Синдикат на работниците од трговијата - СРТ

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Синдикат на работниците од трговијата - СРТ

Синдикат на работниците од трговијата - СРТ СРТ е самостојна и независна организација во која доброволно членуваат работниците од трговијата.

👇
28/04/2026

👇

📍Сојуз на Синдикати на Македонија
🗓 01.05 2026 година (петок)
🕚 11:00 часот

27/04/2026

Дојдете на 1-ви Мај сите заедно на Протест ✊️

🗓 Петок, 🕚 11 часот, 📍Работнички дом

#1мај #протест #работничка #класа #ссм #80години #синдикат

Работниците во Македонија заслужуваат повисоки плати!Македонија за повисоки плати !За плата се бориме – не се молиме! #1...
26/04/2026

Работниците во Македонија заслужуваат повисоки плати!

Македонија за повисоки плати !

За плата се бориме – не се молиме!

#1МАЈ #ПРОТЕСТ #ССМ #80ГОДИНИ #СИНДИКАТ #80ССМ

ПОВИКУВАМЕ НА ПРОТЕСТ НА 1 МАЈ ВО 11 ЧАСОТ ОД ПРЕД РАБОТНИЧКИОТ ДОМ

Почитувани работнички и работници,

Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на работничките права.

1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина.

Сојузот на синдикатите на Македонија од 2018 година, секоја година организира масовен работнички протест на 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.

8-ма година по ред на 1 Мај со почеток во 11 часот од пред Работничкиот дом во Скопје започнува ПРОТЕСТ, оваа година под мотото ,,ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ"

Повикуваме на солидарност и од работниците за кои синдикатите веќе се изборија за покачување на нивните работнички плати.

Работничката солидарност не смее да има граници, денес се бориме за оние со најниски плати, утре за сите нас.

Затоа, на 1 Мај да бидеме солидарни, гласни, обединети и одлучни!

Повикуваме на протест, повикуваме да застанме рамо до рамо со своите колешки и колеги и покажеме дека работничкиот глас не може да се игнорира.

Работниците во Македонија заслужуваат повисоки плати!

Македонија за повисоки плати !

За плата се бориме – не се молиме!

Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ

Синдикат за градежништво - СГИП

Независен синдикат за образование и наука

Синдикат на културата на Република Македонија

Синдикат на работниците од трговијата - СРТ

Синдикат на Медиумски Информативни Агенции - СМИА

Македонски полициски синдикат

SIER Makedonija

Агро-Синдикат/ Agro-Sindikat

Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита

Синдикатот на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ)

Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ)

Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ) Суткоз

Синдикатот на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ)

Синдикатот на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија (СПТРМ)

Синдикатот на финансиските дејности на Македонија (СФДМ)

Синдикат за слободно дејствување на Македонија (ССДМ)

Синдикат на Поштенски и Телекомуникациски оператори на Македонија (СПТОМ)

#1МАЈ #ПРОТЕСТ #ССМ #80ГОДИНИ #СИНДИКАТ #80ССМ

Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикат...
20/04/2026

Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на работничките права.

1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина.

Сојузот на синдикатите на Македонија од 2018 година, секоја година организира масовен работнички протест на 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, па така и оваа, 8-ма година по ред на 1 Мај со почеток во 11 часот од пред Работничкиот дом во Скопје започнува ПРОТЕСТ под мотото ,,ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ"

#1МАЈ #ПРОТЕСТ #ССМ #80ГОДИНИ #СИНДИКАТ #80ССМ

НАЈАВА - ПРОТЕСТ 1 МАЈ

Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на работничките права.

1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина.

Сојузот на синдикатите на Македонија од 2018 година, секоја година организира масовен работнички протест на 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, па така и оваа, 8-ма година по ред на 1 Мај со почеток во 11 часот од пред Работничкиот дом во Скопје започнува ПРОТЕСТ под мотото ,,ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ"

Оваа година, 1ви Мај беше и на 28 јануари и на 14 март кога илјадници работници протестираа за зголемување на минималната плата и за зголемување на останатите плати, а притестите ќе продолжат и по 1ви Мај, затоа што веќе на 4-ти Мај , првиот работен ден, минималната плата повторно ќе биде најниска во регионот, а македонските работници ќе имаат најниски плати во регионот !

Повикуваме на солидарност и од работниците за кои синдикатите веќе се изборија за покачување на нивните работнички плати.

Работничката солидарност не смее да има граници, денес се бориме за оние со најниски плати, утре за сите нас.

Затоа, на 1 Мај да бидеме солидарни, гласни, обединети и одлучни!

Излези на протест, застани рамо до рамо со своите колеги и покажи дека работничкиот глас не може да се игнорира.

Македонија за повисоки плати !

За плата се бориме – не се молиме!

#1МАЈ #ПРОТЕСТ #ССМ #80ГОДИНИ #СИНДИКАТ #80ССМ

18/04/2026

На 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот !

👇
15/04/2026

👇

1ви Мај се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.

На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви.

Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле погубени.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 Мај со цел подобрување на својата положба.

Оттогаш, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот !

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНВо име на Синдикатот на работниците од трговијата на Македонија и во свое лично име, Претседат...
12/04/2026

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН

Во име на Синдикатот на работниците од трговијата на Македонија и во свое лично име, Претседателот на СРТ, Слободан Трендафилов им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, на сите христијански верници.

НОВ РАБОТНИЧКИ ПРОТЕСТ НА 1-ВИ МАЈ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ...ЗА ПЛАТИ СЕ БОРИМЕ И НЕ СЕ МОЛИМЕ!
07/04/2026

НОВ РАБОТНИЧКИ ПРОТЕСТ НА 1-ВИ МАЈ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ...ЗА ПЛАТИ СЕ БОРИМЕ И НЕ СЕ МОЛИМЕ!

НОВ РАБОТНИЧКИ ПРОТЕСТ НА 1-ВИ МАЈ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ...ЗА ПЛАТИ СЕ БОРИМЕ И НЕ СЕ МОЛИМЕ!

Денеска на прес-конференцијата која се одржа во Работничкиот Дом на ССМ, Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов го најави следниот голем работнички протест закажан за 1-ви Мај, што ќе значи одбележување на Меѓународниот ден на трудот и следниот чекор во борбата на ССМ за зголемување на работничките плати.

“Почитувани претставници на медиумите, почитувани работници...

Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на седниците заедно со Советот на ССМ кој се одржаа во текот на вчерашниот ден донесе едногласна одлука дека на 1-ви Мај со почеток во 11 часот од пред Работничкиот дом на ССМ започнуваме нов протест за зголемување на минималната плата и за зголемување на останатите работнички плати.

“ЗА ПЛАТИ СЕ БОРИМЕ И НЕ СЕ МОЛИМЕ!” е слоганот под кој оваа година работниците ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот-1ви Мај и ќе излезат на улица рамо до рамо, еден до друг да побараат зголемување на минималната плата, затоа што минималната плата денеска е усогласена од страна на Министерството за економија и труд без согласност на социјалните партнери, односно без согласност на Сојузот на синдикатите на Македонија и на штета на работниците за само 1.667 денари. Тоа што е важно, а според податоците од Управата за јавни приходи кои ги обезбедивме како ССМ е тоа што 50% од работниците во Македонија имаат плата под 600 евра и затоа нашата борба за зголемување на минималната плата е праведна, правична и вреди да се заложуваме максимално за зголемување на истата, затоа што половина од работноспособното население пријавено во работен однос прима плата под овој износ. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од почетокот на годината одржа неколку протести и неколку блокади и продолжуваме со протестите, односно на 1-ви Мај повторно излегуваме на улица заедно со работниците.

Продолжен викенд, затоа оваа прес-конференција ја одржуваме денеска за сите работници да планираат дали платите им се зголемиле доволно за да можат да си овозможат продолжен викенд за 1-ви Мај или ќе ни се придружат на улица, рамо до рамо, да застанат и да се изборат за уште повеќе да се зголемат нивните плати.

Членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија, односно раководствата, нивните семејства, луѓето кои се борат за зголемување на работничките плати ќе бидат на улица на 1-ви Мај и затоа ги повикуваме сите работници, ги повикуваме дури и сите прави синдикати на 1-ви Мај наместо скапи коктели во скапи хотели, во скапи ресторани да направат првомајски протест на кој ќе покажат дека платите во Македонија се ниски.

Борбата за зголемување на платите, борбата за работничките права која ја правиме по повод Меѓународниот ден на трудот е борба која започнала неколку стотина години порано во Чикаго кога животот го загубиле луѓето кои протестирале за осум часовен работен ден во светот. Но, клучно е тоа што знаеме дека денеска во Македонија за жал имаме 12-часовен работен ден, шест дена во неделата заради измените на Законот за работни односи кои се случија пред неколку години, а нешто што беше потврдено дури и од Уставниот суд што сметаме дека е жалосно да Македонија како земја кандидат за членка на Европската Унија да има работно време кое го нема на ниту едно место во Европа и затоа уште еднаш ја користиме приликата денеска да ги повикаме работници да ни се придружат на 1-ви мај сите што сметаат дека треба да ја поддржат работничката борба затоа што 1-ви Мај не е ден за скара и за веселби, туку е ден за изразување на борбата на работниците која години наназад се изразува. ССМ повторно ја врати и ја воведе традицијата од 2018-тата година за излегување на 1-ви Мај, а претходно Сојузот на синдикатите на Македонија за жал неколку години не излегуваше да протестира, не излегуваше да бара зголемување на работничките плати и не излегуваше на одбележување на 1-ви Мај на улица преку протести, но сметаме дека овие години покажавме дека оваа традиција не смее да замре без оглед на тоа дали е продолжен викенд, дали е во средина на недела или слично...

Нема изговори во борбата за зголемување на работничките плати и затоа ги повикуваме работниците да се придружат на истата”.

15/03/2026
ССМ излегува да се бори за зголемување на работничките плати, а работниците треба да излезат да се борат за својата плат...
10/03/2026

ССМ излегува да се бори за зголемување на работничките плати, а работниците треба да излезат да се борат за својата плата затоа што зголемувањето на минималната плата значи зголемување на сите останати плати !

Протестот ќе започне на 14 Март, во 12.05 ч, од пред Работничкиот дом во Скопје и ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.

Повеќе детали за тоа како можете да дојдете со организиран превоз ќе објавиме во текот на денешниот ден

👇
09/03/2026

👇

154.408 РАБОТНИЦИ ВО ДЛАБОКА СИРОМАШТИЈА, ИМААТ ПЛАТА ПОД 30.000 ДЕНАРИ

154.408 работници имаат плата под 30.000 денари и имаат огромна причина да протестираат за зголемување на минималната плата.

Според податоците од Управата за јавни приходи во Македонија бројот работници кои примаат плата изнесува 503.031.

Прагот на сиромаштија во Македонија изнесува 31.200 денари, а 1/3 од работниците во Македонија живеат со примања под прагот на сиромаштија, односно работат, а се сиромашни !

Борбата на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата значи директно зголемување на платите на овие 154.408 работници кои имаат огромна причина да се борат за зголемување на нивната плата и да излезат на протест.

Ги повикуваме сите работници, нивните најблиски, ги повикуваме и овие 154.408 работници да се придружат на протестот кој ќе започне на 14 Март, во 12.05 ч, од пред Работничкиот дом во Скопје и кој ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.

ССМ излегува да се бори за зголемување на работничките плати, а работниците треба да излезат да се борат за својата плата затоа што зголемувањето на минималната плата значи зголемување на сите останати плати !

Address

Мирче Ацев бр. 4
Skopje

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Синдикат на работниците од трговијата - СРТ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Синдикат на работниците од трговијата - СРТ:

Share