SIER Makedonija

SIER Makedonija Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from SIER Makedonija, Labor Union, Mirche Acev 6, Skopje.

SIER e samostojna, demokratska i nezavisna organizacija na rabotnicite, vo koja tie dobrovolno se zdruzuvaat zaradi zastapuvanje, pretstavuvanje, unapreduvanje i zastita na svoite ekonomski, socijalni i drugi poedinecni i kolektivni prava.

Заедно посилни: СИЕР во партнерство со синдикати од регионотСиндикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македони...
08/05/2026

Заедно посилни: СИЕР во партнерство со синдикати од регионот

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР потпиша договор за соработка со бугарскиот синдикат „Металици“, како носител на проектот, заедно со синдикатите од Србија и Романија.
СИЕР, заедно со металските синдикати од Србија, Бугарија и Романија, е партнер во заедничкиот проект META-SOCIAL +, одобрен од Европската Унија, кој има за цел зајакнување на капацитетите и улогата на работничките претставници во металната индустрија.
Првата работна средба се одржа во Прилеп, во периодот од 23-25.04.2026 година. Во рамките на средбата се разви конструктивна и позитивна дискусија, проследена со излагања насочени кон унапредување на социјалниот дијалог и синдикалното делување.
Воедно, беше реализирана и посета на Мермерен комбинат Прилеп, каде вработените се долгогодишни членови на СИЕР, што претставува значаен пример за синдикално организирање и соработка.

Претставници од српскиот синдикат во Бор Zijin Bor Copper во посета на Бучим, РадовишПретставници од Синдикатот на Бучим...
05/05/2026

Претставници од српскиот синдикат во Бор Zijin Bor Copper во посета на Бучим, Радовиш
Претставници од Синдикатот на Бучим Радовиш минатата година беа во работна посета на синдикатот во Бор – Zijin Bor Copper, Србија.
Оваа година имавме чест да бидеме домаќини на колегите од Бор, кои го посетија рудникот Бучим и се запознаа со нашето работење, организација и безбедносни стандарди.
Ваквите средби се важни за размена на искуства, подобрување на соработката и унапредување на работничките права.
Продолжуваме заедно кон подобри услови за сите работници.

ССМС од Србија во посета на СИЕР МакедонијаУспешна средба и соработка!Во периодот од 25–28 март 2026 година, ССМС од Срб...
05/05/2026

ССМС од Србија во посета на СИЕР Македонија

Успешна средба и соработка!
Во периодот од 25–28 март 2026 година, ССМС од Србија беше во посета на СИЕР.
Средбата се одржа во Охрид, каде што претставниците на синдикатите од двете земји разменија искуства и идеи за унапредување на синдикалното делување.
Во рамките на посетата беше реализирана и посета на ЛТХ Леарница – Охрид, компанија со долгогодишни членови на СИЕР.
Одлична атмосфера
Размена на искуства
Зацврстување на соработката
Со заедничка желба – оваа соработка да продолжи и во иднина!

Конгрес Турк МеталПретставници на СИЕР присуствуваа на 11. Конгрес на Турк Метал и УАМИФ (05–09.03.2026) 👏Му честитаме н...
05/05/2026

Конгрес Турк Метал

Претставници на СИЕР присуствуваа на 11. Конгрес на Турк Метал и УАМИФ (05–09.03.2026) 👏
Му честитаме на Uysal Altundag за реизборот за претседател и му посакуваме успешен мандат!
Во рамки на настанот се одржа и 31. Собир на Женската секција по повод 8 Март , со околу 500 учеснички од Турција и гости од странство.
Денот беше одбележан со панел дискусија и театарска претстава – силна порака за улогата на жените во синдикалното движење

04/05/2026
30/04/2026

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО РАБОТНИЦИТЕ

Почитувани колешки и колеги,
Почитувани сестри и браќа,

Дозволете ми на почеток да Ви се заблагодарам за трудот кој го вложувате извршувајќи ги своите работни задачи на своите работни места.

Но трудот Ваш мора соодветно да се плати, мора соодветно да се цени, мора соодветно да се почитува.
Затоа, синдикатите насекаде во светот, Меѓународниот ден на трудот, 1-ви Мај го одбележуваат со протести и демонстрации, затоа што и денес, Вашиот труд како работници не се цени доволно, не се вреднува соодветно и не се плаќа достоинствено.

Трите осмици, 8 часа работа, 8 часа рекреација и време со семејството и 8 часа одмор се една од најголемите придобивки за кои се избориле работниците и тоа во далечната 1886 година во Чикаго, кога работниците протестирале за намалување на работното време од 12 часовен работен ден, на 8 часовен работен ден.

Тие тогаш не се плашеле на никој, дури и по цена на своите животи.

Но денес, многу од Вас работат подолго од 8 часа дневно, уште пострашно, не Ви е платено.

Денеска во Македонија повторно има 12 часовен работен ден за голем број на работници.

Денеска, многу работници наутро ги напуштаат своите домови, незнаејќи дали безбедно ќе се вратат дома по завршување на работното време.

Денеска, опасноста од укинување или поништување на еден колективен договор, значи опасност за укинување на многу колективен договори.

Денеска, поради игнорантскиот однос на власта и работодавачите, Македонија има најниска минимална и просечна плата во регионот и во Европа.

Вие знаете колку вредите, знаете колку се вложувате и знаете колку се изложувате на опасности за време на извршување на работните задачи.

Денеска, можеби со право сметате дека не Вие, туку некој друг треба да се бори за Вас, но кој друг ако не се борите Вие, кога, ако не се борите сега.

Можеби најлесно Ви е да избегате макар на еден ден од проблемите, да го искористите овој споен првомајски викенд за време со семејството и тоа не е погрешно, но проблемите веќе на 4 мај ќе бидат исти, платите ниски, работните места небезбедни, условите за работа недостоинствени.

Најлесно е да се нападнат синдикатите, да се обвинат синдикалците, но не се сите исти, Ние се бориме, а се бориме години наназад, а тие другите се молат, се молат години наназад.

Работничката борба не е еден ден, не е еден протест, не е еден штрајк, но за борба, за протест и за штрајк потребна е бројност, потребни се организирани работници и потребен е синдикат како ССМ, а еден работник може малку, но заедно, работниците можат се !

На 1 Ви Мај, ние од ССМ, повторно ќе протестираме, како што протестиравме во јануари и во март, ќе протестираме за секој еден од Вас кој се плаши, за секој еден од Вас на кој му се закануваат, за секој еден од Вас кој ќе замине на викенд, за секој еден од Вас што на 1 ви Мај ќе работи, ќе протестираме дури и за оние кои се дома, а нема да излезат на протест и ќе не гледаат од прозорите и од балконите, но ќе протестираме дури и само ако еден работник дојде со нас и го побара тоа од нас.

Ќе протестираат и други со нас, некои синдикати одбраа и да не протестираат ниту со нас, ниту самите, но тоа се жолти синдикати.

Знам дека јас и лугето што ги знам на 1ви Мај во 11 часот ќе бидеме пред Работничкиот дом, ќе го започнеме првомајскиот протест, а колку ќе бидеме, толку ќе бидеме, токму ќе бидеме.

Во името на солидарноста,

Да живее први мај !

20/04/2026

НАЈАВА - ПРОТЕСТ 1 МАЈ

Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на работничките права.

1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина.

Сојузот на синдикатите на Македонија од 2018 година, секоја година организира масовен работнички протест на 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, па така и оваа, 8-ма година по ред на 1 Мај со почеток во 11 часот од пред Работничкиот дом во Скопје започнува ПРОТЕСТ под мотото ,,ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ"

Оваа година, 1ви Мај беше и на 28 јануари и на 14 март кога илјадници работници протестираа за зголемување на минималната плата и за зголемување на останатите плати, а притестите ќе продолжат и по 1ви Мај, затоа што веќе на 4-ти Мај , првиот работен ден, минималната плата повторно ќе биде најниска во регионот, а македонските работници ќе имаат најниски плати во регионот !

Повикуваме на солидарност и од работниците за кои синдикатите веќе се изборија за покачување на нивните работнички плати.

Работничката солидарност не смее да има граници, денес се бориме за оние со најниски плати, утре за сите нас.

Затоа, на 1 Мај да бидеме солидарни, гласни, обединети и одлучни!

Излези на протест, застани рамо до рамо со своите колеги и покажи дека работничкиот глас не може да се игнорира.

Македонија за повисоки плати !

За плата се бориме – не се молиме!

#1МАЈ #ПРОТЕСТ #ССМ #80ГОДИНИ #СИНДИКАТ #80ССМ

20/04/2026

КАДЕ СЕ ЗАГУБИ РАБОТНИЧКАТА КЛАСА ?

Работничката класа е темелот на секое општество. Таа ги создава вредностите, го движи производството и ја одржува економијата во живот.

Без трудот на работниците во фабриките, во рудниците, на нивите, во канцелариите, во услужните дејности, нема напредок, нема развој, нема иднина.

Но, и покрај својата клучна улога, работничката класа често се соочува со предизвици: ниски плати, несигурни работни места, недоволна заштита и непочитување на работничките правата.

Затоа, борбата за достоинствена работа, фер услови и социјална правда не е само потреба, туку обврска.

Солидарноста е најсилното оружје на работниците,а кога се обединети, тие имаат глас што се слуша.

Историјата покажува дека сите придобивки – од работното време до платениот одмор – се резултат на заедничка борба на работничката класа и синдикатите.

Работничката класа не бара привилегии, туку правда, не бара милост, туку почит. И токму преку таа борба, таа не се бори само за себе, туку за подобро и поправедно општество за сите.

Затоа, на 1ви Мај ,, ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ "

20/04/2026

На 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот !

Нека воскресението на Исус Христос ви донесе обновена надеж, вера и љубов .Нека воскресението на Исус Христос ви донесе ...
09/04/2026

Нека воскресението на Исус Христос ви донесе обновена надеж, вера и љубов .

Нека воскресението на Исус Христос ви донесе мир во душата, радост во срцето и насмевка на лицето.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Честит Велигден!

Address

Mirche Acev 6
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Telephone

+38970246691

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when SIER Makedonija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to SIER Makedonija:

Share

Category