Сојуз на синдикатите на Македонија

Сојуз на синдикатите на Македонија ССМ
(1)

Конференција - Довербата и партнерство се срцето на проширувањето на ЕУ „Trust and Partnership at the Heart of EU Enlarg...
03/06/2026

Конференција - Довербата и партнерство се срцето на проширувањето на ЕУ „Trust and Partnership at the Heart of EU Enlargement“, организирана од страна на Европскиот економско социјален комитет, Европската комисија и Австриската федерација на синдикати (OGB).

На конференцијата свое обраќање имаа Шеамус Боланд, Претседател на Европскиот економско социјален комитет (ЕЕСК), Волфганг Кацијан, Претседател на Австриската федерација на синдикати (OGB) и претседател на Европската конфедерација на синдикати (ETUC), Томас Вајц, член на Европскиот парламент и Известувач за Западен балкан, а покрај другите учесници, на конференцијата учествуваше и Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов .

Повторно беше испратена јасна порака дека работниците, синдикатите и граѓанското општество мора да имаат суштинска улога во процесот на проширување на Европската Унија.

Во своето обраќање, Волфганг Кацијан – претседател на Австриската федерација на синдикати и претседател на Европската конфедерација на синдикати – истакна дека ,,нема суштински социјален напредок без силен социјален дијалог и активно учество на синдикатите.

- За оној што ги намалува работничките права, што ги напаѓа синдикатите и каде што нема реален социјален дијалог, не треба да има место во Европската унија"

Беше потенцирано дека иднината на регионот е поврзана со европските вредности, но и со обезбедување достоинствени услови за работа, социјална правда и почитување на работничките права.

Важен дел од дискусијата беше посветен и на соработката со социјалните партнери на Западен Балкан во евроинтеграциските процеси, како предуслов за стабилни и праведни општества.

Нема напредок без силни синдикати и без суштински социјален дијалог. Патот кон ЕУ треба да значи подобри услови за работниците, поголема социјална правда и активно учество на синдикатите во процесите на одлучување, беше еден од заклучоците на конференцијата.

МАКЕДОНИЈА ВО НАЈЛОШИТЕ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ПОРАДИ НАПАДИТЕ НА СИНДИКАЛНИТЕ ЛИДЕРИ И НА НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА, Ф...
02/06/2026

МАКЕДОНИЈА ВО НАЈЛОШИТЕ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ПОРАДИ НАПАДИТЕ НА СИНДИКАЛНИТЕ ЛИДЕРИ И НА НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА, ФОРМИРАЊЕТО И ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА КВАЗИ ЖОЛТИ СИНДИКАТИ И ПОСТОЈАНИТЕ ОБИДИ И НАПОРИ ДА СЕ ЗАДУШИ КОЛЕКТИВНИОТ ГЛАС НА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА И РАБОТОДАВАЧИТЕ РЕГИСТРИРАНО ОД СТРАНА НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИ (ITUC) ВО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА 2026 ГОДИНА - Индекс за Глобални права ,,Најлошите држави во светот за работниците"

Наместо посакуваното подобрување, тапкање во место со индиции на очигледни влошени состојби во нашата држава препозна Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) во Извештајот за 2026 година - Индекс за Глобални права ,,Најлошите држави во светот за работниците", во кој повторно ја рангираше Македонија на 4-тото место во рангот на земјите со систематско прекршување на правата на работниците или на претпоследното место , но за разлика од минатогодишниот извештај, оваа година и со вклучени обсервации на сериозни дополнителни прекршувања на правата на работниците и синдикатите и влошени состојби кои резултираа со големи работнички протести, а сето тоа отварајќи го патот Република Македонија полека, но сигурно да се приближува до срамното последно место (5- тото место е за државите каде што работниците немаат гарантирани работнички права), што е за очекување со односот на власта и работодавачите, а со тоа и свесно туркање на Македонија со држави кои покажуваат очајни резултати кога станува збор за положбата на работниците и нивните права и слободи меѓу кои и оние права на слободно синдикално здружување, кое нешто нашата држава не смее да си го дозволи.

Во воведниот дел од Извештајот, на прво место е нотиран срамниот настан кој се случи во месец февруари, 2026 година и тоа по одржување на еден од најголемите работнички протести во поновата историја на Република Македонија, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и со учество на илјадници работници кои се охрабрија и се придружија на синдикалните преставници на улица, протестирајќи за зголемување на своите плати, и тоа настанот кога Претседателот на ССМ и неговото семејство беа цел на следење преку објавување на снимки од нивниот приватен живот објавени на социјалните медиуми, а сето тоа од страна на пратеници на владеачката политичка партија кои наместо ваквото срамно дејствување, треба да вршат улога на народни претставници, кое нешто е оценето како грубо кршење на правото на приватност, особено ако се има предвид дека во снимките се вклучени малолетни деца и членови на семејството кои немаат никакво улога во синдикалните активности на Претседателот на ССМ нотирани се како голем прекршок. Несомнено е дека сето ова во Извештајот е препознаено како низа незаконити активности со цел да се изврши притисок на синдикалното движење на ССМ, како единствениот синдикат кој се бори за платите и правата на работниците, наместо да дејствува како заробен синдикат, а токму за тоа се зборува понатаму во Извештајот кога станува збор за нашата држава.

Како што и постојано ССМ предупредува и оваа година забележано формирање и дејствување на жолт синдикат и тоа под политичка наредба, како и забележано е присилување на работниците да се приклучат на таквиот жолт синдикат кој наместо да работи во интерес на работниците, работи во интерес на газдите и политичката партија под чија наредба и се формирал, односно онаа политичка партија којашто е на власт. Па, така меѓу државите каде е евидентирано ограничување на слободата на здружување се наоѓа и Република Македонија, за која е наведено дека членовите на синдикатите се отпуштани, притиснати да дадат оставка или поткопани и оштетени од страна на токму жолтите синдикати (оние доминирани или под целосно влијание на работодавачот) и државната репресија.

Она што несомнено е следно утврдено во Извештајот е тоа дека почнувајќи од 2025 година, Сојузот на синдикатите во Македонија (ССМ) и другите синдикати и тоа оние здружени во ССМ се мета на напади оркестрирани од Владата како одговор на нивната кампања за зголемување на минималната плата. А, токму во јануари 2026 година, ССМ го организираше „Големиот работнички протест“ во Скопјe против недостатокот на почитување на социјалниот дијалог и правото на колективно договарање, а со единствена цел да се зголеми не само минималната плата, туку и сите останати работнички плати како би се зачувал животниот стандард на работниците и граѓаните, што и би требало да биде главната цел на Владата на нашата држава.

Покрај националното препознавање дека ССМ е единствениот синдикат кој е вистински глас на работниците, кој е спремен да се бори за подобрување на работничките плати и права, преку овој Извештај може да се види дека не изостанува ниту меѓународното идентификување на вистинската синдикална борба на Сојузот на синдикатите на Македонија, како најголем, најстар и најброен синдикат во Република Македонија и единствен релевантен претставник на секој работник, без оглед на тоа дали станува збор за нашето дејствување во име на заштита на секој работник од јавниот сектор и приватниот сектор.

Синдикалната борба на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) како полноправна членка на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) продолжува, а овој Извештајот е само една јасна порака дека доколку не се случат итни промени нашата држава е во опасност да тоне во уште поголемо непочитување на работниците, нивната положба и нивните права, но и непочитување на синдикалното движење кое е под постојан напад кој резултираше дури и со лично таргетирање на синдикалните претставници и нивните семејства и тоа само поради јасна, гласна и непоткуплива синдикална борба на Сојузот на синдикатите на Македонија и гранковите синдикати здружени во ССМ.

Ваквата оцена веќе беше најавена од страна на Генералниот Секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати, Лук Трианг кој во поддршка на ССМ ја посети Македонија во март оваа година.

УПОЗ ќе продолжи и во наредниот период да се бори за унапредување на правата на своите членови и на вработените во управ...
01/06/2026

УПОЗ ќе продолжи и во наредниот период да се бори за унапредување на правата на своите членови и на вработените во управата и правосудството. 👇

Синдикатот на УПОЗ од почетокот на годинава до сега склучи 70 Колективни договори за 11.000 работници со кои се зголемија платите.

Синдикатот на УПОЗ минатата година започна со преговори, протести и преговори за зголемување на платата на 3.000 работници вработени во министерствата и фондовите со барање за утврдување на додаток на плата од 30%.

Од февруари оваа година со Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ потпиша повеќе од 70 колективни договори и по големите протести, успеа и обезбеди зголемување на платите на 11.000 работници за 40 % во период од 25 месеци, а првото зголемување на платите за вработените во управата и правосудатвото изнесуваше помеѓу 13 и 14% со платата од месец март, вклучивајќи го зголемувањето предвидено во Колективните договори од 7% и линеарното усогласување на платите со минималната плата.

Борбата за зголемување на платите на вработените во управата и правосудството која ја водеше УПОЗ даде резултат, кој очигледно некому му смета.

УПОЗ ќе продолжи и во наредниот период да се бори за унапредување на правата на своите членови и на вработените во управата и правосудството.

Честитки по повод 34 години МПС, 34 години синдикат, 34 години борба за работнички права 👇
29/05/2026

Честитки по повод 34 години МПС, 34 години синдикат, 34 години борба за работнички права 👇

🎉 34 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ 🎉

Почитувани членови и колеги,

Денес Македонскиот полициски синдикат одбележува 34 години од своето формирање – 34 години борба, единство, солидарност и посветеност во заштитата на правата и достоинството на вработените во безбедносните институции.

Основачкото собрание на синдикатот беше одржано на 29 мај 1992 година, а на 03 февруари 1993 година синдикатот беше официјално запишан во регистарот на општествените организации под името „Независен синдикат на вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“. Подоцна, следејќи ја волјата на мнозинството членови, синдикатот го доби името кое денес гордо го носи – Македонски полициски синдикат.

Во текот на овие три и пол децении, Македонскиот полициски синдикат остана цврст и доследен заштитник на правата на вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција.

Синдикатот беше и останува гласот на работникот, симбол на заедништво и столб во борбата за:

✔ подобри услови за работа
✔ достоинствени примања
✔ правична заштита на работничките права
✔ унапредување на социјалниот дијалог
✔ подобар животен стандард за сите членови

Само обединети, сплотени и солидарни можеме да продолжиме напред и уште посилно да се избориме за правдата и достоинството на секој вработен.

На сите членови, поранешни и сегашни, Ви благодариме за довербата, поддршката и заедничката борба низ годините.

Нека ни е честит 34-тиот роденден! 🎂
Да живее синдикалната солидарност! ✊👮‍♂️✊

Со почит,
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Во име на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседател на ССМ, Слободан Трендафилов им го честита големиот муслиман...
27/05/2026

Во име на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседател на ССМ, Слободан Трендафилов им го честита големиот муслимански празник Курбан Бајрам, на сите граѓани и работници со исламска вероисповед.

Почитувани колешки и колеги,

Ви посакувам мир, здравје, среќа и благосостојба во вашиот дом.
Бајрамските денови нека донесат љубов, разбирање и радост со најблиските.

Нека е честит и благословен Курбан Бајрам.

Со почит,

Слободан Трендафилов
Претседател на ССМ

14/05/2026

Претседателот на Синдикат за градежништво - СГИП , Иван Пешевски гостува во Телевизија 24 на тема Безбедност и здравје при работа на градилиштата во државата.

Лошите услови за работа, ниските плати и неодговорноста од надлежните институции допринесуваат да имаме црна статистика со повреди и жртви, а по две недели од трагичниот настан во Кисела Вода, каде животот го загуби 34 годишен работник, надлежните молчат.

Кој ќе сноси одговорност, останува да видиме !?

Лошите услови за работа, ниските плати и неодговорноста од надлежните институции допринесуваат да имаме црна статистика ...
14/05/2026

Лошите услови за работа, ниските плати и неодговорноста од надлежните институции допринесуваат да имаме црна статистика со повреди и жртви 👇

Денес во 17:45 часот на Телевизија 24 Претседателот на СГИП, Иван Пешевски гостува на тема Безбедност и здравје при работа на градилиштата во државата.
Лошите услови за работа, ниските плати и неодговорноста од надлежните институции допринесуваат да имаме црна статистика со повреди и жртви.
И по две недели од трагичниот настан во Кисела Вода, каде животот го загуби 34 годишен работник, надлежните молчат.
Кој ќе сноси одговорност, останува да видиме. Дали институциите ќе потклекнат под политички притисок!? 👇

,,Аплаузот не плаќа сметки и уметниците се работници" е пораката која беше испратена вчера на отварањето на 54 Мајски оп...
10/05/2026

,,Аплаузот не плаќа сметки и уметниците се работници" е пораката која беше испратена вчера на отварањето на 54 Мајски оперски вечери

Синдикат на културата на Република Македонија се бори за зачувување на Колективниот договор, а Сојузот на синдикатите на Македонија дава целосна поддршка

Регионална министерска конференција – „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на л...
08/05/2026

Регионална министерска конференција – „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето”, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади, во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Централниот фокус на конференцијата беше развивање заеднички одговори на длабоките демографски трансформации кои го обликуваат регионот на Источна Европа и Централна Азија.

Aктуелните демографски трендови и предизвици, се прашање од суштинско значење за секоја држава, за иднината на секое општеството и за постигнување на целите за одржлив развој како и прашање од суштинско значење за сите активни чинители во самото општество како што се синдикатите, а особено Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) како најстар, најброен синдикат и столбот на синдикалното движење во Македонија.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов беше еден од панелистите, тој покрај другото истакна:

,,Нашиот фокус треба да биде да не ги спречуваме луѓето да заминуваат од државата, но да им обезбедиме услови и услуги да сакаат да останат во Македонија, а тоа може да се постигне преку градење на политики за вложување во човечки капитал, подобрување на животен стандард, поголеми плати и враќање на доверба во системот."

Address

12-та Македонска Ударна бригада бр. 2А
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Telephone

+38923161374

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Сојуз на синдикатите на Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Сојуз на синдикатите на Македонија:

Share

Category