Независен Синдикат на Судска Администрација на Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Независен Синдикат на Судска Администрација на Македонија

Независен Синдикат на Судска Администрација на Македонија ЕВРОПСКИ ПЛАТИ И ЗА НАС

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИПочитувани колеги, медиуми и јавност,​Ве информираме за реализираните активности на...
16/06/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ

Почитувани колеги, медиуми и јавност,

​Ве информираме за реализираните активности на нашиот синдикат во Собранието на Република Македонија, во врска со носењето на новиот Предлог-закон за судска служба.

​Како докажано најгласен и најбучен синдикат кој не отстапува од работничките права, се изборивме за директно учество во собраниските процедури. Нашата цел беше јасна — адекватно и гласно да ги доловиме проблемите директно од „лице место“, од судовите каде што секојдневно се работи, а не од удобните фотелји по министерствата, каде што функционерите воопшто не ја знаат реалната слика за судскиот систем.
Како #Независен синдикат, покажавме дека гласот на обичниот судски службеник повеќе не може да биде игнориран при кроењето на законите.
Укажавме на сите нелогичности во предложеното законско решение кои се донесени без реална претстава за тежината на нашата работа.
Јавно и децидно ставивме до знаење дека довербата од едвај 2% во судството не зависи од вработените службеници, туку од сосема други, многу побитни и повисоки фактори во општеството.
Ние сме столбот на системот, а не неговиот проблем.
#Независниот синдикат продолжува да стои на првата линија на одбрана на достоинството на судската служба.
Нема да дозволиме "реформи" преку нашиот грб!
​Со почит,
Независен Синдикат на Судска Администрација на Македонија (при гранскиот #Независен #синдикат на #државна #администрација на #Македонија)

Правата не се подаруваат, за нив се бориме! ✊⚖️​Претставниците од претседателството и истакнатите членови на Независниот...
16/06/2026

Правата не се подаруваат, за нив се бориме! ✊⚖️
​Претставниците од претседателството и истакнатите членови на Независниот синдикат се подготвени да ги соочат ставовите пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
Оваа борба е за честа, достоинството и владеењето на правото на сите судски службеници, без исклучок и на кое било ниво да се распределени.
​Стоиме на браникот на работничките права! 💼👥

СООПШТЕНИЕ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ И ЈАВНОСТА​Предмет: Одржана работна средба во врска со Предлог-законот з...
11/06/2026

СООПШТЕНИЕ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ И ЈАВНОСТА

​Предмет: Одржана работна средба во врска со Предлог-законот за судска служба

​Денес се одржа конструктивен работен состанок помеѓу претставници на државните институции и Независниот синдикат. На состанокот присуствуваа Заменик-министерот за правда, м-р Ален Деребан, Државниот секретар во Министерството за правда, Дајанчо Ефтимов, и Советникот за труд на Претседателот на Владата, проф. д-р Лазар Јовевски, од една страна, како и членови на претседателството на Независниот синдикат на судска администрација на Македонија, од друга страна.

​Главна тема на разговорот:
Од страна на синдикатот беа јасно лоцирани и посочени сериозните недоследности во сегашниот Предлог-закон за судска служба, кој во моментов се наоѓа во собраниска процедура.
​Како резултат на средбата, беа договорени следните клучни чекори:
- ​Итна средба со Министерот: Договорен е следен состанок во вторник (наредната недела) директно со Министерот за правда, Игор Филков, со цел изнаоѓање конкретни решенија за спорните точки.
- Директно учество во Собранието: Договорено е претставници на Независниот синдикат активно да учествуваат во работата на собраниските комисии каде што ќе се разгледува овој предлог-закон, за директно да ги заштитат интересите на судската служба.

​Независниот синдикат и понатаму останува посветен на борбата за праведни законски решенија и подобрување на статусот на сите вработени во правосудниот сектор.
​Со почит,

Независен синдикат на државна администрација на Македонија

 #ИзвестувањеРеакција на Независниот синдикат на државна администрација на Македонија по извршениот надзор на Државен за...
05/06/2026

#Известување
Реакција на Независниот синдикат на државна администрација на Македонија по извршениот надзор на Државен завод за ревизија.
#Сите

27/05/2026
Нека е честит денот 7-ми мај, дена на припадниците од Министерство за внатрешни работи
07/05/2026

Нека е честит денот 7-ми мај, дена на припадниците од Министерство за внатрешни работи

Address

Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Независен Синдикат на Судска Администрација на Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Независен Синдикат на Судска Администрација на Македонија:

Share

Category