19/04/2026
Со длабока тага ја примивме веста за заминувањето на нашата драга колешка и долгогодишен соработник, Виолета Зашева.
Виолета ќе ја паметиме како посветена, искрена и благородна личност, која со голема љубов и одговорност работеше за заштита на правата на потрошувачите и за доброто на заедницата во Кочани. Како претседател на Организацијата на потрошувачи Кочани, остави значаен белег со својата работа, енергија и човечност.
Нејзината посветеност, мудрост и топлина ќе ни недостигаат, но споменот за неа ќе остане трајно во нашите срца.
Изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство, блиските и сите кои ја сакаа и почитуваа.
Почивај во мир, драга Виолета. Никогаш нема да бидеш заборавена.