05/11/2026
🎶 Дождлив викенд исполнет со убави звуци, емоции и заедништво! 💜
Понекогаш е потребно само малку време и простор за да застанеме, да се посветиме себеси и да не заборавиме на нашите потреби, желби, чувства и емоции.
Токму такво искуство понуди музичката лабораторија, реализирана изминатиот викенд во просториите на Младинскиот центар „Матично“, како пилот-активност во рамки на проектот „Хармонизирани срца“, поддржан од програмата Еразмус+.
Четиринаесет дами се впуштија во едно поинакво музичко доживување, исполнето со насмевки, креативност, звуци инспирирани од природата и искрени моменти на споделување.
Преку звуците, ритамот, движењето и зборовите кажани од срце, создадовме заеднички звучен пејзаж во кој секоја учесничка имаше свој простор, свој глас и свој придонес.
Преку ваквите креативни активности, проектот „Хармонизирани срца“ ја истражува моќта на музиката како алатка за емоционално изразување, поврзување и зајакнување на жените, создавајќи простор во кој секоја жена може да биде слушната, прифатена и охрабрена да го изрази својот внатрешен свет.
Откривме дека музиката не мора да има правила, ниту е потребно да бидеме музичари за да создадеме нешто убаво заедно. Понекогаш е доволно само да се препуштиме на моментот, да слушаме и да бидеме присутни.
Активноста е дел од поширока европска иницијатива за размена и промовирање на добри практики во областа на музиката и благосостојбата. Голема благодарност за поддршката кој ја имавме од нашите партнери од Италија Nova Associazone Salvatore Gira APS и партнерите од Португалија Desincop кои направија се ова да изгледа возможно. Нашето искуство беше дополнително збогатнео со музичкото доживување на Женскиот хор “Фрида” кои несебично со нас ја споделија музичката магија која овие прекрасни дами ја создаваат секојднево.
Секој глас е важен, секое чувство заслужува простор, а заедно создаваме хармонија во која сите припаѓаме. 💜🎵