Roma - Progress

Roma - Progress Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми Прогрес - Скопје е здружение на граѓани, формирано со слободно здружувањена граѓани

23/09/2024

ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Конкурс за доделување на 1200 (илјада и двеста) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.180/2024) и Решението за распишување Конкурс за доделување 1200 илјада и двеста) стипендии на ученици Роми од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 бр. 19-9853/1 од 23.09.2024 година, Министерството за образование и наука, распишува

КОНКУРС

за доделување на 1200 (илјада и двеста) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година

Министерството за образование и наука за учебната 2024/2025 година ќе додели 1200 (илјада и двеста) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Во учебната 2024/2025 година се доделуваат вкупно 1200 стипендии за средношколци Роми во четири категории, од кои:

1. Во првата категорија се доделуваат вкупно 340 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 3.000 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;

2. Во втората категорија се доделуваат 390 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 2.300 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;

3. Во третата категорија се доделуваат 250 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 1.700 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.00 - 3.49 во последната учебна година;

4. Во четири категорија се доделуваат 220 стипендии за средношколци Роми за уебната 2024/2025 година во висина од 1.200 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 2.00 - 2.99 во последната учебна година.

II. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

За учениците Роми од прва, втора, трета и четврта категорија стипендиите ќе се доделат согласно следните критериуми:

1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета или четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија;
2) да не повторувале во претходната учебна година;
3) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;
4) да се припадници на ромската заедница; и
5) да се државјани на Република Северна Македонија.
При селекцијата на стипендии за прва, втора, трета и четврта категорија предност имаат кандидатите кои имаат повисок општ успех од оцените.

III. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои ги исполнуваат условите од Конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, од денот на објавување на конкурсот до 10.10.2024 година.

Потребните документи за доставување се следните:

1. Оригинал потврда дека е редовен ученик во учебната 2024/2025 година;

2. Свидетелствата за завршена претходна учебна година на образование (кандидатите од I година доставуваат свидетелство од IX одделение, кандидатите од II година доставуваат свидетелство за I година, кандидатите од III година доставуваат свидетелство за II година, кандидатите од IV година доставуваат свидетелство за III година) - (да се прикачи оригинално Свидетелствo скенирано од двете страни на електронската апликација);

3. Трансакциска сметка на име на ученикот (да се прикачи на електронската апликација);
4. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија (се пополнува електронски на апликацијата со штиклирање);
5. Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница (се пополнува електронски на апликацијата со штиклирање);
6. Потврда од ромски регионални здрженија/организации/невладини дека ученикот е волонтер и активно учевствува во активности поврзани со ромската заедница во општината каде што живее (да се прикачи на електронската апликација).

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 11.11.2024 година на интернет страницата на Министерството.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата е наведена за секоја категорија посебно и тоа:

Прва категорија: Стипендии за ученици со успех од 4.50 до 5.00

Првата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат одлични резултати со успех од 4.50 до 5.00. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2024/2025 година ќе бидат доделени вкупно 270 стипендии. Висината на стипендијата за прва категорија изнесува 3.000 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Втора категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.50 до 4.49

Втората категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат многу добри резултати со успех од 3.50 до 4.49. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2024/2025 година ќе бидат доделени вкупно 320 стипендии. Висината на стипендијата за втора категорија изнесува 2.300 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Трета категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.00 до 3.49

Третата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат добри резултати со успех од 3.00 до 3.49. Во оваа категорија за учебната 2024/2025 година ќе бидат доделени вкупно 180 стипендии. Висината на стипендијата за трета категорија изнесува 1.700 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Четврта категорија: Стипендија за ученици со просек од 2.00 до 2.99

Четвратата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а во претходната учебна година имаат постигнат општ успех од оцените од 2.00 до 2.99. Во оваа категорија за учебната 2024/2025 година ќе бидат доделени вкупно 150 стипендии. Висината на стипендијата за четврата категорија изнесува 1.200 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Стипендиите од сите четири категории кои нема да бидат доделени можат да се префрлаат за доделување во друга категорија на стипендии, наведени во овој Конкурс.

Happy International Roma Day! Happy 8th of April!Bahtalo o Dive e RomengoroPovelete......😋😋😋😁😁😋😋😝
07/04/2024

Happy International Roma Day!
Happy 8th of April!
Bahtalo o Dive e Romengoro
Povelete......😋😋😋😁😁😋😋😝

19/12/2023

Здружението Рома Прогрес Скопје
Ве информира дека објавен е

ЈАВЕН ПОВИК
За финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

Се повикуваат сите ученици во основното и средното образование кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните, односно средните училишта:
1. Да се државјани на Република Северна Македонија;
2. Да се редовни ученици во основното, односно средното образование
3. Да се ученици чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари
Начин на пријавување

Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците за:
- основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател;
-средно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател
Потребни документи
O Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата
O Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели
O Доколку е дете на починат родител доказ-извод од книгата на умрените и последен чек од пензија
O Доколку е дете од разведени родители доказ-решение од правосилна судска пресуда
O Доколку е дете на родител пензионер доказ –последен чек од пензија
O Доколку е дете на невработен родител доказ- потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија дека е невработено лице кое не прима паричен надоместок или прима паричен надоместок со наведена сума на паричниот надоместокот
O Изјава од другиот родител/старател за давање согласност, подносител на пријавата да биде таткото/старател, односно мајката/старателка за користење на финансиска поддршка во износ од 1 800 денари за учениците од средното образование, односно 1 200 за учениците во основното образование чие семејство има вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари.

Рокот за пријавување е од 18 до 24 декември 2023 година.


За оние ученици кои не добиле финансиската поддршка на претходните повици или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите Министерството за образование и наука секој месец објавува јавен повик, најдоцна до петтиот ден од месецот.
Повикот трае седум дена од денот на објавувањето за учениците кои не се пријавиле или не ги исполниле условите.
Кога училиштата ќе утврдат дека одреден ученик повеќе не ги исполнува условите за користење на финансиската поддршка,по добиените податоци од училиштата, Министерството го испишува лицето од евиденцијата на корисници на финансиската поддршка.
Министерството за образование и наука на месечна основа врши исплата за учениците кои ги исполнуваат условите.

Со големо задоволство споделуваме дека Здружение Рома Прогрес Скопје   потпиша договор за грант  со НМСМ за поддршка на ...
19/10/2023

Со големо задоволство споделуваме дека Здружение
Рома Прогрес Скопје потпиша договор за грант со НМСМ за поддршка на локални младински иницијативи ‼️
👏 Проектот има цел за зголемување и зацврстување на инклузијата на младите роми во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, донесување на одлуки и креирање на јавното мислење. Младите роми ке учествуваат и ке ја следат работата во седниците во општина Шуто Оризари.
👉 Затоа од 01.11.2023 година - 01.08.2024 гоина ќе споделиме повеќе информации за активностите и идеите од реализацијата на проектот .
Повикот за финансиска поддршка на локални младински иницијативи е дел од проектот „Заедници инкузивни за млади“, кој финансиски е поддржан од Европската Унија и го спроведува во партнерство со @Фондација за развој на локалната заедница ФРЛЗ-Штип , International и Empowerment Platform - YEP.
Целта е да се зголеми вклученоста на младите во процесите на јавни политики и одлучување преку влијателна имплементација на локалните услуги предвидени во Законот за младинско учество и младински политики.

Учество на преставник од Здружение Рома Прогрес Скопје во хотел Арка Скопје на  конференцијата „Заштита на приватноста в...
19/10/2023

Учество на преставник од Здружение Рома Прогрес Скопје во хотел Арка Скопје на конференцијата „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“
Со свои поздравни говори, конференцијата ја отвораат:
🔹Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација
🔹 Мариа Канелополу, Прв советник во Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија
🔹Леонора Кадрији, генерален секретар на Агенцијата за заштита на лични податоци
🔹 Бардил Јашари, извршен директор на Фондација Метаморфозис
🔹 Никица Кусиникова, извршна директорка на Здружение Конект
Конференцијата претставува завршен настан на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, спроведуван од Фондација Метаморфозис и Здружение Конект, со финансиска поддршка од Европската унија.
Delegation of the European Union, Skopje
Ministry of Information Society and Administration Агенција за заштита на личните податоци Agjencia për Mbrojtjen e të Dhënave Konekt

Преставникот Сали Мемет од Здружение Рома Прогрес во хотел Холидеј Ин Скопје го следеше годишниот извештај за работата н...
19/05/2023

Преставникот Сали Мемет од Здружение Рома Прогрес во хотел Холидеј Ин Скопје го следеше годишниот извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2022 година.

09/04/2023
Ве покануваме да ја следите.....
28/03/2023

Ве покануваме да ја следите.....

По повод Меѓународниот ден на Ромите и промоција на стихозбирките Ве покануваме на 8 Април 2023 година со почеток од 20....
27/03/2023

По повод Меѓународниот ден на Ромите и промоција на стихозбирките Ве покануваме на 8 Април 2023 година со почеток од 20.30 часот во хотел Карпош Скопје на промоција на стихозбирките од ромските писатели :
1. Dukh / Болка од Лемка Рамаданова
2. Dandardi phabaj / Гризнато јаболко од Рамче Мустафа
3. Parne droma / Бели патишта од Селим Азис
Стихозбирките се финансирани од Министерство за култура на Р.Северна Македонија .
Следува мал коктел и закуска.
Вашето присуство може да го регистрирате на [email protected] или на 071376450
Ве очекуваме ......

Здружението Рома Прогрес Скопје спроведе обука  на тема ,,Етичко известување на млади новинари во  медиумите,, во рамкит...
25/03/2023

Здружението Рома Прогрес Скопје спроведе обука на тема ,,Етичко известување на млади новинари во медиумите,, во рамките на проектот ,,Чувари на човековите права,, поддржан од Европската унија и МЦМС.
Правилно известување за намалување на говор на омраза или содржини на дискриминација при известување за ранливи категории на лица.
- Обучени 20 млади роми за справување со сите форми на дискриминација и говор на омраза.

Во тек се снимањата за едукативни содржини и курсеви кои ќе бидат поставени на платформата Еду-револуција. 📌 Наскоро сле...
19/02/2023

Во тек се снимањата за едукативни содржини и курсеви кои ќе бидат поставени на платформата Еду-револуција.
📌 Наскоро следат повеќе информации за платформата.

Проектот е поддржан од Американската Амбасада во Скопје.

Address

Str. Vietnamska, Nb. 60
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Roma - Progress posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Roma - Progress:

Share