Хелсиншки комитет за човекови права - Helsinki Committee for Human Rights

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Хелсиншки комитет за човекови права - Helsinki Committee for Human Rights

Хелсиншки комитет за човекови права - Helsinki Committee for Human Rights Helsinki Committee for Human Rights - Хелсиншки комитет за човекови права

Во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институц...
22/05/2026

Во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, Хелсиншкиот комитет за човекови права одржа дводневна обука на 18 и 19 мај на тема „Прегореност од работа, превенција и справување“ за вработените во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје.
Обуката беше насочена кон препознавање на раните знаци на burnout, разбирање на професионалниот стрес и викариозната траума, како и развивање практични механизми за грижа за себе, поставување граници и справување со емоционално оптоварување.
Преку интерактивни сесии, практични вежби и дискусии, учесниците работеа на јакнење на личните и професионалните капацитети за превенција од прегореност и одржување на психосоцијалната благосостојба во работната средина.
Обуката ја спроведоа Деспина Стојановска и Габријела Бошков.
Проектот е финансиран од Европската унија.

Во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, Хелсиншкиот комитет за човекови прав....

На 28.04.2026 година, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик...
22/05/2026

На 28.04.2026 година, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, Хелсиншкиот комитет за човекови права реализираше обука за превенција од употреба на дрога и психоактивни супстанции за вработените во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје.
Во рамки на обуката беа обработени теми поврзани со митови и нормативни верувања за употреба на психоактивни супстанции, зависност и ризици од употребата, влијанието на врсничкиот притисок, како и комуникациски вештини и развивање отпорност кај младите.
Работилницата се реализираше преку практични вежби, работа во групи и дискусии, при што учесниците ги споделија предизвиците со кои се соочуваат во секојдневната работа со деца и младинци.
Учесниците ја истакнаа потребата од дополнителни, континуирани и практично насочени обуки, особено во делот на работа со деца кои веќе употребуваат психоактивни супстанции или имаат развиено зависност.
Обуката ја спроведе Лилјана Игњатова.
Проектот е финансиран од Европската унија.

На 28.04.2026 година, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, Хелсиншкиот комитет ....

🥁 Овогодишниот Скопје Прајд ќе се одржи под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know“🫂 Со него сакаме да ѝ се спрот...
18/05/2026

🥁 Овогодишниот Скопје Прајд ќе се одржи под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know“

🫂 Со него сакаме да ѝ се спротивставиме на тишината што ни се сервира како услов за безбедност и прифаќање, како и на замолчувањето што го добиваме како одговор на нашите барања и протести. „Сите нека знаат“ е порака против системското бришење и истиснување на ЛГБТИК+ луѓето од јавниот простор, културата и колективната меморија.

🗣️ Со овој слоган јасно порачуваме дека постоиме, тука сме и одбиваме да се смалуваме за да бидеме прифатени. Ние сме дел од семејствата, пријателствата, работните места и секојдневниот живот на ова општество. Истовремено, сакаме да укажеме и на тежината што видливоста сè уште ја носи за многу ЛГБТИК+ луѓе, кои живеат со страв од последиците доколку „сите дознаат“.

📍 Парадата на гордоста ќе се одржи на 20 јуни 2026 година. Собирањето на учесниците ќе започне во 18 часот кај Фонтаната во Градски парк, а маршот ќе започне во 19 часот. Поворката ќе се движи по булеварот Илинден, улицата Рузвелтова, булеварите Партизански одреди и ВМРО, како и по улицата Димитрије Чуповски, со завршница во Жена парк – Борец.

Основниот граѓански суд донесе пресуда со која утврди индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација врз индивиду...
08/05/2026

Основниот граѓански суд донесе пресуда со која утврди индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација врз индивидуалните земјоделки во остварување на правото од областа на здравствено осигурување-право на надомест на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство и право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда преку Законот за здравствено осигурување. Со Пресудата се задолжуваат тужените Република Северна Македонија – Влада на Република Северна Македонија Скопје и Министерството за здравство да иницираат измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување.


Civica Mobilitas
Embassy of Switzerland in North Macedonia

Основниот граѓански суд донесе пресуда со која утврди индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација врз индивидуалните земјоделки во остварување на прав...

Блупринт групата го поздравува усвојувањето на новата резолуција на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ)...
05/05/2026

Блупринт групата го поздравува усвојувањето на новата резолуција на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) која се однесува на унапредување на постапката за избор на судии во Европскиот суд за човекови права.
Резолуцијата претставува значаен чекор кон зајакнување на транспарентноста, интегритетот и кредибилитетот на процесите за избор на судии. Со неа се нагласува потребата сите кандидати да поседуваат највисоко ниво на стручност, независност и непристрасност, а самата постапка да биде фер, транспарентна и ефикасна.
Во оваа насока уште еднаш потенцираме институциите во Република Северна Македонија да ги усогласат своите практики со овие стандарди и да обезбедат целосно почитување на процедурите, особено во процесите кои директно влијаат врз независноста и интегритетот на правосудниот систем.

05 Мај Известување за нови критериуми за избор на судија во Европскиот суд за човекови права Објавено 11:02h во Новости, Соопштениија by Блупринт група Блупринт групата...

30/04/2026

Фудбалот е повеќе од игра. ⚽
Фудбалот е простор за заедништво. 🤝
👉 Почитта е дел од правилата и секој од нас има улога да ја зачува!

#ПочитувајЈаИграта #ЦрвенКартонЗаОмразата 🚫🟥
🚫🟥
🚫🟥
🚫🟥
#ПоштујИгру #ЦрвениКартонЗаМржњу 🚫🟥
🚫🟥

„Комисијата е многу важна за сите граѓани бидејќи позади речиси секое кршење на човековите права постои некаков дискрими...
29/04/2026

„Комисијата е многу важна за сите граѓани бидејќи позади речиси секое кршење на човековите права постои некаков дискриминаторски основ“, рече Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Дискриминација во комисијата пријавиле бремени жени што биле незаконски избркани од работа, етнички малцинства, особено Роми, лица со попреченост и други ранливи групи.

Затоа експертите сметаат дека е многу важно членовите на Комисијата да се сензибилизирани за работа со луѓе од маргинализирани заедници.

Како најчест дискриминатор се појавуваат државните институции. Лани биле утврдени 39 случаи на дискриминација во јавниот сектор, или во 70 отсто од случаите каде што Комисијата утврдила дискриминација.

Пировска вели дека Комисијата се разликувала од другите институции по тоа што граѓаните имаат доверба во нив и знаат дека може да добијат помош.

„Со вакви ситуации се враќаме назад. Тоа ќе ги одврати граѓаните да пријавуваат дискриминација и да се обраќаат. Едноставно да ја изгубат довербата како што ја имаат изгубено довербата во судовите и во другите институции“, заклучи таа.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е важна институција која политичките елити пробуваат да ја инстурументализираат

Address

Naum Naumovski Borche 83
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 16:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 16:00
Thursday 09:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00

Telephone

+38923119073

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Хелсиншки комитет за човекови права - Helsinki Committee for Human Rights posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Хелсиншки комитет за човекови права - Helsinki Committee for Human Rights:

Share