04/06/2026
🎉 Враќаме уште еден МОФовски турнир 🎉
По последната едиција во 2019 година, конечно повторно се гледаме на Турнирот на мешани тимови! 🗣️🏆
Ги покануваме сите средношколци, студенти, сегашни и поранешни дебатери и тренери на еден ден исполнет со дебати, дружење и носталгија во летните денови кога и онака ќе барате добра активност. 😄
Отворен повик за: дебатери, судии, CA тим, Equity тим, Tab тим и волонтери🌱
🤔Што да очекуваш?
⏳️Еднодневен турнир на македонски јазик
⏳️Тимови составени на самиот ден на турнирот од дебатери со различно ниво на искуство, асистенти и предавачи (во зависност од бројот на пријавени)
⏳️3 прелиминарни импромту рунди + финале
👥Кој може да учествува?
Турнирот е отворен за сите што имаат какво било дебатерско искуство – средношколци, студенти, вработени, активни и поранешни дебатери. Ако сакаш повторно да ги почувствуваш убавите дебатерски денови, ова е вистинската можност!
📝 Пријавувањето е отворено до 21 јуни.
🔗 Линкот за пријавување ЗА СИТЕ УЛОГИ: https://forms.gle/R58toB4uvMGLnR547
🤝 Турнирот се организира во соработка со Zipp клуб на Комерцијална банка.