Македонски полициски синдикат

Македонски полициски синдикат МПС е синдикат во кој членуваат 9000 вработени во МВР, АНБ, АР и УФП!

03/06/2026
03/06/2026
🏃‍♂️⛰️👮‍♂️ ЧЛЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ВАНЧЕ НАЦЕВСКИ УСПЕШНО НАСТАПИ НА „LETNICA TRAIL 21K“ – 23 МАЈ 2026...
02/06/2026

🏃‍♂️⛰️👮‍♂️ ЧЛЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ВАНЧЕ НАЦЕВСКИ УСПЕШНО НАСТАПИ НА „LETNICA TRAIL 21K“ – 23 МАЈ 2026‼️

Почитувани,

Членот на Македонскиот полициски синдикат, Ванче Нацевски од ПС ОН Аеродром, успешно учествуваше на годинешното издание на планинската трка „Letnica Trail 21K“, која се одржа во рамките на спортската манифестација Ohrid Ultra-Trail 2026 на планината Галичица. 🇲🇰⛰️

Трката важи за една од најпредизвикувачките планински трки во државата, со патека долга 21,77 километри и над 1.000 метри висинска разлика, привлекувајќи голем број љубители на планинското трчање од земјата и регионот. 🌍🏃‍♂️

Во трката на 21 километар, Ванче Нацевски постигна одличен резултат, истрчувајќи ја патеката за 3 часа, 44 минути и 43 секунди, достоинствено претставувајќи го Македонскиот полициски синдикат. 🏅👏

Македонскиот полициски синдикат изразува искрена БЛАГОДАРНОСТ за неговата посветеност, истрајност, спортски дух и успешно претставување на синдикатот на оваа престижна спортска манифестација.

Секоја чест Ванче! 👏

Ти посакуваме уште многу спортски успеси, освоени планински патеки, одлични резултати и нови предизвици, а Македонскиот полициски синдикат секогаш ќе биде твоја поддршка! 👮‍♂️👮‍♀️🇲🇰

Со почит,
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ 💙🇲🇰

✊ИСПРАВЕНА ДОЛГОГОДИШНАТА НЕПРАВДА КОН ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ✊Почитувани,по неколкуте издржани и аргументирани предлози ...
01/06/2026

✊ИСПРАВЕНА ДОЛГОГОДИШНАТА НЕПРАВДА КОН ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ✊

Почитувани,

по неколкуте издржани и аргументирани предлози на Македонскиот полициски синдикат за измена на Правилникот за однесување и меѓусебните односи на работниците во МВР, конечно се исправи неправдата и дискриминацијата кон полициските службеници во Граничната полиција и управните служби во однос на забраната за носење и користење мобилни телефони на работното место.

Воедно, со измените што овозможуваат носење уредна брада, мустаќи и тетоважи на горните екстремитети, полициската служба прави значаен исчекор кон современите европски стандарди и практики.

Македонскиот полициски синдикат и понатаму останува гласен и доследен во заштитата на правата и достоинството на сите полициски службеници, со цел создавање поправеден и помодерен систем за сите вработени во МВР.

✊СЛОГАТА НЕ ПРАВИ ПОСИЛНИ!!!

Со почит,
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

🌿☀️ ПРОЛЕТЕН ПИКНИК ☀️🌿Почитувани,Секцијата на млади при Македонскиот полициски синдикат ве поканува на пролетниот пикни...
30/05/2026

🌿☀️ ПРОЛЕТЕН ПИКНИК ☀️🌿

Почитувани,

Секцијата на млади при Македонскиот полициски синдикат ве поканува на пролетниот пикник под мотото:

❤️ „СО СРЦЕ ЗА СЕМЕЈСТВОТО, СО ЧЕСТ ЗА СЛУЖБАТА“ ❤️

📅 Датум: 06.06.2026 година (сабота)
📍 Локација: Парк „Сарај“
🕙 Почеток: 10:00 часот

Ве очекува ден исполнет со дружење, забава, рекреација и пригодна програма наменета за членовите и нивните семејства. Заедно да ја прославиме семејната вредност, колегијалноста и духот на заедништвото што нè обединува.

Добредојдени се сите кои сакаат да бидат дел од оваа прекрасна пролетна приказна!

Со почит,
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

🎉 34 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ 🎉Почитувани членови и колеги,Денес Македонскиот полициски синдикат одбележува ...
29/05/2026

🎉 34 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ 🎉

Почитувани членови и колеги,

Денес Македонскиот полициски синдикат одбележува 34 години од своето формирање – 34 години борба, единство, солидарност и посветеност во заштитата на правата и достоинството на вработените во безбедносните институции.

Основачкото собрание на синдикатот беше одржано на 29 мај 1992 година, а на 03 февруари 1993 година синдикатот беше официјално запишан во регистарот на општествените организации под името „Независен синдикат на вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“. Подоцна, следејќи ја волјата на мнозинството членови, синдикатот го доби името кое денес гордо го носи – Македонски полициски синдикат.

Во текот на овие три и пол децении, Македонскиот полициски синдикат остана цврст и доследен заштитник на правата на вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција.

Синдикатот беше и останува гласот на работникот, симбол на заедништво и столб во борбата за:

✔ подобри услови за работа
✔ достоинствени примања
✔ правична заштита на работничките права
✔ унапредување на социјалниот дијалог
✔ подобар животен стандард за сите членови

Само обединети, сплотени и солидарни можеме да продолжиме напред и уште посилно да се избориме за правдата и достоинството на секој вработен.

На сите членови, поранешни и сегашни, Ви благодариме за довербата, поддршката и заедничката борба низ годините.

Нека ни е честит 34-тиот роденден! 🎂
Да живее синдикалната солидарност! ✊👮‍♂️✊

Со почит,
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

🚨 АПЕЛ ЗА ПОМОШ 🚨На нашиот колега Бесим Асани итно му е потребна крв од крвна група AB+.Ги замолуваме сите колеги, прија...
26/05/2026

🚨 АПЕЛ ЗА ПОМОШ 🚨

На нашиот колега Бесим Асани итно му е потребна крв од крвна група AB+.

Ги замолуваме сите колеги, пријатели и хумани граѓани кои се во можност да даруваат, да се приклучат и да помогнат.

📍 Четврток во 09:00 часот
📍 Државна болница
📍 На име: Бесим Асани

Во овие тешки моменти, секоја донација значи многу. Да покажеме солидарност, хуманост и поддршка кога е најпотребно. 🙏

📢 ПРЕТСТАВНИЦИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ СО УСПЕШЕН НАСТАП НА ТУРНИРОТ „ОХРИД ОПЕН 2026“Почитувани,На ден 23.05...
25/05/2026

📢 ПРЕТСТАВНИЦИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ СО УСПЕШЕН НАСТАП НА ТУРНИРОТ „ОХРИД ОПЕН 2026“

Почитувани,

На ден 23.05.2026 година, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, се одржа првиот отворен турнир во спортско стрелаштво „ОХРИД ОПЕН 2026“, во организација на Стрелачки клуб Охрид, на кој активно учество зедоа и претставници на Македонски полициски синдикат.
Во дисциплината пиштол, претседателот на Советот на Регионалниот центар Запад – Охрид, како претставник на Македонскиот полициски синдикат, оствари значителен успех освојувајќи го третото место 🥉 во силна конкуренција.
На турнирот присуствуваа околу 130 учесници и љубители на спортското стрелаштво, а со своето присуство на настанот поддршка даде и претседателот на Македонскиот полициски синдикат.
Настанот помина во спортски дух, фер натпреварување и одлична организација, при што уште еднаш беше потврдена важноста на спортот, меѓусебната соработка и дружењето помеѓу припадниците на безбедносните структури и спортските клубови.
Македонски полициски синдикат упатува честитки за освоениот успех и благодарност до организаторите за успешната реализација на турнирот.

Со почит,
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

📚✨ Честит 24 Мај – Денот на македонските и сесловенски просветители „Св. Кирил и Методиј“ ✨📚🇲🇰 Македонскиот полициски си...
24/05/2026

📚✨ Честит 24 Мај – Денот на македонските и сесловенски просветители „Св. Кирил и Методиј“ ✨📚

🇲🇰 Македонскиот полициски синдикат на своите членови и на сите граѓани на Република Македонија им го честита овој голем народен празник, со искрени желби за понатамошен успех во негувањето и промоцијата на македонската традиција, култура и писменост.

Светите браќа Кирил и Методиј, како основоположници на македонската и сесловенската писменост и литература, со своето дело и благородна мисија оставија неизбришлива трага во историјата. Нивниот огромен придонес не е значаен само за македонскиот народ, туку и за сите народи кои ги негуваат словенските културни и духовни вредности.

Нивното дело и денес обединува народи преку писменоста, знаењето и просветителството – темели на секое современо општество.

🙏 Нека ни е честит Денот на македонските и сесловенски просветители и учители – светите браќа Кирил и Методиј! 🇲🇰

Со почит,
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ 🚔

Address

Улица "Мирче Ацев"бр. 4, (11-ти кат во зграда на ССМ)
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 15:30
Tuesday 08:00 - 15:30
Wednesday 08:00 - 15:30
Thursday 08:00 - 15:30
Friday 08:00 - 15:30

Telephone

02 31 23 229

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонски полициски синдикат posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category