10/10/2026
На Светскиот ден на менталното здравје потсетуваме дека менталното здравје започнува уште од најрана возраст.
Секое дете има потреба од сигурност, разбирање, прифаќање и поддршка за да може слободно да расте, да учи и да го развива својот потенцијал.
Во CEDUZ веруваме дека грижата за детскиот развој не е само работа на третман, туку и создавање средина во која детето се чувствува слушнато, охрабрено и важно.
Затоа што среќното детство започнува со поддршка. 🤍