Синдикат на Полиција во Македонија - СПМ

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Синдикат на Полиција во Македонија - СПМ

Синдикат на Полиција во Македонија - СПМ Синдикат на кој основна цел е подобрување на правата и условите на вработените во МВР и враќање на ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ во Полицијата.

Заедно ќе успееме за повторно професијата „ПОЛИЦАЕЦ“ да биде тоа што заслужува а тоа е повторно вреднувана професија за која што мечтае секој вработен...... Ние не се откажуваме од овие идеали......

КОЈ СЕ ИЗБОРИ ЗА ОВИЕ ПРАВА⁉️Секое подобрување на правата на работниците во МВР во кој било поглед е за поздравување и н...
01/06/2026

КОЈ СЕ ИЗБОРИ ЗА ОВИЕ ПРАВА⁉️

Секое подобрување на правата на работниците во МВР во кој било поглед е за поздравување и ние како Синдикат секогаш ќе даваме поддршка.
Сега веќе и сме збунети како Синдикат затоа што едните никогаш немаат објавено дека вакво прашање и право барале а другите ако доволно следиме, барањето го имаат доставено пред повеќе од еден месец до Министерот.

Знаеме дека и двата синдикати сакаат да си ги "препишат" заслугите на оваа придобивка, затоа еве јавно ги охрабруваме да се изјаснат кога започнале постапка за достава на наведените барања.

Еве ние како Синдикат, дури тогаш ќе се оградиме од пишаното и на оној Синдикат (од вкупно три вклучувајќи го тука СПМ ) кој прв доставил барања (неколку) за оваа проблематика јавно ќе му честитаме.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата
#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме

Министерство за финансии/Ministria e Financave/Ministry of Finance КОГА ЌЕ ПУШТИТЕ БОНУС ПЛАТА⁉️
01/06/2026

Министерство за финансии/Ministria e Financave/Ministry of Finance

КОГА ЌЕ ПУШТИТЕ БОНУС ПЛАТА⁉️

На ден 29.05.2026 година во хотел „Талија“ Игало, Црна Гора беше одржана третата меѓународна конференција на полициските...
30/05/2026

На ден 29.05.2026 година во хотел „Талија“ Игало, Црна Гора беше одржана третата меѓународна конференција на полициските синдикати во кој учество земаа синдикати на пет Балкански држави. Конференцијата беше организирана од Независниот синдикат на полицијата на Црна Гора на тема „Стрес и траума на работното место при работа – превенција, интервенција, рехабилитација“.

На конференцијата учество земаа и претставници Синдикат на полицијата на Македонија, членовите на Претседателството на СПМ Гоце Петров и Дејан Габеров.

Целта на конференцијата е размена на искуства, унапредување на меѓусебната соработка и отворање на важни прашања поврзани со менталното здравје, стресот и траумите со кои се соочуваат полициските службеници во извршувањето на своите работни задачи.

Преку стручни предавања и дискусии се разменуваа искуства и мислења за начините на справување со стресот и траумите на работното место, како и можностите за навремена поддршка, превенција и рехабилитација на полициските службеници.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата
#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме

Честит Курбан БајрамПочитувани колеги и колешки, граѓани од исламската вероисповед.Како еден од најголемите празници во ...
27/05/2026

Честит Курбан Бајрам

Почитувани колеги и колешки, граѓани од исламската вероисповед.

Како еден од најголемите празници во исламот, Курбан Бајрам ги потенцира човечките доблести – солидарноста и грижливоста, помагањето и дарувањето. Нека и годинешново празнување помине во духот на споделување и давање на сите оние кои имаат потреба од материјална поддршка, но и потреба од љубов и внимание.

Најискрено посакуваме празникот да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија, споделувајќи љубов со ближните.

Во име на Синдикатот на Полицијата во Македонија Ви го честитаме големиот празник Курбан Бајрам.

Со желба за многу успех во животот, Ви посакуваме добро здравје, среќа и благосостојба.

Со почит,

Синдикат на Полиција во Македонија - СПМ

Во организација на Здружението на граѓани ,, Зајакнување на заедницата за промени " во соработка со општина Неготино за ...
24/05/2026

Во организација на Здружението на граѓани ,, Зајакнување на заедницата за промени " во соработка со општина Неготино за прв пат се организира ,, ProMile race / Промили трка ".🏃🏃‍♀️🏃‍♂️

На самата трка учество земаа нашите членови од СО на СПМ Битола Валентин Ангеловски (9-то место) и Игор Трајковски.

Одбележувајќи го овој голем ден, ние се поклонуваме пред ликот и делото на светите браќа Константин-Кирил и Методиј. Соз...
24/05/2026

Одбележувајќи го овој голем ден, ние се поклонуваме пред ликот и делото на светите браќа Константин-Кирил и Методиј.

Создавајќи и проширувајќи ја глаголицата од Македонија, Кирил и Методиј старословенскиот јазик го трансформираа во првиот пишан јазик на словенските земји на кој е преведено Светото писмо и на кој христијанството се прошири меѓу Словените.

Со тоа, тие всушност создадоа единствен комуникациски код што им овозможи на словенските народи рамноправно да се интегрираат во заедничкиот европски духовен, културен и политички простор.

Нивните ученици станаа учители на целото словенство и нераздвоен дел од Европа.

Она што старословенскиот беше за словенството, тоа е современиот македонски јазик за нашето мултиетничко македонско општество – заеднички јазик кој овозможува рамноправна интеграција без асимилација на сите нејзини членови.

Нека е честит празникот 24 МАЈ - ДЕН НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ‼️

Честитка по повод 23 Мај Националниот ден на Власите Почитувани наши членови, припадници на Влашката заедница,Денес го о...
23/05/2026

Честитка по повод 23 Мај Националниот ден на Власите

Почитувани наши членови, припадници на Влашката заедница,

Денес го одбележуваме празникот "Националниот ден на Власите 23-ти мај", под исто знаме со сонцето кое не грее сите подеднакво, а кое ги обединува сите Власи.

Македонија е пример на Балканот и во Европа за тоа како треба да се негуваат различностите.

Власите се најголем пример за соживот, имаат дадено значаен придонес во историјата, културата и во општествениот живот, како и во изградбата на нашата заедничка татковина Република Македонија.

Нека ни е за многу години празникот, секогаш да го славите во мир и разбирање, нека е вечен 23 мај, Националниот ден на Власите!

Ti multsa anj Dzua 23 di mai, Dzua Natsionalâ a Armânjlor!

🎯 15/16.05.2026 година, Охрид Република Македонија 🇲🇰
19/05/2026

🎯 15/16.05.2026 година, Охрид
Република Македонија 🇲🇰

19/05/2026

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 16:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 16:00
Thursday 09:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00

Telephone

+38970315745

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Синдикат на Полиција во Македонија - СПМ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Синдикат на Полиција во Македонија - СПМ:

Share

Category