Здружение на граѓани РАСТ

Здружение на граѓани РАСТ Здружение на родители за деца со нарушувања и проблеми

На нашите херои - сите медицински сестри, од името на членовите на Здружение на граѓани РАСТ  им го честитаме денешниот ...
12/05/2026

На нашите херои - сите медицински сестри, од името на членовите на Здружение на граѓани РАСТ им го честитаме денешниот ден!!!

29/04/2026

Почитувани, упатуваме голема благодарност до Градинка „Росица“ Ѓорче Петров и Директорката Daniela Temelkova , за вчерашниот настан и за досегашната прекрасна соработка со нашето Здружение. Соработката секако ќе продолжи и понатаму, а ги повикуваме и сите други градинки и училишта да се охрабрат и по примерот на Градинка Росица, да земат учество во зголемување на свесноста за растот кај децата, бидејќи: ,,Децата имаат кратко време да порастат, а цел живот да живеат со резултатите"!
Во прилог е песничка за растот снимена од страна на музичкиот педагог на Градинката Росица, како и инсерти од вчерашниот прекрасен настан.

Со почит,
Здружение РАСТ

Почитувани , во соработка со градинката Росица од Општина Ѓорче Петров , денес во домот на културата ќе се одржи едукати...
28/04/2026

Почитувани , во соработка со градинката Росица од Општина Ѓорче Петров , денес во домот на културата ќе се одржи едукативно предавање и претстава на тема РАСТ , за кратко ќе се вклучиме во живо со можност да го проследите настанот.
Со почит Здружение РАСТ.

Целата емисија на која гостуваше нашата почитувана и драга Проф. Др. Марина Крстевска Константонова, можете да ја поглед...
22/04/2026

Целата емисија на која гостуваше нашата почитувана и драга Проф. Др. Марина Крстевска Константонова, можете да ја погледнете на линкот во коментар.

Се повеќе родители денес се прашуваат дали нивното дете ќе порасне доволно или пубертетот ќе го скрати растот. Бидејќи децата се порано влегуваат во пубертет, стравот дека ќе останат ниски е се поприсутен. Што денеска значи нормален почеток на пубертетот? Дали во тој процес имаат влијанеи и дебелината, тироидната жлезда, но и инсулинската резистенција? Родителите често се изненадени кога ендокринолог бара рентген на шаката на нивното дете при проценката на пубертетот. Што точно покажува ова снимање? Разговаравме со проф. д-р. Марина Крстевска – Константинова – детски ендокринолог.

07/04/2026
Среќен празник на сите жени! Бидете почитувани и сакани постојано низ животот, а не само денес!Со почит,Здружение на гра...
08/03/2026

Среќен празник на сите жени! Бидете почитувани и сакани постојано низ животот, а не само денес!
Со почит,
Здружение на граѓани РАСТ

Почитувани, денес на покана од Директорката Ана Робева на ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ - Ѓорче Петров,  Здружение...
26/02/2026

Почитувани,
денес на покана од Директорката Ана Робева на ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ - Ѓорче Петров, Здружението на граѓани РАСТ како член на Алијансата за ретки болести на Р.Македонија, беше дел од одбележувањето на февруари - Месецот на ретки болести, под мотото „Ретко е да си редок“.
Овој настан беше повеќе од одбележување датум, беше силна порака за заедништво, емпатија и поддршка.
Во духот на глобалната кампања и иницијативите на EURORDIS денеска и училиштето испрати јасна порака дека лицата со ретки болести не се невидливи - тие се дел од нас и нашето секојдневие.
Голема благодарност до Општина Ѓорче Петров и основните училишта на територијата на Општината, а посебна благодарност до ООУ ,,Димитар Поп Георгиев - Беровски за организацијата на овој исклучително важен настан, за одбележувањето на месецот на ретките болести, како и подигнување на свеста за ретките болести.

Со почит,
Здружение на граѓани РАСТ

#МесецНаРеткиБолести #РеткоЕДаСиРедок #ЗаедноСмеПосилни

Почитувани, денес се реализира една од поубавите наши активности, а тоа е предновогодишната забавна работилница и дружба...
27/12/2025

Почитувани, денес се реализира една од поубавите наши активности, а тоа е предновогодишната забавна работилница и дружба. Благодарение на Директорката м-р Daniela Temelkova и Стручниот тим на Градинка „Росица“ Ѓорче Петров, нашите дечиња имаа можност да ја гледаат куклено театарската претстава ,,Растам јас, растеш ти, и различно сме високи", но и да го пречекаат Дедо Мраз. Потоа децата имаа можност преку збавна едукативна работилница да ги искажат своите, чувства, желби и креативни идеи. Работилницата ја водеше Клиничкиот логопед специјалист Ljupka Kostovska и нашиот координатор мед. сестра Биљана Стефановска.
Благодарност до сите наши партнери и одговорни компании кои помогнаа да се реализира оваа наша активност и секако голема благодарност до целиот тим на Градинка Росица, за прекрасната атмосфера и моќната порака од представата. Тимот на Здружение на граѓани РАСТ на сите дечиња им посакува добро здравје и среќни и весели Новогодишни и Божиќни празници.

Со почит,
Здружение РАСТ

Почитувани, денес во просториите на Општина Ѓорче Петров, се оствари работна средба помеѓу Претседателот на Здружение на...
16/12/2025

Почитувани, денес во просториите на Општина Ѓорче Петров, се оствари работна средба помеѓу Претседателот на Здружение на граѓани РАСТ Aleksandar Petrovski и Градоначалникот на Ѓорче Петров Др.Александар Стојкоски. На средбата нашето Здружение доби безрезервна поддршка за рестарт на кампањата за рано откривање на нарушен раст кај децата, со што ќе бидат опфатени и детските градинки на територијата на општина Ѓорче Петров. Од името на сите членови на нашето Здружение, упатуваме огромна благодарност до Др. Александар Стојкоски за неговиот ангажман и поддршка. Во периодот што следи се надеваме на реализација на договореното. Остануваме посветени на активностите во интерес на нашите пациенти кои ги застапуваме.

Со почит
Здружение РАСТ

Address

Skopje
1000

Telephone

+38975451080

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение на граѓани РАСТ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share