19/10/2026
📣 Како изгледаа септемвриските денови кај грантистите на Civica Mobilitas?
♻️ Во Куманово, во населбата Зелен Рид, 200 домаќинства добија бесплатни канти за селекција на пластика и лименки.
🌱 Во Карпош, учениците со компост од органски отпад ги уредија училишните дворови.
🎙️ Повеќе од 15 новинари и медиумски работници во Маврово се запознаа со новиот Кодекс на новинарите на обуката на ЗНМ.
🏛️ На тематскиот форум во Скопје, што го организираше Метаморфозис со партнерски организации, беа претставени резултатите од Индексот на отвореност 2026.
📄 Центарот за граѓански комуникации објави документ за јавни политики со предлози за полесен пристап до податоците за вистинските сопственици на компаниите.
📌 Ова се само дел од активностите. Во новиот „Граѓански импулс“ ќе најдете и многу други иницијативи на организациите низ целата земја, насочени кон младите, жените и родовата еднаквост, образованието, медиумите и борбата против корупцијата.
🔎 Прочитајте го новиот број 👇
https://mcms.mk/mk/vesti-i-javnost/vesti/2882-gragjanski-impuls-21-mesechen-osvrt-na-aktivnostite-na-grantistite.html
Embassy of Switzerland in North Macedonia
#ГраѓанскиИмпулс