Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Здружение Иницијатива  за правата на жените од Шуто Оризари Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, Non-Governmental Organization (NGO), Хаџи Јован Шишко бр. 15, Skopje.

Здружение Иницијатива за правата на жени од Шуто Оризари делува во повеќе области и тоа: социјални права, здравствени права, дискриминација, сексуално-репродуктивни права, семејно и родово базирано насилство, повратници од странство. Делуваме како параправнички и теренски работнички и нудиме директни услуги и едукација на населението во Шуто Оризари во областа на социјалната и здравствената заштит

а и дискриминацијата.
Преку оваа страна сакаме да ја информираме пошироката јавност за проблемите со кои секојдневно се соочуваат жените од Шуто Оризари.

Контакт лицa: Салија Беќир Халим
Контакт телефон: +389 2 26 51 955

22/06/2026

🇲🇰 Денес e објавен Јавниот оглас за учество во програмата Самовработување.
Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и истото ќе трае од денес до 03.07.2026 година.
Процесот на селекција се одвива низ неколку фази и има за цел да поддржи најдобри идеи и бизнис планови.
Висината на финансиската поддршка во форма на грант за основање и започнување на бизнисите, изнесува 7.000 евра доколку аплицира лице кое е постаро од 29 години, а доколку станува збор за младо лице на возраст до 29 години, висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 евра.
Доколку пак станува збор за здружување на корисници во ДОО, поддршката изнесува до 20.000 евра, зависно од целните групи.
Повеќе информации на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx
________________________________________________
🇦🇱 Sot është publikuar Shpallja Publike për pjesëmarrje në programin e Vetëpunësimit.
Aplikimet bëhen në 30 Qendrat e Punësimit dhe do të zgjasin duke filluar nga sot deri më datën 03.07.2026.
Procesi i përzgjedhjes zhvillohet në disa faza dhe synon të mbështesë idetë dhe planet më të mira të biznesit.
Shuma e mbështetjes financiare në formën e grantit për themelimin dhe fillimin e bizneseve është 7,000 euro nëse aplikanti është një person më i vjetër se 29 vjeç, dhe nëse është një person i ri deri në 29 vjeç, shuma e mbështetjes financiare është 10.000 euro.
Nëse bëhet fjalë për shoqërimin e përdoruesve në një ShPK., mbështetja është deri në 20.000 euro, varësisht nga grupet e synuara.
Më shumë informacion në linkun e mëposhtëm: https://av.gov.mk/konkurse-per-masat-aktive.nspx

🎒 Градинка за секое дете! 👶✨Повеќе од 79.000 деца на возраст од 0–6 години во Северна Македонија сè уште немаат пристап ...
19/06/2026

🎒 Градинка за секое дете! 👶✨
Повеќе од 79.000 деца на возраст од 0–6 години во Северна Македонија сè уште немаат пристап до предучилишна грижа, а побарувачката постојано расте 📈

На конференцијата „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“, беа споделени клучни наоди и препораки за иновативни модели на финансирање 🧩

- „Ќе предложиме модел за ваучери, со кои децата од ранливи семејства и децата на листи на чекање ќе добијат можност да се запишат во приватни градинки,“ изјави министерот Фатмир Лимани.
- Според претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер: „Целта не е само повеќе места во градинките, туку подобри можности за секое дете – во секоја заедница.“
-„... наша обврска е да одговориме со конкретни решенија. Затоа инвестираме во нови капацитети кои ќе овозможат згрижување на дополнителни 3.515 деца низ државата", порача заменик министерот Ѓоко Велковски

🤝 Со комбинирање на јавни и приватни инвестиции, можеме побрзо да креираме нови места и да обезбедиме еднаков пристап, особено за најранливите деца.

💡 Раното детство е темел на иднината
Инвестицијата денес = подобра иднина утре 🌱

Прочитајте повеќе на линкот во коментар 🔗

Министерство за труд и социјална политика Fatmir Limani

📢 Во рамки на проектот „Зајакнати – градиме родово одговорно буџетирање во Гази Баба“, одржавме работна средба со претст...
19/06/2026

📢 Во рамки на проектот „Зајакнати – градиме родово одговорно буџетирање во Гази Баба“, одржавме работна средба со претставници од Општина Гази Баба, на која ги презентиравме досегашните проектни активности и тековното теренско истражување насочено кон идентификување на локалните потреби и предизвици.
Средбата овозможи конструктивна размена на информации и идеи, при што беше истакната важноста од соработката со локалната самоуправа во процесот на унапредување на родово одговорното буџетирање и креирањето политики што одговараат на потребите на граѓаните.

📢 Успешно реализирана дводневна средба во Маврово за вмрежување и заедничко делување на граѓанските организации! Преку р...
10/06/2026

📢 Успешно реализирана дводневна средба во Маврово за вмрежување и заедничко делување на граѓанските организации!

Преку размена на искуства, мапирање на предизвиците и планирање на заеднички иницијативи и организациите ги зајакнаа партнерствата.

Средбата беше можност за заедничко учење, развој на нови идеи и креирање иницијативи кои ќе придонесат кон поголема заштита, еднаквост и пристап до услуги за сите граѓани.

На средбата учествуваме со партнерските организации:
- Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство
- Станица пет
- Ценатр за еднаквост и правда

#Вмрежување #ЗаедничкоДелување

📢 Во рамки на проектот „Зајакнати - градиме родово одговорно буџетирање во Шуто Оризари“, поддржан од Хелсиншкиот комите...
08/06/2026

📢 Во рамки на проектот „Зајакнати - градиме родово одговорно буџетирање во Шуто Оризари“, поддржан од Хелсиншкиот комитет оддржавме работна средба со претставничка од општина Шуто Орозари каде што ги презентиравме тековните активности каде што се спроведува теренско истражување за идентификување на локалните потреби и предизвици.
Средбата придонесе за подобра координација и размена на информации меѓу вклучените страни, при што беше нагласена важноста од активно учество на локалните институции во процесите на родово одговорно буџетирање.
🫶Благодарност до Општина Шуто Оризари за подготвеноста за понатамошна соработка во насока на унапредување на родовата еднаквост и инклузивниот локален развој.

💜 Мајчиното ментално здравје не смее да остане табу тема.На 1 јуни 2026 година ја одржавме конференцијата „Мајчиното мен...
02/06/2026

💜 Мајчиното ментално здравје не смее да остане табу тема.

На 1 јуни 2026 година ја одржавме конференцијата „Мајчиното ментално здравје како приоритет: од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“, на која отворивме важна дискусија за потребата од поголема поддршка за жените во бременоста и по породувањето.

На конференцијата зборувавме за потребата од информации и едукација за жените, за подобра поддршка од институциите, семејството и заедницата, како и за потребата услугите да бидат достапни блиску до местото каде што живеат жените. Посебен акцент беше ставен за потребата од поголемо вклучување на партнерите во поддршката на жените во перинаталниот период.

Преку панел-дискусијата беше истакнато дека унапредувањето на перинаталното ментално здравје бара мултисекторска соработка и конкретни чекори од здравствените, социјалните и локалните служби. Како и вклучување на здравствените установи од различни нивоа во едукацијата, раното откривање и упатување на жените по однос на перинаталното ментално здравје.

Ќе продолжиме да зборуваме гласно за ова прашање и да се залагаме за достапна и навремена поддршка за секоја мајка. 🤍

Настанот го организираа Здружение ЕСЕ и Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција, со поддршка од Амбасадата на Франција во Северна Македонија Ambassade de France à Skopje.

#МајчиноМенталноЗдравје #ПеринаталноМенталноЗдравје #ПоддршкаЗаМајките #ЕСЕ #Реактор #ЖенскоЗдравје #ПоддршкаЗаЖените #АмбасадаНаФранцијаВоСкопје

Почитувани,📢 Со задоволство Ве информираме дека започна со работа специјалистичката ординација ПЗУ Др. PINI во Скопје.Во...
21/05/2026

Почитувани,

📢 Со задоволство Ве информираме дека започна со работа специјалистичката ординација ПЗУ Др. PINI во Скопје.

Во ординацијата се вршат:
🔹 ЕКГ и ехо на срце
🔹 Ехо на тироидна жлезда
🔹 Доплер на каротиди
🔹 Ехо на абдомен

🎉 Промотивно:
Ехо на абдомен по цена од само 1.800 денари.
Ехо на тироидна жлезда 1.500 денари
📍 Адреса: ул. Неџат Аголи 40/4, Скопје

📞 Контакт телефони:
070 602 388
070 581 765

Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена...
14/05/2026

Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди.

Ова не е изолиран случај. Ова е уште еден аларм дека Македонија станува сè поопасно место за живеење за жените. Загрижувачкиот пораст на фемициди и случаи на семејно и родово базирано насилство во 2026 година покажува дека институционалната заштита е недоволна, а системот потфрла да ги препознае и спречи ризиците навреме. И покрај постојаните измени на закони, стратегии и политики, во практика нема суштинско подобрување во заштитата на жртвите. Наместо ефикасна превенција, брза реакција и координирана институционална заштита, повторно сведочиме на загубени животи.

Прочитајте повеќе...

Изминатата недела реализиравме еднодневна едукативна работилница во ООУ „26 Јули“, на тема „Препознавање и превенција на...
06/05/2026

Изминатата недела реализиравме еднодневна едукативна работилница во ООУ „26 Јули“, на тема „Препознавање и превенција на булинг и малолетнички бракови“. На работилницата учествуваа 25 ученици од деветто одделение.

📍Со оваа активност придонесуваме кон превенција и намалување на родово базираното и семејното насилство, со посебен фокус на поддршка на девојчињата и жените во заедницата.

Во текот на работилницата се отворија важни прашања поврзани со:
🔹 препознавање на различни форми на насилство
🔹 начините на заштита и достапните механизми за поддршка
🔹 влијанието на малолетничките бракови и врсничкото насилство (булинг)

Преку интерактивен пристап и отворена дискусија, учениците активно учествуваа, споделуваа свои ставови и стекнаа нови знаења за овие значајни теми.

Оваа активност е дел од проектот „Достапна заштита на жртвите од семејно и родово базирано насилство во Шуто Оризари“, кој го спроведува Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари – Скопје, во рамките на проектот „Јакнење на жените, заштита на нивните права: Зајакнување на граѓанското општество во борбата против родово-базираното насилство во Северна Македонија“, финансиран од Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Address

Хаџи Јован Шишко бр. 15
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+38970308743

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари:

Share