Analytica

Analytica Analytica is a Skopje based think tank dealing with Public Policy Analysis, Youth and Education, Energy, Security and EU integrations topics.

Analytica is a non‐profit independent institution dedicated to helping individuals and institutions with the aim to foster lasting improvement in the democracy and governance in Macedonia. Analytica provides quality inter-disciplinary research with an aim to develop more effective, empirical, field-based strategies for major governance policies. In this context, Analytica specializes in policy res

earch in five areas: 1) Security and Foreign Policy, 2) EU Approximation and Integration Advocacy, 3) Policy Analysis and Administration, 4) Energy and Infrastructure and 5) Migration. Research products include: regular research reports, briefs, commentaries, journal (Analytical) published at Analytica website, distributed to relevant parties, and advocated at events. In terms of advocacy, Analytica organizes events: lectures, talks, conferences, expert workshops and public debates, at which public awareness and debate are stimulated and specific policy solutions and recommendations are discussed with other relevant stakeholders in the policy area.

🌱 Културата на интегритет започнува во училиштетоУчилиштето не е само место каде младите стекнуваат знаење. Тоа е и една...
24/08/2026

🌱 Културата на интегритет започнува во училиштето

Училиштето не е само место каде младите стекнуваат знаење. Тоа е и една од првите средини во кои учат што значат чесност, одговорност, еднакви можности и почитување на правилата.

Затоа, градењето општество со повеќе интегритет започнува токму од младите. Кога во училиштето знаењето и трудот се вреднуваат, правилата важат еднакво за сите, а младите имаат доверба да зборуваат и да реагираат на неправдата – создаваме основа за поодговорно и поправедно општество.

🎓 Преку нашите активности работиме со младите, наставниците и училиштата за интегритетот да не остане само тема за која зборуваме, туку вредност што секојдневно се практикува.

Затоа ги охрабруваме младите:

✅ да учат за интегритетот;
✅ да ја препознаваат неправдата;
✅ да имаат храброст да кажат НЕ на корупцијата;
✅ да бидат активни и да создаваат позитивни промени во своите училишта и заедници.

💚 Учи. Биди чесен. Биди дел од промената!

Инфографикот е изработен во рамки на проектот „Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia (Phase II)”, кој го спроведува Аналитика во соработка со IGI – Гостивар и Организација на жени од Струмица - ОЖС, со поддршка на Zivik Funding Programme, преку средства обезбедени од Германското Сојузно Министерство за надворешни работи.

📖 Добрите промени не започнуваат со случајност. Тие започнуваат со план.Пред една година ги прашавме младите што им недо...
30/07/2026

📖 Добрите промени не започнуваат со случајност. Тие започнуваат со план.

Пред една година ги прашавме младите што им недостасува за да има повеќе интегритет во образованието.

Денес, нивните одговори веќе не се само статистика.

Тие станаа:
📚 прирачник за училиштата,
👩‍🏫 обуки за наставници,
📱 дигитални алатки за младите,
👥 ученички клубови,
🤝 партнерства со институциите.

Овој инфографик ја покажува токму таа приказна – како едно истражување може да прерасне во конкретни активности што создаваат услови за долгорочни промени.

Веруваме дека борбата против корупцијата не започнува кога ќе се појави проблемот. Таа започнува многу порано – во училницата, преку образование, критичко размислување и градење култура на интегритет.

🎯 Нашата цел е едноставна: интегритетот да стане составен дел од секое училиште, а не тема за која се зборува само повремено.

📌 Овој инфографик е подготвен во рамки на проектот „Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia (Phase II)”, кој го спроведува Аналитика, во партнерство со IGI – Гостивар и Организација на жени од Струмица - ОЖС, со поддршка на Zivik Funding Programme, финансиран од Германското Сојузно Министерство за надворешни работи.

📊 Од наоди до дејствија. Од истражување до промени.Минатогодишното истражување на Аналитика, спроведено меѓу 629 млади, ...
29/07/2026

📊 Од наоди до дејствија. Од истражување до промени.

Минатогодишното истражување на Аналитика, спроведено меѓу 629 млади, покажа дека корупцијата во образованието не е само перцепција – туку реалност што директно влијае врз мотивацијата, довербата и иднината на младите.

Но, наместо да застанеме на истражувањето, оваа година преземавме конкретни чекори.

✅ Изработивме Прирачник „Училиште со интегритет“
✅ Обучивме наставници и координатори од осум региони
✅ Ја надградуваме мобилната апликација „Глас против корупција“
✅ Формираме ученички клубови и национална младинска мрежа
✅ Застапуваме интеграција на антикорупциското образование во училиштата преку соработка со институциите.

Веруваме дека интегритетот се учи, се гради и се живее. Затоа нашата цел е антикорупциското образование да стане дел од секојдневниот училишен живот.

📚 За училишта во кои интегритетот не е проект – туку начин на живот.

Овој инфографик е изработен во рамки на проектот ‚‚Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia (Phase II) ‚‚ кој се спроведува со нашите партнери IGI и Организација на жени од Струмица - ОЖС а со поддршка на Zivik Funding Programme со средства од Министерството за надворешни работи на Германија.

29/07/2026
Видеото што денес ја вознемири јавноста не прикажува само физичко насилство. Прикажува колективен неуспех.Едно девојче е...
01/07/2026

Видеото што денес ја вознемири јавноста не прикажува само физичко насилство. Прикажува колективен неуспех.

Едно девојче е тепано и понижувано, додека десетици врсници снимаат, навиваат, охрабруваат и се забавуваат. Насилството не е само во оној што удира – насилство е и кога го поттикнуваш, го славиш и го претвораш во спектакл.

Очекуваме Министерството за внатрешни работи и надлежното јавно обвинителство итно да ги идентификуваат сите инволвирани лица и да постапат согласно закон, без релативизирање и без оправдувања дека „станува збор за деца“.

Истовремено, очекуваме центрите за социјална работа, училиштето и другите надлежни институции веднаш да се вклучат во случајот. Санкциите се неопходни, но подеднакво неопходна е и стручна проценка и психосоцијална поддршка за сите деца вклучени во овој настан.

Секој ден без јасна институционална реакција испраќа опасна порака дека ваквото однесување е толерирано.

Децата мора да знаат дека насилството има последици. Општеството мора да покаже дека достоинството и безбедноста на секое дете се неприкосновени.

Ново вознемирувачко видео со врсничко насилство, за кое се тврди дека е снимено во скопската населба Аеродром, се споделува на социјалните мрежи и предизвика бурни...

🌐 Од зборови кон акција!Денес успешно го одржавме првиот иницијален онлајн состанок на новоформираната Младинска антикор...
24/06/2026

🌐 Од зборови кон акција!

Денес успешно го одржавме првиот иницијален онлајн состанок на новоформираната Младинска антикорупциска мрежа, воспоставена од младите амбасадори за интегритет за време на тридневната регионална обука во Маврово.

На состанокот учествуваа млади од сите осум плански региони на државата кои во Маврово ја потпишаа Декларацијата за формирање на Младинската антикорупциска мрежа и се обврзаа активно да придонесуваат во промоција на интегритетот, транспарентноста и борбата против корупцијата.

📌 Разговаравме за следните чекори на мрежата, подготовката на препораки до институциите, промоцијата на мобилната апликација „Глас против корупција“, како и за локалните активности кои младите ќе ги реализираат во своите заедници и училишта во наредниот период.

💡 Посебно охрабрува фактот што младите покажуваат огромна мотивација и желба активно да бидат дел од позитивните промени во општеството.

Ова е само почеток. Следуваат нови активности, иницијативи и заеднички акции преку кои гласот на младите ќе стане уште погласен во промовирањето на интегритетот и одговорноста.

🤝 Проектот „Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia“ се спроведува од Аналитика во партнерство со IGI Gostivar и Организација на жени од Струмица - ОЖС, а е поддржан од Zivik Funding Programme (ifa – Institut für Auslandsbeziehungen) преку средства од Германското Сојузно Министерство за надворешни работи.

📚 Успешно заврши тридневната работилница за наставници и координатори во рамки на проектот „Youth for Integrity: Expandi...
22/06/2026

📚 Успешно заврши тридневната работилница за наставници и координатори во рамки на проектот „Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia (Phase II)“!

Во текот на три интензивни работни дена, наставници, регионални координатори, експерти и проектниот тим работеа заедно на развој на конкретни решенија за зајакнување на интегритетот и антикорупциското образование во училиштата.

🏫 Еден од најзначајните резултати од работилницата беше подготовката на нацрт-програми за антикорупциско образование, кои ќе бидат интегрирани во пилот училиштата од сите осум плански региони на државата. Овие програми имаат за цел да обезбедат долгорочни и одржливи промени преку вклучување на темите за интегритет, транспарентност, етика и активно граѓанство во редовната работа на училиштата.

📖 Паралелно со работилницата започна и процесот на подготовка на првиот практичен „Антикорупциски Прирачник за училишта“, кој ќе им помогне на наставниците, учениците и родителите полесно да ги препознаваат и адресираат предизвиците поврзани со интегритетот во образовниот систем.

👏 Искрена благодарност до сите наставници, професори и регионални координатори за нивната посветеност, активна вклученост и подготвеност да бидат двигатели на позитивни промени во своите училишта.

🙏 Благодарност и до обучувачите, како и до целиот тим на Аналитика кој континуирано работи на јакнење на младите и промоција на вредностите на интегритетот и одговорноста.

🤝 Проектот се спроведува од Аналитика, во партнерство со IGI ИГИ Гостивар и Организација на жени од Струмица - ОЖС, а е поддржан од Zivik Funding Programme (Institut für Auslandsbeziehungen) со средства обезбедени од Германското Сојузно Министерство за надворешни работи.

Веруваме дека вистинските промени започнуваат во училиштата и дека преку заедничка работа со наставниците, младите, родителите и институциите можеме да изградиме генерации кои ќе веруваат во чесноста, одговорноста и интегритетот како темелни вредности на едно демократско општество.

📱 Младите од Делчево покажаа дека дигиталните алатки можат да бидат моќен сојузник во градењето почесно и потранспарентн...
09/06/2026

📱 Младите од Делчево покажаа дека дигиталните алатки можат да бидат моќен сојузник во градењето почесно и потранспарентно општество!

Во рамки на проектот „Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia“, во Делчево се одржа работилница за промоција на мобилната апликација „Глас против корупција“, каде младите имаа можност директно да се запознаат со нејзините можности и придобивки. 📲

Преку отворена дискусија и практична демонстрација, разговаравме за тоа како младите можат:
✅ да препознаваат ситуации кои го нарушуваат интегритетот и правичноста;
✅ да придонесуваат кон поголема транспарентност во своите заедници;
✅ да користат современи дигитални алатки за информирање и активизам;
✅ да станат гласници на позитивни промени меѓу своите врсници.

📥 Апликацијата „Глас против корупција“ е достапна за бесплатно преземање:

🔗 Google Play (Android):
https://play.google.com/store/apps/details...

🔗 Apple App Store (iOS):
https://apps.apple.com/mk/app/глас-против-корупција/id6756284353

Заедно градиме мрежа на млади луѓе кои веруваат дека интегритетот не е само вредност, туку начин на живот. ✊

Активноста е поддржана од Zivik Funding Programme преку средства од Германското Сојузно Министерство за надворешни работи, а се спроведува во партнерство со IGI и Организација на жени од Струмица - ОЖС.

📱 Нашите активности продолжуваат низ сите 8 региони во Македонија. Овој пат во Струга успешно се одржа работилница за пр...
08/06/2026

📱 Нашите активности продолжуваат низ сите 8 региони во Македонија. Овој пат во Струга успешно се одржа работилница за промоција на мобилната апликација „Глас против корупција“ во рамки на проектот „Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia“! 🙌

Младите учесници имаа можност да се запознаат со функционалностите на апликацијата, начинот на нејзино користење и улогата на дигиталните алатки во подигнување на свеста за интегритет, транспарентност и активно младинско учество. 📲

Преку интерактивен пристап и практична демонстрација, младите покажаа голем интерес за користење на апликацијата „Глас против корупција“ како алатка за информирање, едукација и поддршка на младинскиот активизам против корупцијата. ✊

📥 Апликацијата може да се преземе на следните линкови:

🔗 Google Play (Android):
https://play.google.com/store/apps/details...

🔗 Apple App Store (iOS):
https://apps.apple.com/mk/app/глас-против-корупција/id6756284353

Ги охрабруваме сите млади, наставници, родители и граѓани да ја преземат апликацијата и да станат дел од заедницата која промовира интегритет, транспарентност и активно граѓанско учество.

Активноста е поддржана од Zivik Funding Programme преку средства од Германското Сојузно Министерство за надворешни работи, а се спроведува во партнерство со Организација на жени од Струмица - ОЖС IGI ИГИ Гостивар

Address

Skopje

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+389.2.3151.948;

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Analytica posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Analytica:

Shortcuts

Share