12/06/2026
👮♂️Делегација на Независниот синдикат на полицијата во состав: Томислав Павловски – член на Претседателството на НСП, Тони Крстевски – претседател на НСП МВР, Бобан Веселинов – претседател на ОВР Виница и Горан Вујиќ – претседател на Секцијата на пензионери при Балканската полициска унија, учествуваше на 19-тата Полицијада на Златибор, во организација на Синдикатот на српската полиција.
👥️ Во рамки на настанот се одржа состанок на Балканската полициска унија, како и кратки поединечни средби со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
✔️ Ваквите настани претставуваат значајна можност за унапредување на соработката и размена на искуства синдикатите со колегите од регионот.