20/05/2026
🏛️ На 13 мај 2026 година беше одржан третиот состанок на Националното координативно тело за административна социјална правда на кој учествуваа претставници од Управниот суд; Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен; ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје; Фонд за пензиско и инвалидско осигурување; претставник од правната клиника во рамките на ЈИЕ Универзитетот и претставници од Државниот управен инспекторат.
💬 На овој состанок се дискутираше за улогата на Државниот управен инспекторат преку вршење на редовни и вонредни надзори во работата на органите кои одлучуваат за социјални права, за пристапот до административна правда за лица со попреченост како и за практична примена на начелата и стандардите на административна социјална правда во работата на институциите и управните органи.
------------------
Оваа активност е дел од проектот „Иницијатива за административна социјална правда“, финансиски поддржан од Европската Унија.