23/07/2026
Со особено задоволство споделуваме една значајна вест.
Здружението „Доблест“ имаше чест активно да биде дел од работната група за подготовка на новиот Правилник за нормативите и стандардите за простор, опрема, стручен кадар и организација на установите за социјална заштита на старите лица.
Учеството во овој процес претставува значаен чекор кон унапредување на системот на социјална заштита и потврда дека искуството и практичните сознанија на давателите на услугите се важен дел од креирањето на поквалитетни законски решенија.
Искрено им благодариме на Министерството за можноста да бидеме дел од овој процес, како и на сите членови на Здружението „Доблест“ кои со својата посветеност, стручност и искуство дадоа придонес во текот на работата.
Веруваме дека и во иднина ќе продолжиме да бидеме конструктивен партнер во креирањето политики што ќе придонесат за подобри услови за работа на давателите на услуги и за повисок квалитет на грижа за старите лица.
Здружение „Доблест“