ЗСРРМ е доброволно непрофитабилно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на социјални работници заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности од областа на социјалната заштита, со потикнување на моралните врадности, зајакнув
ање на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Р.Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.
Дејствува на територијата на Република Македонија и може да соработува со организации, здруженија, фондации и институции и да членува во асоцијации во земјата и странство, согласно Уставот и Законите на Република Македонија и Статутот.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ:
• информирање и учество на членството во креирањето и реализацијата на социјалната политика и социјалната заштита на граѓаните,
• иницирање, предлагање и формирање стручно мислење за нормативни и други акти кои се однесуваат на социјалната заштита во Р.Македонија.
• развивање и унапредување на методите на социјална работа, преку активно учество и присуство на разни семинари, симпозиуми и слично.
• Афирмирање на професионалната социјална работа,
• Се залага за унапредување и омасовување на доброволната активност во областа на социјалната заштита,
• разгледува прашања што се од интерес за социјалните работници и нивната материјална положба,
• обезбедува јавност во работата преку средствата за јавно информирање
• соработка со научни, владини организации и граѓански здруженија со цел за размена на мислења и искуства и поведување заедничка иницијатива заради постигнување на заеднички цели од областа на социјалната заштита.
• спроведување на истражувања од областа на социјалната работа, социјалната заштита и социјалната политика,
• едукација на студенти и социјални работници во областа на социјалната работа и социјалната заштита.