European Movement EMMK

European Movement EMMK European Movement EMMK is a full member of the European Movement International (Brussels). EMMK promotes the EU and the European values in national context since 1991, as well as advocate the EU integration of RM in all this period.

The European Movement in the Republic of North Macedonia is a non-governmental, non-partisan, and non-profit organization dedicated to promoting European values, democracy, and the country’s integration into the European Union. Established in 1991, it serves as a platform for dialogue, advocacy, and cooperation among citizens, institutions, and civil society in support of North Macedonia’s Europea

n future. The organization is part of the wider network of International European Movement organizations, contributing to building understanding, partnerships, and reforms aligned with EU standards.

🎉 Успешно ја завршивме нашата тродневна обука во рамки на проектот ROOT-WB!Три дена исполнети со учење, отворени дискуси...
03/09/2026

🎉 Успешно ја завршивме нашата тродневна обука во рамки на проектот ROOT-WB!

Три дена исполнети со учење, отворени дискусии, размена на искуства и многу нови идеи. Особено задоволство беше да се работи со исклучително квалитетна група – учесници кои дојдоа со желба да учат и да дискутираат, но и со огромно знаење и искуство што несебично го споделуваа со останатите. 🙌

Последниот ден го посветивме на социјалната кохезија, дигиталната комуникација и активното граѓанство во контекст на Северна Македонија, заокружувајќи ги темите и знаењата од изминатите три дена. 🇲🇰🇪🇺

Благодарност до сите учесници за енергијата, посветеноста и квалитетните дискусии. Токму ваквата размена е она што ја прави една обука навистина вредна.

📸 Дел од атмосферата од нашиот трет и последен ден!

🇪🇺 Втор ден – зборуваме за демократија, учество и Европската Унија!Денес продолжуваме со нашата тродневна обука во рамки...
02/09/2026

🇪🇺 Втор ден – зборуваме за демократија, учество и Европската Унија!

Денес продолжуваме со нашата тродневна обука во рамки на проектот ROOT-WB, а фокусот го ставаме на демократското учество и Европската Унија.

Преку интерактивни сесии, дискусии и практична работа, учесниците истражуваат што значи активно да се учествува во демократските процеси, како младите можат да го направат својот глас повидлив и каква улога имаат граѓаните во креирањето на општеството во кое сакаат да живеат.

Разговараме и за Европската Унија – нејзините вредности, институции и процеси, но пред сè за тоа што значи европското граѓанство во пракса и кои можности ги отвора за младите и нивното активно учество.

Продолжуваме да учиме едни од други, да разменуваме ставови и да создаваме простор во кој младите не се само набљудувачи, туку активни учесници во демократските процеси.

📸 Ви пренесуваме дел од денешната атмосфера – продолжуваме со нови идеи, прашања и дискусии!

🚀 Започнавме!Денес во просториите на Граѓански ресурсен центар официјално ја стартувавме нашата тродневна обука посветен...
01/09/2026

🚀 Започнавме!

Денес во просториите на Граѓански ресурсен центар официјално ја стартувавме нашата тродневна обука посветена на демократското учество, младинскиот ангажман и активното граѓанство, дел од проектот ROOT-WB. 🇪🇺🙌

💬 Пред нас се три дена исполнети со учење, дискусии, размена на искуства и практична работа на теми како младинско застапување, инклузија и волонтирање, демократско учество, дигитална комуникација и борба против дезинформации.

Најважно од сè – заедно ќе развиваме идеи и конкретни иницијативи кои можат да донесат позитивни промени во нашите заедници.

📸 Ви пренесуваме дел од атмосферата од почетокот, а наскоро споделуваме уште!

🚨 Останува уште малку време за пријавување! ⏳🔥Ако имаш 18–30 години? Искористи ја шансата за бесплатна обука, нови вешти...
17/08/2026

🚨 Останува уште малку време за пријавување! ⏳🔥

Ако имаш 18–30 години? Искористи ја шансата за бесплатна обука, нови вештини и вмрежување!

Европското движење во Република Северна Македонија (ЕММК) ве поканува да се пријавите на тридневната обука наменета за јакнење на капацитетите на организациите на...

За македонскиот народ, Илинден е значаен датум во календарот. Овој ден нè потсетува на храброста, достоинството и стреме...
02/08/2026

За македонскиот народ, Илинден е значаен датум во календарот. Овој ден нè потсетува на храброста, достоинството и стремежот кон слобода и подобра иднина – вредности што низ генерации го обликувале македонското општество.

Минатото не можеме да го промениме, но можеме да учиме од него. Најголемата почит кон оние што се бореле пред нас е денес да градиме држава заснована на демократија, владеење на правото, социјална правда и соживот.

Патот кон подобра иднина може да биде различен, но никогаш не е лесен и брз. Тој пат е неостварлив без одговорност од оние што треба да ја преземат, без дијалог и континуитет во реформските процеси. Илинден нека биде потсетник дека секоја генерација има своја задача – не да ги повторува борбите од минатото, туку да ги продолжи идеалите со можностите на своето време.

Нека ни е честит Илинден!

🌟 Искористи ја можноста – пријавите се отворени!https://forms.gle/JSxFmusH4djP6Zoi8Сѐ уште имаш можност да се пријавиш н...
29/07/2026

🌟 Искористи ја можноста – пријавите се отворени!
https://forms.gle/JSxFmusH4djP6Zoi8

Сѐ уште имаш можност да се пријавиш на тридневната обука за млади на возраст од 18 до 30 години и да стекнеш практични знаења за активно граѓанство, младинско застапување, Европската Унија, дигитална комуникација и борба против дезинформации. 🌍💬

📅 Обуката ќе се одржи од 1 до 3 септември 2026 во Граѓанскиот ресурсен центар – Скопје. Краен рок за пријавување: 18 август 2026. Бројот на места е ограничен, затоа не чекај до последен момент!

📖 Повеќе информации за програмата, критериумите за учество и процесот на пријавување:
https://europeanmovement.org.mk/povik-za-uchesnitsi.../

Европското движење во Република Северна Македонија (ЕММК) ве поканува да се пријавите на тридневната обука наменета за јакнење на капацитетите на организациите на...

🗳️ Граѓанското учество е темел на демократските општества, но со какви предизвици се соочува денес во регионот и Европа?...
23/07/2026

🗳️ Граѓанското учество е темел на демократските општества, но со какви предизвици се соочува денес во регионот и Европа?

Во рамки на проектот ROOT-WB, ги претставуваме истражувањата „Извештаи за проценка на трендовите и препреките за граѓанско учество – Компаративна анализа на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Северна Македонија, Албанија, Хрватска и Франција“.

🇲🇰 https://bit.ly/Извештај-мк
🇬🇧 https://bit.ly/Assesment-report-EN

🔎 Анализата нуди сеопфатен преглед на состојбите во седум држави, ги идентификува клучните трендови, предизвици и можности за унапредување на граѓанското учество, како и препораки за зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесите на креирање јавни политики.

🎯 Ако имаш 18–30 години и сакаш да стекнеш нови вештини, да запознаеш инспиративни млади луѓе и да научиш како твоите ид...
22/07/2026

🎯 Ако имаш 18–30 години и сакаш да стекнеш нови вештини, да запознаеш инспиративни млади луѓе и да научиш како твоите идеи можат да влијаат врз заедницата – оваа обука е за тебе. Тренингот ќе го реализираме во партнерство со Qendra Shqiptare per Edukim Perkujdesje dhe Trajnim - ACT-Center од Албанија.

💡 Ќе работиме на:
🇪🇺 демократско учество и Европската Унија
📢 младинско застапување и активно граѓанство
📱 дигитална комуникација и борба против дезинформации
🤝 развивање локални иницијативи што носат промени

📍 Граѓански ресурсен центар - Скопје | 📅 1–3 септември 2026

✨ Учеството е бесплатно, а по успешно завршување на обуката ќе добиеш сертификат. Обуката ќе се одржува на англиски јазик.

⏳ Пријави се до 18 август – бројот на места е ограничен!
Формулар за пријава: https://forms.gle/JSxFmusH4djP6Zoi8

📖 За повеќе информации за програмата, критериумите за учество и процесот на пријавување, погледнете ја објавата на нашата веб-страница 👇
https://europeanmovement.org.mk/povik-za-uchesnitsi-obuka-za-jaknene-na-kapatsitetite-na-graganskoto-opshtestvo-i-mladinskite-aktivisti/

📢 Минатата недела, го одржавме онлајн настанот со тема: „Граѓанско учество и демократски дијалог во Западен Балкан: пред...
01/07/2026

📢 Минатата недела, го одржавме онлајн настанот со тема: „Граѓанско учество и демократски дијалог во Западен Балкан: предизвици, можности и перспективи“.

🗣️На настанот го презентиравме регионалниот документ „Извештаj за трендовите и препреките во граѓанското учество", кој е достапен на нашата веб страна, а потоа следеше дискусијата поврзана со состојбите на граѓанскиот сектор во државата и регионот.

🤝Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Регионална одговорност за нашата иднина: Граѓаните и граѓанското општество – двигатели на европските вредности на Западен Балкан“ (ROOT-WB), поддржан од Европската Унија преку програмата CERV.

⏳ Сѐ уште имате време да се пријавите!Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од онлајн панел дискусијата: „Граѓанското...
23/06/2026

⏳ Сѐ уште имате време да се пријавите!

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од онлајн панел дискусијата: „Граѓанското учество и демократската вклученост во Западен Балкан: Предизвици, можности и перспективи“.

🗓️ 25 јуни 2026 (четврток)
🕐 13:00 часот
💻 Zoom

На настанот ќе бидат презентирани наодите од регионалното истражување за граѓанско учество, по што ќе следува дискусија со претставници од граѓанскиот сектор и правната фела за предизвиците, можностите и перспективите на демократската вклученост во регионот.

✅ Пријавете го вашето учество тука: https://forms.gle/GxtH57dTiVAVh4Hf7

Ве очекуваме!

***

Овој настан е дел од проектот „Регионална одговорност за нашата иднина: Граѓаните и граѓанското општество – двигатели на европските вредности на Западен Балкан“ (Regional Ownership of Our Tomorrow: Citizens and Civil Society Growing EU Values in the Western Balkans - ROOT WB), поддржан од Европската Унија преку програмата CERV.

Почитувани, Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на онлајн настан што се организира во рамките на проектот „Регионална одговорност за нашата иднина: Граѓаните ....

Address

Костадин Кирков 5/8
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when European Movement EMMK posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to European Movement EMMK:

Shortcuts

Share