Синдикат за Угостителство и Туризам - С.У.Т

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Синдикат за Угостителство и Туризам - С.У.Т

Синдикат за Угостителство и Туризам - С.У.Т Заштита и унапредување на работничките права.

Честит Курбан Бајрам им посакуваме на сите муслимани. Љубов и мир во семејството и успех во работата.
27/05/2026

Честит Курбан Бајрам им посакуваме на сите муслимани. Љубов и мир во семејството и успех во работата.

Пред да ви го честитаме 1-Мај и да ги распалите скарите некаде во природа да ве потсетиме кој и кога се изборил за 8 час...
01/05/2026

Пред да ви го честитаме 1-Мај и да ги распалите скарите некаде во природа да ве потсетиме кој и кога се изборил за 8 часа работно време и барем да се сетите на тие луѓе, работници и борци за нормално работно време и достоинствен живот за сите.

1 Мај 1886 година, Чикаго, започнува штрајк од неколку илјади луѓе кои биле незадоволни од 12 минимум до 16 часа работно време на ден во ерата на индустријализацијата во САД. За неколку дена прераснува во толкава масовност со бројка од 350.000 илјади. За жал се случува инцидент каде се повредени и убиени неколку полицајци и работници на настанот. Но тоа се почетоците на синдикалното работничко организирање за подобрување на условите за работа а потоа и за подобра плата.

Денес сите тие права ги уживаме благодарение на бунтовноста па и дадените животи на тие работници. Така да останува на сите нас или ќе продолжиме да се бориме заедно за уште подобри плати и работно време или ќе стоиме пострана и полека и тие права што се стекнати ќе ги изгубиме. Имаме една од најмалите минимални плати во регионот а веруваме и пошироко и тоа нема да се смени се додека не се избориме СИТЕ ЗАЕДНО за подобро.

Епа колеги СРЕЌЕН 1 МАЈ, ДЕН НА БУНТОТ НА РАБОТНИКОТ.

Дали нашите работодавачи па и власта ја научија лекцијата или пак си тераат по старо? Оставаме на вас да одговорите со к...
20/04/2026

Дали нашите работодавачи па и власта ја научија лекцијата или пак си тераат по старо? Оставаме на вас да одговорите со коментар.

ПРВО ГИ БРКАА РАБОТНИЦИТЕ, А ПОТОА СЕ ЖАЛАТ ДЕКА НЕМА КОЈ ДА РАБОТИ

Живееме во време кога неспособните и неучените му кажуваат на образованите и паметните дека ништо не занаат. Тоа денес модерно се вика менаџер. Имаше време кога работникот во Македонија се третираше како обичен предмет, лесно заменлив, без глас и без тежина. Новите таканаречени шефчиња, модерно наречени "тим лидери" или "менаџери" на работникот му покажуваа сила, што би се рекло "лечење на комплекси", па му велеа: "Ако не ти се допаѓа - ја гледаш каде е вратата". Тоа беше реченица што одекнуваше низ фабрики, канцеларии и магацини. Денес, истата таа реченица се враќа како бумеранг. Истите тие сега се жалат дека нема кој да работи. Со години се градеше систем во кој трудот се потценуваше. Прекувремените часови беа правило, а не исклучок. Секој сакаше да го задржи работникот прекувремено, а да не му го плати тоа. Платите често едвај стигнуваа до крајот на месецот. Одморите се кратеа, празниците се работеа без празничен надоместок, а достоинството полека исчезнуваше. Во некои странски фирми лечењето на комплекси на претпоставените оди до таму што требаше да им бараш дозвола за во WC, и да не те пуштат или пак ако те пуштат, треба да им бидеш должник (ако не друго барем кафе да ги честиш) оти ти дозволиле да извршиш физиолошка потреба. Во меѓувреме, мал број луѓе акумулираа богатство. Се инвестираше во недвижности, автомобили, луксуз. Малкумина размислуваа за модернизација, за нови технологии, за едукација на кадарот. Уште помалку за човекот што го создава профитот. И додека системот молчеше, а институциите ретко реагираа, младите луѓе почнаа да си заминуваат. Тивко, но масовно. Не затоа што не сакаа да работат и при тоа да бидат малтретирани и понижени, туку затоа што сакаа да живеат достоинствено. Денес последиците се очигледни. Фирмите се жалат дека нема работна сила. Огласите стојат отворени со месеци. Немаат кој да им работи од една страна, а од друга се занесуваат со пријавување по електронска пошта, праќање на CV и интервјуа кои најчесто ги водат неписмени луѓе. Производството се намалува, а некаде и целосно запира. Но проблемот не настана преку ноќ – тој се градел со децении. Вистината е едноставна и болна: луѓето не исчезнаа. Тие си заминаа таму каде што нивниот труд има вредност. Каде платата е сигурност, а не неизвесност. Каде работникот не е "потрошна роба". Каде работникот е почитуван како човек. И сега, кога недостигот на кадар станува реална закана за економијата, станува јасно дека довербата не се враќа со донации или маркетинг. Таа се гради со години - со фер однос, со почит и со вложување во луѓето. Како велат - 1000 добрини е еднакво на едно лошо. Сепак, не е сè изгубено. Постојат примери на компании кои покажаа дека може поинаку. Кои инвестираа во своите вработени, кои создадоа услови за раст и лојалност. Тие денес немаат проблем со работна сила – затоа што луѓето не ги напуштаат. Ќе дојде време кога за претпоставен ќе ти треба стручност, квалитет и нормално однесување со сите луѓе подеднакво - а не кодошење како главен предуслов за унапредување. Жалосно за жртвите кои го преживеале горенаведеното однесување. Лекцијата е јасна: без работник нема економија. Без почит нема иднина. Прашањето е дали конечно ќе ја научиме.

#радиомрежа89

17/04/2026

Незнам каде овој господин видел дека трендот за заминување на угостителите се намалил?

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!Нека ни е за многу години празникот.
11/04/2026

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Нека ни е за многу години празникот.

Им го честитаме Велигден на сите Христијани кои го слават денес по Грегоријанскиот календар.Ви посакуваме љубов и мир во...
05/04/2026

Им го честитаме Велигден на сите Христијани кои го слават денес по Грегоријанскиот календар.

Ви посакуваме љубов и мир во семејствата и успех во работата.

Честит Рамазан Бајрам на сите муслимани.
20/03/2026

Честит Рамазан Бајрам на сите муслимани.

Јадранка Туризам 2026Во соработка на Македонскиот со Хрватскиот синдикат, Јадранка туризам доаѓа да врши интервјуа во Ск...
18/01/2026

Јадранка Туризам 2026

Во соработка на Македонскиот со Хрватскиот синдикат, Јадранка туризам доаѓа да врши интервјуа во Скопје. Така да ги покануваме сите наши членови и оние кои не се а се заинтересирани да заминат да работат во компанија каде синдикатите им гарантираат бесплатна правна заштита и сигурност и каде се работи СПОРЕД ЗАКОН и КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР. Доколку ви се допадне понудата од Јадранка треба да се ЗАЧЛЕНИТЕ во синдикатот.

Јадранка туризам се наоѓа на Мали Лошињ(Црес), и има повеќе хотели и апартмани од секоја категорија како и ала карт ресторани од една мишелин звезда, стејк хаус, јапонски ресторан до обични коноби и ресторани.

ВРЕМЕ и ЛОКАЦИЈА на интервјуто: 26.01.2026(понеделник) хотел Солун строг центар, Скопје од 09:00 до 17:00.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ кои треба да ги носите со вас:
ЛИЧНА КАРТА и CV(резиме) со ваша слика на него и кое треба да биде или на хрватски или на англиски.

ПОТРЕБНИ ПОЗИЦИИ за работа се:

Помошник келнер

Келнер

Помошник готвач

Готвач

Рецепционер

Домар/Хаусмајстор

Шеф на домаќинство.

ПЛАТАТА за секоја од овие позиции зависи од стручноста и познавањето на работата на кандидатот и самиот работодавец ќе ви ја каже на интервјуто. Исто така важно е да напоменеме дека од март 2026 платите за сите овие позиции ќе се покачат од 40 до 100 евра во зависност од преговорите на Хрватскиот синдикат и Јадранка туризам. Исто така имате и бонуси во одредени месеци од 100 евра па нагоре. Платата ви е пресметана од 168 до 174 часа месечно со обавезно еден слободен ден во неделата. Прекувременото ви е платено плус и имате плус додатоци на плата.

СМЕСТУВАЊЕ: ви е обезбедено бесплатно од компанијата како и режиските трошкови и имате три оброка.

За сите останати информации можете да не контактирате секој РАБОТЕН ДЕН од 09:00 до 16:00 на следните броеви:

078 243 713
070 605 816

Со Почит,

Тимот на СУТ.

Арена Хоспиталити 2026И оваа година во соработка со Македонскиот и Хрватскиот синдикат, Арена Хоспиталити доаѓа да врши ...
09/01/2026

Арена Хоспиталити 2026

И оваа година во соработка со Македонскиот и Хрватскиот синдикат, Арена Хоспиталити доаѓа да врши интервјуа во Скопје. Така да ги покануваме сите наши членови и оние кои не се а се заинтересирани да заминат да работат во компанија каде синдикатите им гарантираат бесплатна правна заштита и сигурност и каде се работи СПОРЕД ЗАКОН и КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР. Доколку ви се допадне понудата од Арена треба да се ЗАЧЛЕНИТЕ во синдикатот.

ВРЕМЕ и ЛОКАЦИЈА на интервјуто: 17.01.2026(сабота) хотел Солун строг центар, Скопје од 09:00 до 17:00.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ кои треба да ги носите со вас:
ЛИЧНА КАРТА и CV(резиме) со ваша слика на него и кое треба да биде или на хрватски или на англиски.

ПОТРЕБНИ ПОЗИЦИИ за работа се:

Сервир

Помошник келнер

Келнер

Помошник работник во кујна

Помошник готвач

Готвач

Бармен

Шанкер

Хигиеничар.

ПЛАТАТА за секоја од овие позиции зависи од стручноста и познавањето на работата на кандидатот и самиот работодавец ќе ви ја каже на интервјуто. Исто така важно е да напоменеме дека од март 2026 платите за сите овие позиции ќе се покачат од 40 до 100 евра во зависност од преговорите на Хрватскиот синдикат и Арена Хоспиталити. Исто така имате и бонуси во одредени месеци од 100 евра па нагоре.

СМЕСТУВАЊЕ: ви е обезбедено бесплатно од компанијата како и режиските трошкови и имате два оброка.

За сите останати информации можете да не контактирате секој РАБОТЕН ДЕН од 09:00 до 16:00 на следните броеви:

078 243 713
070 605 816

Со Почит,

Тимот на СУТ.

Христос се роди!!Среќен Божиќ на сите Христијани кои слават денес според Јулијанскиот календар.
06/01/2026

Христос се роди!!
Среќен Божиќ на сите Христијани кои слават денес според Јулијанскиот календар.

Address

Str. 50-ta Divizija Br. 25
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+38978243713

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Синдикат за Угостителство и Туризам - С.У.Т posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Синдикат за Угостителство и Туризам - С.У.Т:

Share

Category