Независен синдикат за образование и наука

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Независен синдикат за образование и наука

Независен синдикат за образование и наука Независен синдикат за образование и наука (НСОН)

👉 Независниот синдикат за образование и наука ви упатуваме искрени честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам.​🎉 Н...
27/05/2026

👉 Независниот синдикат за образование и наука ви упатуваме искрени честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам.
​🎉 Нека овој празник донесе мир, љубов и благосостојба во вашите домови.

Независниот синдикат за образование и наука  ви го честита Денот на светите браќа Кирил и Методиј.Овој значаен празник е...
24/05/2026

Независниот синдикат за образование и наука ви го честита Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Овој значаен празник е симбол на нашата култура, писменост и духовен напредок.

Нека нивната посветеност и визија продолжат да нè инспирираат и мотивираат во нашите напори за унапредување на образованието.

Честит 24ти Мај - Денот на сесловенските просветители!

📢 ПРИДРУЖИ СЕ ВО НСОН!✊ Учествувај и ти во борбата за достоинствено вреднување на трудот, подобри работнички права и вис...
15/05/2026

📢 ПРИДРУЖИ СЕ ВО НСОН!

✊ Учествувај и ти во борбата за достоинствено вреднување на трудот, подобри работнички права и вистинска синдикална заштита!

📚 Заедно со твоите колеги, биди дел од
Независниот синдикат за образование и наука – НСОН.

✅ Солидарност
✅ Поддршка
✅ Правна заштита
✅ Глас за секој просветен работник

👇👇👇👇👇👇
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfJ6YcicZATjXlxtfE5TMCimoz6wvotZ8fRRAuxbzW1LgWg0g/viewform?c=0&w=1
👆👆👆👆👆👆

01/05/2026

Обраќање на претседателот на НСОН, Томислав Гиевски, пред Собранието на Р.М. по повод 1 Мај – Денот на трудот.

Во своето обраќање, претседателот ги истакна клучните барања на синдикатот:
– Почитување на колективните договори
– Достоинствено вреднување на трудот на вработените во секторот образование и детска заштита

Трудот мора да се почитува, а работниците да добијат услови и вреднување какви што заслужуваат.

22/04/2026
Седница на Совет на НСОН – 18.04.2026➖Независниот синдикат за образование и наука со внимание ја следи најавената оптими...
18/04/2026

Седница на Совет на НСОН – 18.04.2026

➖Независниот синдикат за образование и наука со внимание ја следи најавената оптимизација во основните и средните училишта во државата.

➖Во периодот што следува, НСОН ќе побара целосна анализа од МОН, со цел да се поткрепи тврдењето на ресорното министерство дека најавената оптимизација нема да предизвика губење на работни места на дел од вработените во секторот образование.

➖НСОН донесе одлука правно да асистира на секој член на кој евентуално би му било загрозено работното место.

➖Советот на НСОН едногласно донесе одлука да одговори со покренување штрајк доколку дојде до прогласување технолошки вишок и губење на работните места на вработените во основните и средните училишта.

🙏На сите граѓани од православна вероисповед им го честитаме големиот Христијански празник „ Воскресение Христово - Велиг...
12/04/2026

🙏На сите граѓани од православна вероисповед им го честитаме големиот Христијански празник „ Воскресение Христово - Велигден “

➖НСОН ви посакува многу радост, среќа и здравје.

02/04/2026

📢 Техничкиот персонал во образованието не го доби најавениот раст на платите

Техничкиот персонал во образованието не доби зголемување на платите од 7,5%, како што беше најавено во голем број медиуми. Наместо тоа, растот на платите за оваа категорија работници изнесува само 6,8%.

Оправдан е револтот кај голем број хигиеничари и технички персонал вработени во секторот образование, кои добија помал раст на платите од оној што беше најавен.

НСОН цврсто стои на ставот дека единствено решение е целосно почитување на колективните договори во секторот образование, односно:
➡️ Нивелирање на минималната плата
➡️ Помножена со соодветен коефициент за сложеност на работното место

По тој повод, синдикатот ќе продолжи со синдикални активности, во кои е препорачливо сите работници да земат активно учество.

Независниот синдикат за образование и наука на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита големиот празник Рамаз...
20/03/2026

Независниот синдикат за образование и наука на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита големиот празник Рамазан Бајрам.

Нека овој свет празник донесе мир, здравје, среќа и благосостојба во вашите домови, исполнети со радост и топлина.

Eid Mubarak!

30/01/2026

➖Како Независен синдикат за образование и наука, кој претставува над 4.700 вработени во секторот образование, по спроведена сондажа на мислењето на нашите членови, изразуваме незадоволство од планираниот раст на платите од 7,5% за 2026 година.

➖Сметаме дека ваквиот процент не е доволен за суштинско подобрување на финансиската состојба на вработените, ниту пак ги следи реалните трошоци за живот и континуираниот раст на инфлацијата.

➖Поради тоа, бараме од Министерството за образование и наука да обезбеди повисок раст на платите, со цел достоинствено вреднување на трудот и обезбедување подобри услови за сите вработени во секторот образование.

Address

Коста Новаковиќ 20
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Независен синдикат за образование и наука posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Независен синдикат за образование и наука:

Share

Category