29/10/2026
🇲🇰🎿🏔️ФПСМ – полноправна членка на Меѓународната Федерација за Ски-планинарство (ISMF), одлука донесена на Пленарното собрание на ISMF, одржано на 16ти и 17ти октомври 2026 година во Закопане, Полска.
Денес, во ISMF членуваат повеќе од 50 национални федерации.
Со полноправното членство ФПСМ станува официјален претставник на македонското ски-планинарство во ISMF, која од 2016 е целосно признаена од Меѓународниот Олимписки Комитет. Овој спорт на Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 го имаше своето олимписко деби.
Членството за нашите клубови и натпреварувачи значи:
• настап на натпреварите од календарот на ISMF – Светскиот куп, светските и континенталните првенства– како дел од македонската репрезентација;
• полноправно учество во работата и одлуките на ISMF;
• пристап до правилата, стандардите и едукацијата на ISMF за судии, тренери и организатори на трки;
• поврзаност со олимпиското движење: ски-планинарството дебитираше на 19 февруари 2026 година во Бормио, на Игрите Милано - Кортина 2026.
💯🗓️Сто години традиција
Долго пред да се зборува за SkiMo, планинарите се искачуваа на Шар Планина и Пелистер и се спуштаа со скии.
Малку историја за скијањето на нашите планини:
🏔️⛷️Шар Планина
1924 година
Првите скии во Тетово ги донел Орестије Крстиќ во 1924/25 година.
1926 година
На 3ти март е забележано првото спуштање со скии од повисок предел – од врвот Љуботен.
1927 година
Откриени се терените на Попова Шапка.
Првите тетовски скијачи пешачеле по пет часа, со скиите на рамо, до терените на Шар Планина.
1934 година
На 11ти ноември е отворен првиот планинарски дом на Попова Шапка, а истата година е одржан првиот скијачки натпревар меѓу тетовски и скопски скијачи.
🏔️⛷️Пелистер
1933година
Во Битола, Панде Димитровски уште во сам си изработил скии.
1935 година
На 31ви декември е основано планинарското друштво „Пелагонија“.
1937 година
Друштвото почнало да гради дом на Копанки.
1938 година
Ја формирале првата скијачка секција.
1940 година
Во почетокот на март 1940 година „Пелагонија“ организирала невообичаен натпревар. Осуммина членови тргнале пред изгрејсонце од Штампаревац и на скии минале преку врвот Пелистер, покрај Малото и Големото Езеро и погребенот на Баба преку Муза и Неолица, до Битола. Околу 48 километри изминале за седумнаесет и пол часа, и во Битола стигнале во 21:00 часот.
Меѓу учесниците биле Борис Алтипармак, Димитар и Спирко Спирковски, Петар Бојаџиевски, Васил Дамјановскии Вангел Василевски.
1941 година
На 2 март следувала трка од 38 километри, со старт од домот на Копанки. Прв бил Петар Бојаџиевски, втор Вангел Василевски, а трет Петар Лазаревски. Тоа било ски-планинарство уште пред да го добие ова име.
Од турно скијање до SkiMo
2024 година
На Пелистер на 14ти Април 2024 за прв пат од осамостојувањето на Македонија се одржува Турно Ски куп натпревар.
2025 година
Во рамките на Турно купот на Македонија – Шар Планина 2025, ФПСМ и ПК Кораб од Скопје за прв пат организираат натпревар во дисциплината „спринт“. Во купот учествуваат 20 натпреварувачи, 15 мажи и 5 жени.
2026 година
На Пелистер и Попова Шапка поради неповолните снежни и временски услови натпреварите се откажани.
Во февруари 2026 година, по повод 100-годишнината од првото скијање во Македонија, ПК Љуботен и Комисијата за турно скијање при ФПСМ организираат турно тура до врвот Љуботен.
Во своето обраќање на Генералното Собрание во Закопане, Претседателот на ФПСМ- Даниело Божиновски изјави:
„Ова е ден за сите генерации планинари кои ги искачуваа Шара и Пелистер на скии – од пионерите од 1926 и 1940 година до денешните натпреварувачи. Полноправното членство во ISMF е признание за нивната работа, но и обврска.
Сакам јавно да им се заблагодарам на Томица Котевски, претходниот Претседател на Комисијата за турно скијање при ФПСМ, и на Петар Нолев. Нивниот придонес за развојот на овој спорт е огромен, а нивната работа е темелот врз кој денес стоиме. Без нив оваа мисија немаше да успее.
Сега пред нас е нова задача: да создадеме услови младите да тренираат, да се натпреваруваат и да ја претставуваат Македонија на светските трки. Тоа им го должиме и на пионерите и на генерациите што доаѓаат.“
Посебна благодарност до ISMF и до федерациите-членки за довербата.
Се гледаме на снегот!
https://www.fpsm.org.mk/%d1%84%d0%bf%d1%81%d0%bc-%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%bd%d0%be%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d1%87%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-ismf/
International Ski Mountaineering Federation
Министерство за спорт / Ministry of sports
MKD Olympic Team