Синдикат на новинари и медиумски работници

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Синдикат на новинари и медиумски работници

Синдикат на новинари и медиумски работници Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Синдикат на новинари и медиумски работници, Labor Union, Bulevar Sveti Kliment Ohridski 58-B, Skopje.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) работи на застапување, претставување, унапредување и заштита на економските и професионални интереси на вработените во медиумите во Македонија. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) работи на застапување, претставување, унапредување и заштита на економските и професионални интереси на вработените во медиумите.

12/06/2026

Слободата на медиумите не е само право на новинарите. Таа е право на сите нас да добиеме точни, навремени и проверени информации. Но медиумите не можат да бидат слободни ако луѓето што работат во нив немаат сигурност, заштита и достоинствени услови за работа. Борбата за подобри услови за работа е и борба за поквалитетно новинарство и подобро информирано општество. Затоа организирањето и солидарноста се важни. Зачлени се!

#ССНМ #Новинари #РаботничкиПрава

03/06/2026

Во услови на несигурни работни места, нееднаквост, отпуштања, цензура, насилство и обиди медиумските компании да го заменат човечкиот труд со вештачка интелигенција, нашиот одговор мора да биде заеднички.

Зачленувањето во синдикат е чекор кон заедничка одбрана на нашите услови за работа, нашата професија и слободата на изразување. Зачлени се во својот синдикат!

Ова видео е изработено со поддршка на Union to Union.

ССНМ отвора повик за обука за обучувачи посветена на безбедноста и дигиталната безбедност на новинарите и медиумските ра...
03/06/2026

ССНМ отвора повик за обука за обучувачи посветена на безбедноста и дигиталната безбедност на новинарите и медиумските работници, со цел зајакнување на нивната подготвеност за современите професионални ризици. Преку практични и теоретски знаења, учесниците ќе стекнат вештини за заштита при известување и безбедно функционирање во дигиталната средина. Информирајте се повеќе за повикот овде 👉 shorturl.at/9lsq1

⚖️ Тужбите како средство за притисок врз новинарите стануваат сѐ почеста реалност и во Европа. Кога моќта се обидува да ...
28/05/2026

⚖️ Тужбите како средство за притисок врз новинарите стануваат сѐ почеста реалност и во Европа. Кога моќта се обидува да го замолчи јавниот интерес преку судски процеси, прашањето повеќе не е само правно, туку и демократско.

Придружете се на онлајн настанот „Addressing abusive lawsuits: What can journalists do when they are SLAPP-ed?“, посветен на стратешките тужби против јавното учество (SLAPP) и начините на кои новинарите, редакциите и новинарските организации можат да се спротивстават на ваквиот притисок.

На настанот ќе учествуваат истражувачки новинари, медиумски експерти и претставници на новинарски организации од Европа, кои ќе споделат искуства, истражувања и добри практики за заштита на медиумските слободи.

💻 Онлајн на Zoom
📅 1 јуни 2026 година
🕙 10:00 – 15:15 CET

🔗 Повеќе информации и регистрација 👇

Events of the Centre for Media Pluralism and Media Freedom. Conferences, seminars, workshops and special events organized by CMPF.

ССНМ учествуваше на конференцијата на ОБСЕ во Тирана посветена на безбедноста и иднината на новинарството, каде што ја п...
19/05/2026

ССНМ учествуваше на конференцијата на ОБСЕ во Тирана посветена на безбедноста и иднината на новинарството, каде што ја претстави својата работа пред медиумски организации и експерти од регионот. На средбите беше оценето дека медиумскиот сектор во Југоисточна Европа, вклучително и Македонија, сè уште се соочува со сериозни предизвици поврзани со безбедноста, социјалниот статус и технолошките промени.

Прочитајте повеќе 👉 shorturl.at/Lwbe8

ЗНМ и ССНМ предупредуваат дека личните политички пресметки со новинари и медиуми стануваат сè позагрижувачка и повторува...
12/05/2026

ЗНМ и ССНМ предупредуваат дека личните политички пресметки со новинари и медиуми стануваат сè позагрижувачка и повторувачка пракса во јавната комуникација. Тие потсетуваат дека критичките прашања не смеат да бидат повод за дискредитација, притисок или јавно таргетирање на новинари и редакции. Повеќе детали 👉 shorturl.at/peOzV

06/05/2026

ССНМ учествува на изборниот Конгрес на Меѓународната федерација на новинари во Париз, со кој се одбележуваат и 100 години од формирањето на најголемата новинарска организацијата во светот.

100 години меѓународна солидарност.
За силно новинарство и синдикализам.





IFJ - International Federation of Journalists

Македонија бележи пад на Индексот за слобода на медиумите за 2026 година на Репортери без граници, продолжувајќи го нега...
30/04/2026

Македонија бележи пад на Индексот за слобода на медиумите за 2026 година на Репортери без граници, продолжувајќи го негативниот тренд втора година по ред. Извештајот укажува на влошени услови, пад на довербата и потреба од итни системски мерки за зајакнување на медиумските слободи и професионалното новинарство. Прочитајте 👉 shorturl.at/zGkMt

Четврта година по ред ССНМ го одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите со крводарителска акција на неколку лок...
29/04/2026

Четврта година по ред ССНМ го одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите со крводарителска акција на неколку локации во земјава

Повеќе детали 👉 shorturl.at/HoPHQ

28/04/2026

📣 ПОВИК ЗА НОВИНАР(К)И

🆕 Здружение ЕСЕ ги повикува сите заинтересирани новинар(к)и да аплицираат на повикот за учество на Тренинг за истражувачко известување за корупција во здравството.

ℹ️ Тренингот ќе се состои од две фази – основна и напредна, а главна цел е да се поттикне конзистентно и сеопфатно медиумско известување за корупцијата во здравството и да се унапредат знаењата и вештините на новинарите на оваа тема.

🔎 За секој селектиран учесник ќе биде обезбедена финансиска поддршка за спроведување истражувачка приказна поврзана со корупција во здравството.

▶️ Термин на обуките: мај (основна обука) и септември (напредна обука)

📅 Рок за пријавување: 8 мај 2026

Повеќе детали за обуката и за начинот на аплицирање се достапни 👉 https://esem.org.mk/povik-za-uchestvo-na-novinar-k-i-na-obuka-za-istrazhuvachko-izvestuvane-za-koruptsija-vo-zdravstvoto/

🤝 Обуката ќе се спроведе во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“, кој Здружение ЕСЕ го спроведува со поддршка од Expertise France преку AFD - Agence Française de Développement.

Оваа содржина е исклучива одговорност на Здружението ЕСЕ и партнерските организации, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Expertise France и на Agence française de développement.

#ПосиленСистемЗаПоправеднаЗаштита #антикорупција #здравство #ФранцускоМакедонскаСоработка

Address

Bulevar Sveti Kliment Ohridski 58-B
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Синдикат на новинари и медиумски работници posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Синдикат на новинари и медиумски работници:

Share

Category