13/01/2026
Овој декември,Асоцијацијата за спорт и волонтерство (ASV) со голема чест беше дел од еден од најубавите и најинспиративни спортски настани во Скопје. Настанот на посебен начин ги поврзува младинското и адаптивното пливање, создавајќи простор каде што млади пливачки, како и лица со атипичен развој, се натпреваруваат, се поддржуваат и се чувствуваат еднакво вредни.
ASV со задоволство беше дел од организацискиот тим, уште од првите подготовки па сè до самиот натпреварувачки ден. Нашата цел беше едноставна, но важна: сите спортисти, семејства, тренери и гости да се чувствуваат безбедно, добредојдено и згрижено. Ова издание собра повеќе од 500 пливачи и бројни посетители во Скопје, покажувајќи колкава сила и енергија има инклузивниот спорт кога заедницата застанува заедно.
Нашето присуство не беше само од трибините. Тимот на ASV беше активно вклучен во организацијата во текот на целиот процес, грижејќи се секој детал да функционира како што треба и секој учесник да добие поддршка. Особено нè радуваше фактот што нашиот најмлад волонтер имаше само 6 години и со огромен ентузијазам помагаше и навиваше, додека највозрасниот волонтер беше над 40 години, што убаво покажува дека волонтерството нема возраст кога постои вистинска можност и пријателска средина.
Учеството на Atlas Winter Cup 2025 уште еднаш ја потврди нашата верба дека спортот е за сите. Поддршката на инклузивни, заеднички и отворени спортски настани, каде што учеството, достоинството и еднаквиот пристап се основа, а сите ја делат истата сцена, за нас не е само добра волја, туку јасна и долгорочна мисија.
Со радост ќе продолжиме да бидеме дел од вакви инклузивни иницијативи и во иднина, затоа што спортот е најсилен тогаш кога сите се чувствуваат добредојдени..
While the medals have been awarded and the pool at the Boris Trajkovski Sports Center has quieted down, the impact of the Atlas Winter Cup 2025 continues to resonate with us. This December, the Association for Sport and Volunteering (ASV) had the privilege of partnering in Skopje’s most inspiring ...