28/04/2026
Со голема гордост споделуваме дека на 25.04.2026 успешно го реализиравме општинскиот натпревар по Прва помош, кој помина во одлична атмосфера, тимска работа и посветеност.
Натпреварот се одвиваше на 3 бази со вкупно 9 повреди, каде учесниците ги покажаа своите знаења, вештини и подготвеност за реагирање во различни ситуации.
Најдобри резултати постигнаа:
📍 Основни училишта:
🥇 ООУ „Гоце Делчев“
🥈 ООУ „Св. Кирил и Методиј“
🥉 ООУ „Кочо Рацин“
📍 Средни училишта:
🥇 СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“
🥈 ПСУ „Алгоритам“
🥉 СУГС Гимназија „Раде Јовчевски - Корчагин“
Во реализацијата на настанот беа вклучени 30 волонтери, кои со својата посветеност и ангажман придонесоа за неговата успешна организација.
Им честитаме на сите учесници за вложениот труд и покажаното знаење, како и на волонтерите за нивната огромна поддршка.
Продолжуваме да градиме генерации подготвени да помогнат.
#црвенкрст #првапомош #волонтери #скопје