ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување е здружение кое во јануари 2000 година го формираа шест волонтери, студенти по медицина решени да преземат нешто околу недоволната едукација за ХИВ и СИДА и недостигот на лекови и грижа за луѓето кои живеат со ХИВ во Македонија. Малку подоцна, ХИВ станува само еден од аспектите на сексуалното и репродуктивното здравје и сексуалните права чи
е унапредување ни станува стремеж, што го потврдува и полноправното членство во Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР) од 2009 година.
Низ годините, ХЕРА застапува за подобри политики бидејќи верува во слободата на избор и во различностите. Обезбедува бесплатни и доверливи сервиси за сексуално и репродуктивно здравје и за родово базирано насилство затоа што пристапноста, достапноста и доверливоста се неделиви од здравјето на граѓаните. Едуцира за сексуалните права бидејќи силно граѓанство и одржливо демократско општество се недостижни без сеопфатна информираност и младинско учество. Ги омоќува маргинализираните бидејќи за да биде инклузивно, општеството мора да почива на социјалната правда.
Родовата рамноправност и ден-денес ни е најсветлата ѕвезда-водилка, а посветеноста бескомпромисна затоа што сите луѓе треба да ја уживаат својата сексуалност слободно и во социјална благосостојба.
По повод 20-годишнината од основањето, на едно место ги собравме сеќавањата за почетоците, предизвиците, научените лекции и најважните достигнувања од досегашната приказна која денес брои 20 поглавја: https://bit.ly/3nooy6f
---------------------------------------------------------
Нашата Фејсбук-страница ја користиме за да информираме за сето она што го работи ХЕРА. На вашите прашања и коментари настојуваме да одговориме во најкус можен рок, во текот на работната недела (понеделник – петок) од 9 до 17 часот.
Притоа, доколку ни пишувате во приватна порака или коментирате на некоја наша објава, ве молиме тоа да го правите со почит и со разбирање, да изразувате став соодветен на содржината во дадената објава и да дискутирате аргументирано и пристојно со сите вклучени страни.
Ова подразбира да не коментирате или ширите содржини кои поттикнуваат противзаконски активности или кои ги зацврстуваат стигмата, дискриминацијата и осудата по одредено прашање.
Оттука, ќе ја отстраниме секоја содржина или коментар што:
- вклучува навреди, осуда и дискриминација по кој било основ;
- содржи реклама или промотивна пораки за физички и правни лица кои не се поврзани со работата на ХЕРА;
- вклучува какви било закани, вознемирување или лажно претставување.
Воедно, го задржуваме правото и да го блокираме секој корисник кој нема да ги почитува овие правила на нашата Фејсбук-страница.