10/11/2026
💻 На 2 ноември, во рамки на иницијативата „Од е-услуга до граѓанинот“, на тркалезна маса се собраа претставници на Собранието, министерствата, јавните институции, граѓанските организации и активисти. Разговаравме за тоа колку дигиталните јавни услуги им се навистина достапни на лицата со попреченост, на повозрасните граѓани и на луѓето во социјален ризик.
Од дискусијата произлегоа препораки до надлежните институции, меѓу кои:
🔹 повеќе дигитализирани права и услуги од социјалната заштита
🔹 лицата со попреченост директно да учествуваат во развојот и тестирањето на услугите
🔹 да остане можноста за непосреден контакт со институциите и да се воведат мобилни канцеларии во руралните средини
🔹 полесна регистрација и електронска идентификација на Uslugi.gov.mk
🔹 институциите сами да ги прибавуваат документите по службена должност
ℹ️ „Од е-услуга до граѓанинот“ е заедничка иницијатива на организациите грантисти од програмата Digital Spark, во рамки на проектот Regional Support Mechanism EECA, кој го спроведуваат Фондацијата „Метаморфозис“ и TechSoup, во соработка со CIVICUS преку Digital Democracy Initiative (DDI).
Metamorphosis Foundation
CIVICUS: World Alliance for Citizen Participation
Hive Mind
TechSoup
Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR
На 2 ноември 2026 година, во рамки на иницијативата „Од е-услуга до граѓанинот“, се одржа тркалезна маса „Дигитални услуги достапни за сите