24/04/2026
🧼 Активности за деца и млади преку проектот „Хуманко“ 🧼
👉 Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади при Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, на 04.04.2026 година беше реализирана 3 часовна едукативна активност – Работилница за хигиена, наменета за 2️⃣6️⃣ деца и млади од целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик, како и млади со типичен развој, заедно со волонтери од Клубот на млади.
👉 Во текот на работилницата беше користена специјално подготвена и прилагодена презентација, преку која на едноставен и разбирлив начин беа обработени темите за лична и општа хигиена, како и последиците врз здравјето од несоодветно одржување на хигиената. Дополнително, преку практични демонстрации беше прикажано правилното миење на раце, заби и лице, како и одржување на хигиена на косата, со што учесниците имаа можност непосредно да ги усвојат овие навики.
👉 Преку интерактивен пристап, експерименти и практични активности, учесниците ги зајакнаа своите знаења и вештини поврзани со одржување на личната хигиена.