WHO North Macedonia

  • Home
  • WHO North Macedonia
Directions Website Contact the organization

WHO North Macedonia Official Facebook account of the World Health Organization in North Macedonia.

 #СветскаНеделаНаДоењето2026
06/08/2026

#СветскаНеделаНаДоењето2026

🤱 Мајчиното млеко ги содржи сите хранливи материи што му се потребни на бебето во првите месеци од животот и помага за заштита од инфекции и болести. На подолг рок, доењето е поврзано со помал ризик од дебелина и одредени хронични заболувања.

💙 Истовремено, доењето е многу повеќе од храна. Тоа е утеха, чувство на сигурност и близина што му помага на бебето да се чувствува безбедно уште од првите мигови.

Секоја прегратка, секое доење и секој момент поминат заедно придонесуваат за здрав раст, развој и силна поврзаност меѓу мајката и детето.

🫶 Поддршка за секоја мајка. Најдобар почеток за секое дете.

#СветскаНеделаНаДоењето2026

Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë Институт за јавно здравје на Република с. Македонија WHO North Macedonia

По повод Светската недела на доењето, под мотото „Доење за одржлив почеток на животот: Да го зајакнеме она што функциони...
06/08/2026

По повод Светската недела на доењето, под мотото „Доење за одржлив почеток на животот: Да го зајакнеме она што функционира“, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација ги повикуваат земјите да:

• ги зајакнат здравствените системи за да обезбедат квалитетна поддршка за доењето на мајките и новороденчињата;
• ги прошират програмите за советување во заедницата и програмите за врсничка поддршка;
• целосно да го спроведуваат и применуваат Меѓународниот кодекс за маркетинг на замените за мајчино млеко;
• инвестираат во платено породилно отсуство и политики што обезбедуваат поддршка на работното место;
• ги интегрираат интервенциите за поддршка на доењето во антенаталните, перинаталните и постнаталните здравствени услуги;
• обезбедат континуирана поддршка за доењето и во хуманитарни и кревки услови.

Доењето е од суштинско значење за здравјето и развојот на децата. Со инвестирање во докажано ефикасни решенија, можеме да му обезбедиме на секое дете најдобар можен почеток во животот и секоја мајка да ја добие потребната грижа и поддршка.

#СветскаНеделаНаДоењето2026

Светскиот ден за борба против хепатитис  се одбележува секоја година на 28 јули со цел да се подигне свеста за вирусниот...
28/07/2026

Светскиот ден за борба против хепатитис се одбележува секоја година на 28 јули со цел да се подигне свеста за вирусниот хепатитис – воспаление на црниот дроб што може да доведе до тешки заболувања на црниот дроб и рак на црниот дроб.

Темата на Светскиот ден за борба против хепатитис 2026 – „Хепатитис: Да ги урнеме бариерите“ (Hepatitis: Let’s break it down) е повик за отстранување на пречките што ги оддалечуваат луѓето од услугите кои можат да им го спасат животот. Вирусниот хепатитис и понатаму е една од водечките причини за заболување и смрт што можат да се спречат на глобално ниво.

Денес веќе постојат сите потребни алатки за елиминација на вирусниот хепатитис. Ефективните вакцини, прецизните дијагностички тестови, лекувањето што може целосно да го излекува хепатитис Ц и доживотната терапија за хепатитис Б овозможуваат спречување на инфекциите, спасување животи и намалување на појавата на рак на црниот дроб и цироза. Сепак, милиони луѓе сè уште не се дијагностицирани, не добиваат соодветен третман или немаат пристап до здравствена заштита поради стигма, недоволна информираност, слабости во здравствените системи и постојните нееднаквости.

Кампањата за 2026 година повикува научно докажаните решенија да се претворат во конкретни активности преку посилна политичка посветеност, одржливи инвестиции и проширување на еднаквиот пристап до превенција, тестирање, лекување и грижа за сите.

🏥 Како можеме подобро да управуваме со боледувањата во Северна Македонија?На денешната работилница, организирана на пока...
23/07/2026

🏥 Како можеме подобро да управуваме со боледувањата во Северна Македонија?

На денешната работилница, организирана на покана на министерот за здравство, во соработка со Фондот за здравствено осигурување, разговаравме за предизвиците во системот, но и за конкретните можности за негово подобрување – со фокус на поголема ефикасност, одржливост и правичност.

🌍 Споделивме европски искуства и добри практики кои ја истакнуваат важноста на подобрата координација меѓу институциите 🤝, дигитализацијата и поефикасното следење 💻, зајакнувањето на контролата и транспарентноста 🔎, како и поддршката за враќање на работа и превенцијата.

💙 СЗО останува посветена на поддршката на институциите и партнерите во изнаоѓање одржливи решенија и градење посилен здравствен систем за сите.

Министерство за здравство / Ministria e ShëndetësisëСашо КлековскиФонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

За време на периоди на високи температури, важно е да го одржувате вашето тело разладено и добро хидрирано за да ги избе...
20/07/2026

За време на периоди на високи температури, важно е да го одржувате вашето тело разладено и добро хидрирано за да ги избегнете штетните последици од жештината врз здравјето.

Секоја година, високите температури влијаат врз здравјето на многу луѓе, особено на постарите лица, доенчињата, лицата кои работат на отворено и луѓето со хронични заболувања. Жештината може да предизвика топлотна исцрпеност и топлотен удар, а исто така може да ги влоши постојните здравствени состојби, како што се кардиоваскуларните, респираторните, бубрежните и менталните заболувања.

Повеќето негативни здравствени последици од високите температури можат да се спречат. Во ова видео се дадени препораки како да го одржувате телото разладено и хидрирано, како да ја намалите изложеноста на жештината и како да се подготвите себеси и другите за време на топлотен бран.

За време на топлотен бран, секогаш следете ги препораките на локалните здравствени власти.

During periods of hot weather, it is important to keep your body co...

За време на периоди на високи температури, важно е вашиот дом да остане разладен за да ги избегнете штетните последици о...
19/07/2026

За време на периоди на високи температури, важно е вашиот дом да остане разладен за да ги избегнете штетните последици од жештината врз здравјето.

Секоја година, високите температури влијаат врз здравјето на многу луѓе, особено на постарите лица, доенчињата, лицата кои работат на отворено и луѓето со хронични заболувања. Жештината може да предизвика топлотна исцрпеност и топлотен удар, а исто така може да ги влоши постојните здравствени состојби, како што се кардиоваскуларните, респираторните, бубрежните и менталните заболувања.

Повеќето негативни здравствени последици од високите температури можат да се спречат. Во ова видео се дадени препораки како да го одржите вашиот дом разладен, како да ја намалите изложеноста на жештината во домашни услови и како да се подготвите себеси и другите за време на топлотен бран.

За време на топлотен бран, секогаш следете ги препораките на локалните здравствени власти.

During periods of hot weather, it is important to keep your home co...

За време на периоди на високи температури, важно е да се заштитите од жештината за да ги избегнете нејзините штетни посл...
19/07/2026

За време на периоди на високи температури, важно е да се заштитите од жештината за да ги избегнете нејзините штетни последици врз здравјето. Секоја година, високите температури влијаат врз здравјето на многу луѓе, особено на постарите лица, доенчињата, лицата кои работат на отворено и луѓето со хронични заболувања.

Жештината може да предизвика топлотна исцрпеност и топлотен удар, а исто така може да ги влоши постојните здравствени состојби, како што се кардиоваскуларните, респираторните, бубрежните и менталните заболувања.

Повеќето негативни здравствени последици од високите температури можат да се спречат. Во ова видео се дадени препораки како да ја намалите изложеноста на жештината и како да се подготвите себеси и другите за време на топлотен бран.

За време на топлотен бран, секогаш следете ги препораките на локалните здравствени власти.

During periods of hot weather, it is important to keep out of the h...

Физичката активност е една од најдобрите инвестиции што можеме да ги направиме за здраво стареење.Редовното движење им п...
18/07/2026

Физичката активност е една од најдобрите инвестиции што можеме да ги направиме за здраво стареење.

Редовното движење им помага на луѓето да ја одржат силата, рамнотежата и подвижноста со текот на годините. Исто така, го намалува ризикот од падови, ја поддржува самостојноста и придонесува за подобар квалитет на живот и во подоцнежната возраст.

Придобивките не се ограничени само на физичкото здравје. Активниот начин на живот може да го подобри расположението, да ги поддржи когнитивните функции и да им помогне на луѓето да останат поврзани со својата заедница.
Најважно е што никогаш не е доцна да се започне. Дури и мало зголемување на физичката активност може да донесе значајни здравствени придобивки, без оглед на возраста.

СЗО препорачува најмалку 150 минути умерена физичка активност неделно – односно само 22 минути дневно. Секоја активност е важна: пешачење, градинарство или секојдневни домашни обврски.

Создавањето можности луѓето да бидат физички активни во текот на целиот живот е клучно за поздрави и поотпорни општества.
https://bit.ly/4oCubNH

Physical activity is any bodily movement produced by skeletal muscles that requires energy expenditure. This concept includes exercise, sports, active travel (cycling, walking), household chores and work-related physical activity.Regular physical activity has several health benefits across the lifes...

Д-р Аким Али, претставник на СЗО во Северна Македонија, се сретна со министерот за здравство Г-дин Сашо Клековски на стр...
17/07/2026

Д-р Аким Али, претставник на СЗО во Северна Македонија, се сретна со министерот за здравство Г-дин Сашо Клековски на стратешки разговор посветен на заедничките приоритети и континуираното зајакнување на здравствениот систем во земјата.

Средбата беше фокусирана на понатамошно унапредување на постојната програма за работа и усогласување на приоритетите во рамки на Националната стратегија за здравство до 2030 година, Стратегијата за соработка на СЗО со Северна Македонија 2026–2030 и Програмата на Владата во областа на здравството.

🔹 Унапредување на клучната здравствена легислатива и реформите, вклучително и во областа на лековите и пристапот до терапија
🔹 Зајакнување на примарната здравствена заштита (ПЗЗ) и нејзината поврзаност со болничките услуги
🔹 Зајакнување на итната медицинска помош, подготвеноста и отпорноста на здравствениот систем
🔹 Забрзување на дигитализацијата и донесувањето одлуки засновани на докази
🔹 Зајакнување на превенцијата и промоцијата на здравјето, вклучително и контролата на тутунот и поддршката за откажување од пушење
🔹 Понатамошно јакнење на капацитетите на Министерството за здравство и соработката со клучните здравствени институции и партнери

Д-р Али му честиташе на министерот Клековски и ја потврди посветеноста на СЗО за континуирана соработка и техничка поддршка, надоврзувајќи се на силната програма за работа што веќе се спроведува, со цел постигнување на најдобри можни здравствени резултати за населението во Северна Македонија.
Сашо КлековскиМинистерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë

На 1 јули 2026 година, Министерството за здравство, во соработка со Светска здравствена организација, одржаа работен сос...
03/07/2026

На 1 јули 2026 година, Министерството за здравство, во соработка со Светска здравствена организација, одржаа работен состанок на кој беше направен пресек на досегашниот напредок во процесите за воведување на ISO 9001 и спроведување на функционална анализа во Министерството.

На состанокот беа презентирани досегашните активности, но беа разгледани и отворените прашања како и утврдени следните чекори, со цел поддршка на Министерството во унапредување на организациската ефикасност, јасно дефинирање на работните процеси и зајакнување на квалитетот, координацијата и отчетноста во работењето.

СЗО останува посветена на поддршката на Министерството за здравство во процесите на институционално јакнење, бидејќи јасно дефинираните работни процеси, правилната функционална и организациска поставеност и подобрувањето на системот за управување со квалитет се основа за поефикасно, потранспарентно и поодговорно работење. Ова ќе придонесе за подобра координација на здравствените политики и услугите, поефикасно користење на ресурсите и создавање услови за побрз, поквалитетен и посигурен пристап на пациентите до здравствена заштита.

On 1 July 2026, the Ministry of Health, in collaboration with the World Health Organization, convened a working meeting to review progress in the implementation of the ISO 9001 Quality Management System and the functional analysis process within the Ministry.
The meeting provided an opportunity to present progress achieved to date, discuss outstanding issues, and agree on the next steps. These efforts are aimed at supporting the Ministry in strengthening organizational effectiveness, clearly defining business processes, and enhancing quality, coordination, and accountability across its operations.
WHO remains committed to supporting the Ministry of Health in its institutional strengthening efforts. Clearly defined business processes, an appropriate functional and organizational structure, and a robust quality management system are essential to improving institutional performance, transparency, and accountability. Strengthening these areas will contribute to better coordination of health policies and service delivery, more efficient use of resources, and improved access to timely, high-quality, and people-centred health services.

Address

Drezdenska, 22

1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 15:00
Tuesday 09:00 - 15:00
Wednesday 10:00 - 15:00
Thursday 10:00 - 15:00
Friday 10:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when WHO North Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to WHO North Macedonia:

Shortcuts

  • Want your organization to be the top-listed non profit organization?

Share