28/05/2026
Денес, во организација на Институт Охрид, се одржа настанот „Младите во изборниот процес“, посветен на улогата, видливоста и значењето на младите политичари во јавниот и политичкиот живот.
Во рамки на настанот се одржа отворена и конструктивна дискусија со претставници на подмладоците на политичките партии за местото на младите во изборните процеси, нивната политичка видливост, предизвиците со кои се соочуваат и потребата од нивно поактивно и посуштинско учество во процесите на одлучување.
Беше презентирана и анализата на младинската застапеност во локалните избори 2025 година, изработена во рамки на проектот „ПАКТ – Подмладоци за Активна Комуникација и Толеранција“, која ги опфати младинските политики и изборната комуникација во 20 општини.
За нас, овој настан имаше особено значење, затоа што отвори простор за искрен, достоинствен и суштински разговор за теми што директно ги засегаат младите политички генерации и нивната улога во демократскиот развој на општеството.
Веруваме дека токму ваквите средби се важни за јакнење на политичкиот дијалог, за поттикнување на политичката зрелост и за создавање простор во кој младите политички актери ќе имаат сè повидлива, посуштинска и поодговорна улога – како во изборниот процес, така и во периодот што следи по него.
Благодарност до сите учесници за присуството, отвореноста и придонесот во дискусијата.