Замисли / Imagine

Directions Website Contact the organization

Замисли / Imagine За вистински луѓе на вистински места. Приклучи се.

❗️„Кажи си ја маката“ и во Скопје – потребен е граѓански притисок за решавање на проблемите🎯Агресивната урбанизација и н...
16/10/2026

❗️„Кажи си ја маката“ и во Скопје – потребен е граѓански притисок за решавање на проблемите

🎯Агресивната урбанизација и нарушувањето на јавниот простор, последиците од проектот „Скопје 2014“, заштитата на животната средина, младите и образованието, но и разочараноста, апатијата и сè помалата доверба во можноста за општествени промени беа дел од темите што ја отворија дискусијата. (линк до текстот во коментар)

За проблемите што нè засегаат сите. За градот во кој живееме. За општеството во кое сакаме да живееме.На денешната отвор...
15/10/2026

За проблемите што нè засегаат сите.
За градот во кој живееме.
За општеството во кое сакаме да живееме.

На денешната отворена јавна трибина „Кажи си ја маката“, во организација на #Замисли, граѓаните отворено разговараа за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат.

Агресивната урбанизација и нарушувањето на јавниот простор, последиците од проектот „Скопје 2014“, заштитата на животната средина, младите и образованието, но и разочараноста, апатијата и сè помалата доверба во можноста за општествени промени беа дел од темите што ја отворија дискусијата.

🗣️ Заедничкиот заклучок е јасен: проблемите не се решаваат со молчење. Потребни се поголема граѓанска солидарност, здружено дејствување и конкретни иницијативи што ќе донесат вистински промени.

Затоа што промените почнуваат кога ќе го кренеме гласот. Заедно. ❤️

#Замисли #КажиСиЈаМаката #Скопје

Кажи си ја маката!📅 15 октомври (четврток)🕕 18:00 часот📍 КСП Центар – Јадро, СкопјеКои се проблемите и предизвиците со к...
12/10/2026

Кажи си ја маката!

📅 15 октомври (четврток)
🕕 18:00 часот
📍 КСП Центар – Јадро, Скопје

Кои се проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат македонските граѓани? Време е отворено да разговараме и заеднички да бараме решенија!

На јавната трибина ќе зборуваме за здравството, образованието, животната средина, урбанизмот и граѓанскиот активизам, со нашите говорници:

🎤 Проф. д-р Нико Беќаровски – состојбите во здравството

🎤 Бленди Ходаи – младите и образованието

🎤 Блаже Јосифовски (Go Green) – мртвите реки и дивите депонии

🎤 Даница Павловска – Циги – урбанизмот и проблемите на Скопје

🎤 Никола Писарев – граѓанскиот активизам

Во организација на ЗАМИСЛИ и БЦКП „Солуција“ – Скопје.

По воведните обраќања, зборот го добиваат граѓаните.
Не чекај некој друг да зборува во твое име. Дојди, кажи си ја маката и биди дел од промената!

Encurtador de Link | O melhor encurtador de links e urls gratuito da internet.

Почитувани пријатели и поддржувачи, Само едно потсетување за промоцијата на книгата 𝗔𝘂𝘁𝗼𝗰𝗿𝗮𝘁𝗶𝘇𝗮𝘁𝗶𝗼𝗻 𝗶𝗻 𝗣𝗼𝘀𝘁-𝗖𝗼𝗺𝗺𝘂𝗻𝗶𝘀𝘁 𝗗𝗲...
13/07/2026

Почитувани пријатели и поддржувачи,

Само едно потсетување за промоцијата на книгата 𝗔𝘂𝘁𝗼𝗰𝗿𝗮𝘁𝗶𝘇𝗮𝘁𝗶𝗼𝗻 𝗶𝗻 𝗣𝗼𝘀𝘁-𝗖𝗼𝗺𝗺𝘂𝗻𝗶𝘀𝘁 𝗗𝗲𝗺𝗼𝗰𝗿𝗮𝗰𝗶𝗲𝘀: 𝗧𝗵𝗲 𝗔𝗿𝗰𝗵𝗶𝘁𝗲𝗰𝘁𝘂𝗿𝗲 𝗼𝗳 𝗦𝘁𝗿𝗮𝘁𝗲𝗴𝗶𝗰 𝗔𝘂𝘁𝗵𝗼𝗿𝗶𝘁𝗮𝗿𝗶𝗮𝗻 𝗥𝘂𝗹𝗲 𝗶𝗻 𝗛𝘂𝗻𝗴𝗮𝗿𝘆 𝗮𝗻𝗱 𝗡𝗼𝗿𝘁𝗵 𝗠𝗮𝗰𝗲𝗱𝗼𝗻𝗶𝗮 од д-р Огнен Вангелов, објавена во издание на Palgrave Macmillan.

📆 15 јули 2026 година (среда)

⏰ 19:00 часот

📍 Културен центар Јадро
https://maps.app.goo.gl/Pjz7wuX8DeHazeYD8

🗣️ За книгата ќе зборуваат:
д-р Малинка Ристевска Јорданова
д-р Борјан Ѓузелов

Модератор: Катарина Синадиновска

Книгата Autocratization in Post-Communist Democracies: The Architecture of Strategic Authoritarian Rule in Hungary and North Macedonia, објавена во издание на Palgrave Macmillan, нуди ново објаснување за тоа како демократиите постепено се трансформираат во конкурентни авторитарни режими.

Анализирајќи ги случаите на Унгарија и Македонија, таа покажува како преку институционални и неформални механизми на моќ постепено се создава нова архитектура на владеење, во која формалните институции, неформалните мрежи, медиумите и економските центри на влијание се интегрираат во единствена пирамидална структура на моќ, предводена од владејачката елита.

Со тоа, книгата нуди оригинален теоретски придонес кон современите дебати за автократизацијата, демократската ерозија и конкурентниот авторитаризам.

👋Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите.

05/06/2026

„Како Европска Унија го поддржуваме регионалниот третман на цврст отпад во Новаци, но тоа не е моментално решение. Ќе разговарам со надлежните институции и со градоначалникот за да видиме што може да се направи, бидејќи обемот на проблемот бара итна реакција“ - посочи Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас. 🇪🇺 🤝 🇲🇰

❗️Дивата депонија во Струга – „Замисли“ ја мобилизираше и ЕУ да притисне за побрзо решавање на проблемот❗️Евроамбасадоро...
05/06/2026

❗️Дивата депонија во Струга – „Замисли“ ја мобилизираше и ЕУ да притисне за побрзо решавање на проблемот

❗️Евроамбасадорот Михалис Рокас е шокиран од сериозноста на ситуацијата. „Европската Унија стои зад проектот за регионален третман на цврст отпад во битолско Новаци, но тоа е долгорочно решение, а состојбата овде бара итни мерки. Ќе разговарам со надлежните институции и со градоначалникот за да утврдиме кои конкретни чекори можат веднаш да се преземат.“, истакна Рокас.

📌Детали и фотографии од настанот што „Замисли“, „Солуција“ и локалните партнери од Струга ЗРА „Аква“ го организираа вчера може да проследите преку линкот подолу во коментар.

05/06/2026

Регионалната депонија требаше да се изгради одамна за југозападниот дел од Македонија. Како мерка на среден рок, сега треба да се воспостави систем на селекција и рецеклирање на отпадот на ниво на општина Струга. На овој начин ќе се намали количината на отпад која се одлага на струшката депонија.

Како финално решение, секако е затворање на депонијата во Струга и облагородување на целиот тој простор.

🗣️ Глигорие Ќатоски, адвокат и активист

Address

бУлица „Партизански одреди“ бр. 63
Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Замисли / Imagine posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Замисли / Imagine:

Shortcuts

Share

Nearby non profit organizations