03/11/2026
Есенска математичка школа 2026
На 31.10.2026 (сабота) започна Есенската математичка школа 2025 во просториите на Природно-математичкиот факултет - Скопје. Школата е во организација на Сојузот на математичари на Македонија и се одржува по осми пат.
На отварањето на школата учениците ги поздравија проф. д-р Весна Целакоска - Јорданова, раководител на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет - Скопје, проф. д-р Ирена Стојковска, продекан на Природно-математичкиот факултет и проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, претседател на Сојузот на математичари на Македонија и раководител на Есенската математичка школа 2026.
Оваа година на школата се запишаа околу 220 ученици од 4 до 9 одделние од основно училиште и од 1 до 4 година од средно училиште. Часовите на школата се реализираат во саботите. Предавачи на школата се универзитетски професори, истакнати професори по математика од средните училишта и поранешни натпреварувачи на математичките олимпијади.
На учениците и професорите им посакуваме успешна математичка школа, стекнување на многу нови знаења и нови пријателства!