09/11/2026
🌱 Какво добро дело направи ти денес?
Ние, заедно со учениците од СЕТУ Михајло Пупин - Скопје, ги засукавме ракавите и го расчистувавме училишниот двор. Со заеднички труд се погриживме просторот за учење, дружење и одмор да биде почист и попријатен. Собраниот отпад го одвоивме според видот на материјалот, за она што може повторно да се искористи или рециклира да не заврши во мешаниот отпад.
Ваквите акции се важни и како потсетник на поширокиот предизвик со отпадот. Според Државниот завод за статистика, во 2025 година во Северна Македонија биле собрани речиси 640 илјади тони комунален отпад. Од него, 86,5% бил мешан отпад, а 99,8% од собраниот комунален отпад бил отстранет на депонии.
Зад бројките стојат и нашите секојдневни избори: колку непотребна амбалажа користиме, дали го одвојуваме отпадот и каде го оставаме. Кога завршува во дворовите, парковите или покрај улиците, отпадот станува проблем на целиот заеднички простор.
Токму затоа, денешната акција беше можност учениците директно да придонесат за својата училишна средина. За трајна промена се потребни редовни комунални услуги, достапни услови за селекција и активно учество на заедницата. Училиштето е едно од местата каде што таа одговорност се учи и се применува секој ден.
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот ,,Младите и жените - двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини'' (WeLEADRural) како дел од BOOST Balkans поддржан од страна на ALDA - European Association for Local Democracy, ALDA Balkans преку AFD - Agence Française de Développement.
Ставовите, мислењата и содржините изразени во оваа објава се на Центарот за климатски промени и нужно не ја отсликуваат официјалната позиција на ALDA - European Association for Local Democracy и AFD - Agence Française de Développement. ALDA и AFD не се одговорни за каква било употреба на информациите содржани во објавата.
#МладиЛидери