Zelenata Arka

Zelenata Arka Oпштествени промени кон градење обновливи и холистички врски меѓу луѓето и природата. The Association was founded in 2007.

Social change towards building regenerative and holistic bonds between people and Nature. Здружението е основано во 2007 година, и од тогаш согласно со принципите и филозофијата на Пермакултурата, активно делува во практикувањето и промовирање на обновливиот развој и заштитата на животната средина.

Зелената Арка ги подржува сите иницијативи кои промовираат мир, соработка и толеранција меѓу л

уѓето. Today The Green Ark is actively working along the principles and philosophy of Permaculture, in the practice and promotion of regenerative development and environmental protection. The Green Ark supports all initiatives that promote peace, cooperation and tolerance among people.

При поправката на надземниот дел од системот за наводнување, мораше да ѕирнеме што се случува и малку под површината. Бл...
03/05/2026

При поправката на надземниот дел од системот за наводнување, мораше да ѕирнеме што се случува и малку под површината.

Бланширани корења и дождовни црви - совршени услови за одбележувањето на Денот на пермакултурата (годинава на 3 мај) и првите чекори од вкоренувањето во општествената градина „Бостание“.

*Очекувајте слоевита културно-уметничка програма следниве месеци, што ги продлабочува видиците кон почвените хоризонти!

#Вкоренување #ОпштественаГрадина #Бостание #Почва

На 24 април група студенти по психологија, благодарение на нивната професорка д-р Маја Корубин Ќорлука, како дел од акти...
29/04/2026

На 24 април група студенти по психологија, благодарение на нивната професорка д-р Маја Корубин Ќорлука, како дел од активностите по предметот Екопсихологија ја посетија општествената градина „Бостание“.

Разговаравме за микробиомот, човекосистемот, односите его-еко, отуѓеноста, поврзаноста, компостирањето, здруженото градинарство...

Движивеевме некое време по трансдисциплинарните рабови.

*Благодарност до Сунчана Пешак и Киро Даскалов за фотографиите.

На 25 април во општествената градина „Бостание“ по месечната градинарска средба, Сунчана Пешак одржа работилница за зачу...
28/04/2026

На 25 април во општествената градина „Бостание“ по месечната градинарска средба, Сунчана Пешак одржа работилница за зачувување на сортните својства на градинарските култивари, при што го претстави и прирачникот „Еколошко семенарство и зачувување на растителните генетски извори. По работилницата се одржа и скромна размена на семе.

Оваа работилница беше посведочена низ објективот и на Маја Аргакијева, која сними толку прекрасни мигови што може да го оправдаат фактот дека два пати објавуваме за истиот настан. :)

*Благодарност до Маја Аргакијева за фотографиите

*Настанот е поддржан од од Меѓународниот фонд на Вишеград, како дел од проектот „Зајакнување на заедницата преку општествено градинарство“ (анг. Community Empowerment through Community Gardening).

На 25 април во општествената градина „Бостание“ по месечната градинарска средба, Сунчана Пешак одржа работилница за зачу...
27/04/2026

На 25 април во општествената градина „Бостание“ по месечната градинарска средба, Сунчана Пешак одржа работилница за зачувување на сортните својства на градинарските култивари, при што го претстави и прирачникот „Еколошко семенарство и зачувување на растителните генетски извори. По работилницата се одржа и скромна размена на семе.

*Благодарност до Кирил Шентевски за фотографиите

*Настанот е поддржан од од Меѓународниот фонд на Вишеград, како дел од проектот „Зајакнување на заедницата преку општествено градинарство“ (анг. Community Empowerment through Community Gardening).

Деновиве неколку локални уметници ја посетуваат општествената градина „Бостание“ и заедно се обидуваме да протолкуваме, ...
23/04/2026

Деновиве неколку локални уметници ја посетуваат општествената градина „Бостание“ и заедно се обидуваме да протолкуваме, што може да никне од концептот „вкоренување“ во контекстот на здруженото градинарство во (при)градски услови.

Очекувајте уметникулци наскоро...

Во овој видео запис Никола Шефтероски од општествената градина „Бостание“ накусо и јасно покажува како може вегетативно ...
22/04/2026

Во овој видео запис Никола Шефтероски од општествената градина „Бостание“ накусо и јасно покажува како може вегетативно да се размножува винова лоза (лат. Vitis vinifera L.), со минимални средства и напор.

Оваа епизода е првата од серијата куси видео снимки од општествената градина „Бостание“, преку кои ги споделуваме градинарските искуства и убавите мигови доживеани во градината.

Очекувајте уште...

Никола Шефтероски од општествената градина „Бостание“ објаснува како може вегетативно да се размножува винова лоза (лат. Vitis vinifera L.)

Во недела на 26 април од 12 часот, во општествената градина „Бостание“ ќе се одржи работилница за зачувување на сортните...
20/04/2026

Во недела на 26 април од 12 часот, во општествената градина „Бостание“ ќе се одржи работилница за зачувување на сортните својства на градинарските култури преку техниката за изолација на цветовите во кафези.

Работилницата ќе ја одржи Сунчана Пешак од Хрватска, а воедно ќе го претстави и своето најново стручно издание од областа на семенарството „Ekološko sjemenarstvo i očuvanje biljnih genetskih izvora“.

При тоа може и да размениме по некое семче.

*Настанот е поддржан од од Меѓународниот фонд на Вишеград, како дел од проектот „Зајакнување на заедницата преку општествено градинарство“ (анг. Community Empowerment through Community Gardening).

На 17 април 2026 година во општествената градина „Бостание“, одбележавме 30 години од масакрот во Елдорадо до Каражас, п...
19/04/2026

На 17 април 2026 година во општествената градина „Бостание“, одбележавме 30 години од масакрот во Елдорадо до Каражас, при што 21 земојделец биле убиени за време на протест од страна на воената полиција во Бразил, зашто обработувале државно земјиште и престојувале таму.

Низ светот, селаните се мобилизираат за праведни прехранбени системи, агроекологија и прехранбен суверенитет, пркосејќи му на извозно ориентираниот, глобализиран и индустријализиран систем за трговија со храната.

Кај нас останаа толку малку селани, така што ние граѓаните може слободно да се сликаме!

Сарказмот на страна - колку сме толку сме, дали ќе нѐ стокмат ќе видиме! 🍉

*Благодарност до Маја Аргакијева за фотографиите.

#17април #ОпштественаГрадина #Бостание #СеланскаБорба

17 април е меѓународниот ден на селанската борба, овој петок ќе изразиме поддршка од општествената градина Бостание по 1...
15/04/2026

17 април е меѓународниот ден на селанската борба, овој петок ќе изразиме поддршка од општествената градина Бостание по 17 часот!

#17април #ОпштественаГрадина #Бостание #СеланскаБорба

Со кромид, детелина, жалфија, целер, кељ, овчарска торбичка, лепка и други билки од општествената градина „Бостание“ зго...
13/04/2026

Со кромид, детелина, жалфија, целер, кељ, овчарска торбичка, лепка и други билки од општествената градина „Бостание“ зготвивме чорба што обои неколку јајца.

Ова се рeзултатите од природните бои.

*Благодарност за фотографиите до Лазар Јованов.

На 5 април тргнавме во потрага по самоникнатите билки во општествената градина „Бостание“ што се јадливи и/ли лековити.М...
06/04/2026

На 5 април тргнавме во потрага по самоникнатите билки во општествената градина „Бостание“ што се јадливи и/ли лековити.

Меѓу леите со градинарски култури најдовме: коприва (лат. Urtica dioica), глуварче (лат. Taraxacum officinale), шарен трн (лат. Silybum marianum), бела детелина (лат. Trifolium repens), попово винце (лат. Lamium purpureum), ѕвезденка (лат. Stellaria media), таполистен штавел (лат. Rumex obtusifolius), остролистен штавел (лат. Rumex patientia), киселец (лат. Rumex acetosa), широколистен тегавец (лат. Plantago major), тенколистен тегавец (лат. Plantago lanceolata), див синап (лат. Sinapis arvensis), црн слез (лат. Malva sylvestris)...
Често се сметаат за плевели, но имаат и многу полезни својства!

*Благодарност до Кирил Шентевски за фотографиите!

На 11 март благодарение на Eco - Logic во општествената градина „Бостание“ им бевме домаќини на младите заинтересирани з...
13/03/2026

На 11 март благодарение на Eco - Logic во општествената градина „Бостание“ им бевме домаќини на младите заинтересирани за развој на регенеративни земјоделски стопанства.
Па практично споделивме искуства и знаења за разни градинарски техники; подготовка на леи за директна сеидба во почвата и подготовка на расад во садови; како и начини за организирање мрежи за земјоделство поддржано од заедницата, здружено градинарство и граѓански библиотеки за семе.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Zelenata Arka posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Zelenata Arka:

Share