Tiiiit! Inc.

Tiiiit! Inc. Tiiiit!

Inc. е мало пламенче возбуда што го делат четири Скопјáнки кои сакаат да се радуваат во овој град. А како приликите за тоа стануваат се поретки и круговите сѐ повеќе се затвораат, решивме да земеме воздух и да почнеме ентузијастички и „на мускули“ да правиме нешто што ќе не ангажира, ќе не држи еуфорични и ќе ни донесе чувство дека успеваме да направиме нешто во што и другите уживаат... зашто РАДОСТА Е ОБВРСКА!

Утре, 18 март, ве очекуваме на промоцијата на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во прв...
17/03/2026

Утре, 18 март, ве очекуваме на промоцијата на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“ и разговор со автор(к)ите со почеток во 12:00 часот во Europe House Skopje.

ℹ️ Поради големиот интерес, капацитетот за настанот е пополнет и регистрацијата е затворена.

👤 Ана Зафирова е фриленсер новинарка и комуникациска експертка со долгогодишно медиумско искуство. Таа е обучувачка на теми поврзани со медиумската писменост и критичкото размислување, јавниот настап и раскажувањето на приказни.

Во својата новинарска работа се фокусира на стории кои даваат видливост и глас на ранливите групи, придонесувајќи кон поинклузивен и одговорен јавен дискурс.

Промоција на „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина XX век“

----------

HERA Tiiiit! Inc. Center for Research of Nationalism and Culture

Утре, 18 март, ве очекуваме на промоцијата на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во прв...
17/03/2026

Утре, 18 март, ве очекуваме на промоцијата на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“ и разговор со автор(к)ите со почеток во 12:00 часот во Europe House Skopje.

ℹ️ Поради големиот интерес, капацитетот за настанот е пополнет и регистрацијата е затворена.

👤 Јана Коцевска е етнологина и антропологина од Скопје. Основачка е на Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк“ и е една од основачките на феминистичкиот фестивал „Прво па женско“.

Исто така, таа е една од основачите на ЦИНИК – Центарот за истражување на национализмот и културата. Во моментот е дел од тимот на фондацијата Kvinna till Kvinna. Се интересира за феминистички теории и практики во културата и уметноста, женското и феминистичко културно наследство и родовите проблеми во секојдневието.

Промоција на „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина XX век“

---------

HERA Tiiiit! Inc. Center for Research of Nationalism and Culture

Утре, 18 март, ве очекуваме на промоцијата на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во прв...
17/03/2026

Утре, 18 март, ве очекуваме на промоцијата на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“ и разговор со автор(к)ите со почеток во 12:00 часот во Europe House Skopje.

ℹ️ Поради ограничен број на места, присуството е можно само со претходна регистрација преку следниот линк: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=-DSxJEjcd0S1dQ32PAd08bDvAYwYTUpNocAzR7KblVVUM1JNTzJBMDBWOEFHRUtaRzU4UDUwS1A0TC4u

👤 Петар Тодоров е историчар од Скопје, вработен во Институтот за национална историја. Тој е еден од основачите на Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК).

Неговиот истражувачки интерес е насочен кон проучување на општествата на Балканот во XIX и XX век, како и кон наставата по историја. Учествувал во повеќе проекти од областа на наставата по историја и развој на критички пристапи во образованието.

Промоција на „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина XX век“

-------------

HERA Tiiiit! Inc. Center for Research of Nationalism and Culture

Утре, 18 март, ве очекуваме на промоцијата на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во прв...
17/03/2026

Утре, 18 март, ве очекуваме на промоцијата на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“ и разговор со автор(к)ите со почеток во 12:00 часот во Europe House Skopje.

ℹ️ Поради ограничен број на места, присуството е можно само со претходна регистрација преку следниот линк: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=-DSxJEjcd0S1dQ32PAd08bDvAYwYTUpNocAzR7KblVVUM1JNTzJBMDBWOEFHRUtaRzU4UDUwS1A0TC4u

👤 Јана Трајковска е магистерка по историски науки и наставничка по историја во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје. Во својата работа се залага за современ и критички пристап кон изучувањето на историјата, со фокус на развивање на учениците како активни истражувачи кои анализираат извори и размислуваат критички.

Нејзиниот професионален интерес е насочен кон улогата на жените во историјата, општествените стереотипи и поттикнувањето критичко размислување кај младите. Преку интерактивни активности, дискусии и креативни проекти, се стреми наставата да ја направи динамична и ангажирачка. Ова е нејзина прва публикација од ваков вид, со која придонесува кон создавање свесни и информирани млади луѓе.

Промоција на „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина XX век“

----------------------

HERA Tiiiit! Inc. Center for Research of Nationalism and Culture

📚 Промоција на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“🗓 18 мар...
16/03/2026

📚 Промоција на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“
🗓 18 март 2026
🕛 12:00 – 13:30
📍 Europe House Skopje

На 18 март во 12:00 часот, во Европска куќа – Скопје, ХЕРА и Тиииит! Инк. ќе ја претстават новата публикација која ја отвора темата за улогата и придонесот на жените во општествените, политичките и културните процеси во Македонија.

ℹ️ Поради ограничен број на места, присуството е можно само со претходна регистрација преку следниот линк: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=-DSxJEjcd0S1dQ32PAd08bDvAYwYTUpNocAzR7KblVVUM1JNTzJBMDBWOEFHRUtaRzU4UDUwS1A0TC4u

Оваа историска читанка ги осветлува искуствата на жените од крајот на XIX до средината на XX век – нивното политичко дејствување, работничките борби, развојот на женското образование, како и нивниот придонес во здравството и социјалната заштита. Публикацијата се базира на историски извори, сведоштва и архивски материјали кои ја враќаат женската перспектива во историскиот наратив.

Придружете ни се за заедно да разговараме за видливоста на жените во историјата и новите пристапи во образованието.

HERA Tiiiit! Inc. Center for Research of Nationalism and Culture

----------------

15/03/2026

Препорака од Dushica Lazova (фала ти!) за овој месец да си ја набавите „Оние работи“ на Јасна Јасна Жмак, доколку веќе не сте го сториле тоа. Ви ветуваме возбудливи читачки мигови со оваа книга ✨

Достапна во Илика

✨ Овој март, под мотото „Страсни и гласни“, меѓу останатите книги од силни женски гласови Илика ја препорачува и „Оние р...
10/03/2026

✨ Овој март, под мотото „Страсни и гласни“, меѓу останатите книги од силни женски гласови Илика ја препорачува и „Оние работи: Есеи за женската сексуалност“ на Јасна Јасна Жмак. Книгата е второ издание во едицијата на Tiiiit! Inc. која е посветена на книжевни и теоретски текстови кои ги отвораат прашањата за телото, сексуалноста и женското искуство од феминистичка перспектива.

Во оваа збирка есеи, Жмак се занимава со теми за кои општеството често молчи: женското тело, сексуалноста и интимноста, но и прашања поврзани со родовиот идентитет, сексуалната ориентација, менструацијата, мастурбацијата, невиноста, сексот, телесните норми и гинекологијата. Наместо да ги третира како скандалозни или провокативни, авторката им пристапува отворено и истражувачки, комбинирајќи лични искуства со современа сексолошка литература и јасна феминистичка перспектива.

Македонското издание е уредено од Грација Атанасовска, а преводот од хрватски на македонски е на Мања Величковска и Фросина Крушкаровска.

---------------

На 6 март во PrivatePrint се одржа разговорот со уметницата Лара Рајхман, во соработка со кураторката Тиа Чичек. Разгово...
09/03/2026

На 6 март во PrivatePrint се одржа разговорот со уметницата Лара Рајхман, во соработка со кураторката Тиа Чичек. Разговорот даде увид во нејзината уметничка практика и во истражувањето зад видеоинсталацијата „Тела за еднократна употреба“, која е отворена за посета до 26 март во просториите на Приватен Принт.

Ви благодариме на сите што присуствуваа и придонесоа за разговорот.

📷 Фотографии: Валентина Миладинова

Програмата на уметнички разговори на Tiiiit! Inc. е курирана од Јана Старделова, а поддржана од Kvinna till Kvinna и Embassy of Sweden in Skopje.

-------------------

08/03/2026

Дел од говорот на Јана Коцевска #НемаДаНеСнема 🥖🌹 @8.mart.marsh

Се гледаме во 12 часот! Нема да нѐ снема | Nuk do zhdukemi Осмомартовски марш
08/03/2026

Се гледаме во 12 часот! Нема да нѐ снема | Nuk do zhdukemi
Осмомартовски марш

Address

Nikola Tesla 9
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Tiiiit! Inc. posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Tiiiit! Inc.:

Share