете на следниот линк 👉https://shorter.me/YkYpu

Address

Ulica Makedonija 11/2/10
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials) posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials):

Share