Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп Менуваме

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп Менуваме
Call Directions Website Contact the organization

Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп Менуваме Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп Врз основа на четири појдовни точки - историја, пракса, применета наука и иновативност .

Агенда2030 е родителите на деца и млади со и без попреченост „Заедно кон подобар свет за децата, адолесцентите и семејствата на деца и млади со и без попреченост“,со родители, здруженија, организации и засегнати страни, кои работиме со ранливи деца, млади луѓе и семејства низ целата Република на локално, регионално, национално и меѓународно ниво. Целта е да се изгради поддршка и одржливи професионални мрежи и да се придружат на нашите сили, со цел да се работи на правата на децата и младите со и без попреченост луѓе изложени на ризик.

Целта на Коалицијата Менуаме е да обезбеди преглед и размена на работа со деца и млади луѓе со алтернативна грижа и деца и млади со попреченост ширум Републиката. Колицијата Менуваме има цел да ја потикне размената на искуства и идеи, како и стекнување и развивање на вештини на младите луѓе кои живеат во алтернативна заштита и сега се во транзиција кон независен живот, што ќе им овозможува на учесниците и другите заинтересирани да ја истражат темата во поголема длабочина.

📢НИШТО ЗА НАС БЕЗ НАС!“ – КОАЛИЦИЈАТА „МЕНУВАМЕ“ БАРА ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА РАКОВОДЕЊЕТО СО ИНТЕРПАРТИСКАТА П...
10/11/2026

📢НИШТО ЗА НАС БЕЗ НАС!“ – КОАЛИЦИЈАТА „МЕНУВАМЕ“ БАРА ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА РАКОВОДЕЊЕТО СО ИНТЕРПАРТИСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Кога се застапуваат правата на лицата со попреченост, нивниот глас не смее да биде само формално присутен – тој мора да биде слушнат, почитуван и вклучен во донесувањето одлуки!
Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“ достави официјална иницијатива до Собранието на Република Северна Македонија, до претседателот Африм Гаши и до координаторот и членовите на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост (ИППГ), со барање за отворање институционална расправа и преиспитување на актуелното раководење со ова парламентарно тело.
Повод за нашата иницијатива е прашањето за политичкиот ангажман на Елена Кочочевска, за која, според информациите со кои располага Коалицијата „Менуваме“, се наведува дека е членка на Извршниот одбор на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Нашата намера не е да го оспоруваме правото на кој било поединец на политичко здружување. Тоа е демократско право. Но, сметаме дека кога станува збор за парламентарно тело чија цел е унапредување на правата на лицата со попреченост, мора да постојат јасни гаранции за надпартиски пристап, транспарентност, инклузивност и еднаков третман на сите организации што ја претставуваат оваа заедница.
Прашањето што го поставуваме е суштинско: Како да се обезбеди доверба во едно интерпартиско парламентарно тело доколку не се гарантираат доволна политичка непристрасност, отвореност и рамноправно учество на организациите на лицата со попреченост?
Правата на лицата со попреченост не се сопственост на ниту една политичка партија. Тие се универзални човекови права и не смеат да бидат сведени на политичко претставување, декларативна поддршка или институционален протокол.


📢ШТО БАРАМЕ ОД СОБРАНИЕТО?
Со иницијативата бараме:
• Официјално разгледување на иницијативата од страна на надлежните собраниски органи.
• Отворање расправа за раководењето, транспарентноста, политичката непристрасност и функционирањето на ИППГ.
• Институционално преиспитување на актуелното претседавање на Елена Кочочевска, имајќи ги предвид прашањата за надпартискиот карактер и довербата на организациите на лицата со попреченост.
• Разгледување на предлогот Суарет Алишан, координатор на Коалицијата „Менуваме“, да ја преземе функцијата претседавач, доколку тоа го дозволуваат актите и правилата на Собранието.
• Доколку претседавачот мора да биде пратеник, бараме да се разгледа можноста за обезбедување соодветна формална улога на Суарет Алишан во координацијата, раководењето и утврдувањето на приоритетите на ИППГ, во согласност со применливите правила.
• Обезбедување непосредно, рамноправно и суштинско учество на репрезентативните организации на лицата со попреченост во работата на ова парламентарно тело.
• Доставување писмен и образложен одговор за правната основа, надлежностите и постапката за избор и промена на претседавачот.

📢ПРАВАТА НЕ СЕ РЕШАВААТ БЕЗ ОНИЕ НА КОИ ИМ ПРИПАЃААТ!
Нашата иницијатива се повикува на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, особено на член 4 став 3, член 29 и член 33 став 3, кои го нагласуваат значењето на консултациите, политичкото учество и вклученоста на лицата со попреченост и нивните репрезентативни организации во процесите што ги засегаат.
Овие принципи не смеат да останат само запишани во меѓународни документи. Тие мора да се применуваат во секојдневното институционално работење.
Социолошки гледано, исклучувањето на луѓето од процесите во кои се одлучува за нивните права создава нееднаквост, недоверба и дистанца меѓу институциите и граѓаните. Суштинската демократија не се мери само според тоа колку луѓе се претставени во институциите, туку и според тоа колку реално можат да влијаат врз одлуките што го определуваат нивниот живот.
Не е доволно лицата со попреченост да бидат поканети на состаноци, да бидат споменати во документи или да послужат како аргумент во политички говори. Потребно е да бидат рамноправни партнери во креирањето, спроведувањето и следењето на политиките.

📢НАШАТА ПОРАКА ДО СОБРАНИЕТО
Почитувани пратеници,
Не бараме политичка привилегија. Не бараме ничие право да биде ограничено. Бараме институциите да ги применуваат принципите на еднаквост, отчетност, транспарентност и демократско учество.
Не бараме промена заради промена. Бараме институционален процес во кој ќе се преиспитаат постојните механизми и ќе се создадат услови за вистинско партнерство со организациите на лицата со попреченост.
Собранието треба да биде место каде што се слушаат и најчесто занемаруваните гласови, а не простор во кој нивното учество се сведува на формалност.
Дали лицата со попреченост ќе бидат вистински учесници во одлучувањето или повторно ќе останат само тема за институционални расправи?
Одговорот на ова прашање ќе покаже колку навистина сме посветени на инклузивна демократија и еднакво општество.
Нашиот став е јасен:

📢НИШТО ЗА НАС БЕЗ НАС!
МОБИЛНОСТА, ДОСТОИНСТВОТО, ЕДНАКВОСТА И УЧЕСТВОТО СЕ ПРАВА, А НЕ ПОЛИТИЧКИ ПРИВИЛЕГИИ!
Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“

📢НАШИТЕ ПРАВА НЕ СЕ БУЏЕТСКИ ЛУКСУЗ, ТУКУ ОБВРСКА НА ДРЖАВАТА! 📢СУАРЕТ АЛИШАН, КООРДИНАТОР НА КОАЛИЦИЈАТА „МЕНУВАМЕ“: КР...
10/11/2026

📢НАШИТЕ ПРАВА НЕ СЕ БУЏЕТСКИ ЛУКСУЗ, ТУКУ ОБВРСКА НА ДРЖАВАТА!
📢СУАРЕТ АЛИШАН, КООРДИНАТОР НА КОАЛИЦИЈАТА „МЕНУВАМЕ“: КРАТЕЊЕТО НА ЧАСОВИТЕ ЗА ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА Е ЕКОНОМСКИ И АДМИНИСТРАТИВЕН ПРОПУСТ, НО И СЕРИОЗНО ПРАШАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

📺 Изјава во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Кратењето на часовите за лична асистенција не е само административна одлука или обид за буџетска заштеда. Тоа е сериозно посегање по секојдневниот живот, достоинството и самостојноста на луѓето на кои оваа услуга им е неопходна.

Дискриминацијата што ја доживуваме преку кратењето на часовите за лична асистенција ја гледам од два аспекта – економски и административен.

1. ЛИЧНАТА АСИСТЕНЦИЈА НЕ Е ТРОШОК, ТУКУ ПРАВО НА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ!
Кога зборувам за економскиот аспект, мислам на обидот да се штеди токму на грбот на луѓето на кои личната асистенција им е неопходна за секојдневно функционирање.

Во оваа пригода сакам да ја охрабрам министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, внимателно да размисли кога зборува дека за личната асистенција се издвојуваат многу средства.

Ќе поставам едно едноставно, но суштинско прашање:

📢Дали некој од нас избрал да биде слеп? Дали некој избрал да живее со попреченост?

Никој не избира таков живот.

Личната асистенција не е привилегија, ниту непотребен буџетски трошок. Таа е услуга што овозможува самостоен живот, лична мобилност, достоинство и активно учество во општеството.

Кога човек зависи од поддршка за да ги извршува основните секојдневни активности, прашањето не е дали треба да се издвојуваат средства за оваа услуга, туку како државата да обезбеди поддршка во обемот што навистина му е потребен.

Институциите не смеат да си дозволат луксуз да ја игнорираат реалноста на лицата со попреченост.

2. КОАЛИЦИЈАТА „МЕНУВАМЕ“ БАРА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ!
Како организација, активно ја следиме состојбата со кратењето на часовите за лична асистенција.

Веќе доставивме електронски допис до министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, а дописот ќе биде доставен и во хартиена форма.

Бараме министерот писмено да се произнесе за настанатата состојба и за конкретните мерки што ќе бидат преземени.

📢Нашето барање е јасно: лицата со попреченост мора да бидат директно вклучени во креирањето и спроведувањето на политиките што се однесуваат на нивниот живот.

Не прифаќаме да бидеме само предмет на институционални одлуки, без право на директно учество.

Законот што го подготвивме го доставивме до Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и до пратеникот Миле Левков од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Северна Македонија.

Од негова страна беше преземена обврска да се направи финансиска пресметка.

Мојот став е дека основните бројки веќе ги имаме. Го знаеме бројот на корисници и потребите што произлегуваат од постојниот систем.

Потребна е сериозна финансиска анализа, но таа не смее да стане изговор за одложување на законските и институционалните решенија.

3. 24-ЧАСОВНА ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА ЛИЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛСКА ГРИЖА!
Крајно време е да се отвори и прашањето за воведување 24-часовна лична асистенција за лицата со попреченост кои живеат сами и се без родителска грижа, односно чии родители се починати или не можат да им обезбедат поддршка.

Потребите на овие луѓе не завршуваат со истекот на работното време на личниот асистент.

Ќе го посочам примерот со лицата во Банско, кои се деинституционализирани и сместени во станбена единица.

Замислете ја разликата: едно лице со попреченост користи личен асистент, негувател и други форми на поддршка, додека јас, како лице со попреченост кое живее без родителска грижа, морам самостојно да се справувам со трошоците за кирија и со административните постапки пред надлежните институции.

Се поставува суштинското прашање:

📢Дали навистина сме рамноправни во пристапот до правата и услугите само затоа што и двајцата сме лица со попреченост?

Не барам привилегии. Барам еднаков пристап до поддршката, социјална сигурност и услови за достоинствен живот.

Оваа нееднаквост мора институционално да се преиспита и да се надмине.

4. НАЦИОНАЛЕН РЕГИСТАР НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ – ОСНОВА ЗА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА!
Еден од особено значајните предлози во нашите законски иницијативи е воспоставувањето Национален регистар на лица со попреченост.

Предлогот го доставивме до министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, а ќе го доставиме и до директорот на ЈУМЦСР Скопје, Ханза Амети.

Зошто ни е потребен ваков регистар?

Затоа што државата мора да располага со точни, систематизирани и меѓусебно поврзани податоци за лицата со попреченост, нивните потреби, потребното ниво на поддршка, користењето на услугите и пречките со кои се соочуваат.

Регистарот треба да овозможи институционална координација и законски регулирана размена на податоци, со целосно почитување на прописите за заштита на личните податоци.

Во овој процес треба да бидат вклучени:

▪️ Министерството за социјална политика, демографија и млади;
▪️ Министерството за здравство;
▪️ Министерството за внатрешни работи;
▪️ Министерството за транспорт;
▪️ Министерството за локална самоуправа;
▪️ Министерството за дигитална трансформација;
▪️ Министерството за правда;
▪️ Министерството за финансии;
▪️ Министерството за образование и наука;
▪️ Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Не можете да креирате квалитетни политики ако не знаете колку граѓани имаат потреба од поддршка, каква поддршка им е потребна и дали таа навистина им е достапна.

Државата мора да планира врз основа на реалните потреби на граѓаните, а не врз претпоставки и нецелосни податоци.

📢НАШИТЕ ПРАВА НЕ СЕ БУЏЕТСКИ ЛУКСУЗ, ТУКУ ОБВРСКА НА ДРЖАВАТА!
Како Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“, ќе продолжиме да бараме институционална одговорност, законски решенија и активно учество на лицата со попреченост во процесите на одлучување.

Не бараме сожалување.
Не бараме добротворност.
Не бараме привилегии.

📢Бараме еднаквост, достоинство, независно живеење и остварување на човековите права!

Затоа што правата не се подарок од институциите, туку обврска што тие мора да ја исполнуваат.

📢НИШТО ЗА НАС БЕЗ НАС!

📺 Во прилог го споделуваме линкот до изјавите и разговорот со Суарет Алишан во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24:

🔗 https://www.facebook.com/share/v/1JDeCzQcUN/

#КОАЛИЦИЈАМЕНУВАМЕ

#ЛичнаАсистенција #ЧовековиПрава #ПраваНаЛицатаСоПопреченост #НезависноЖивеење #СоцијалнаПравда #НиштоЗаНасБезНас

📢 ИЗЈАВИ ОД ЕМИСИЈАТА „АНАЛИЗА 24“ НА ТЕЛЕВИЗИЈА 24Ханза Амети, директор на ЈУМЦСР Скопје, и Суaрет Алишан, координатор ...
09/11/2026

📢 ИЗЈАВИ ОД ЕМИСИЈАТА „АНАЛИЗА 24“ НА ТЕЛЕВИЗИЈА 24
Ханза Амети, директор на ЈУМЦСР Скопје, и Суaрет Алишан, координатор на Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“, за остварувањето на правата на лицата со попреченост и злоупотребите во системот на социјална заштита.
Во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24 се отворија значајни прашања поврзани со остварувањето на правата на лица со попреченост, личната асистенција, медицинските наоди и евентуалните злоупотреби во системот на социјална заштита.
Во продолжение ги пренесуваме изјавите и делови од разговорот.
---
1. ЛИЧНАТА АСИСТЕНЦИЈА ЗА СЛЕПИТЕ БРАЧНИ ДРУГАРИ
Ханза Амети, директор на ЈУМЦСР Скопје:
„Да се надоврзам на ситуацијата со двата брачни пара во кои и двајцата сопружници се слепи. Во вакви случаи го имаме стручниот тим кој треба да излезе на терен и да ја утврди фактичката состојба во конкретниот случај.
Не значи дека автоматски ќе им се одобрат по 80 часа лична асистенција, бидејќи треба да се процени конкретната ситуација. На пример, доколку сопругот е слеп, а сопругата е исто така слепо лице, не може да се претпостави дека едниот сопружник ќе може да му пружа помош на другиот во текот на денот, кога и двајцата имаат потреба од поддршка.
Тука сме за да ја утврдиме фактичката состојба. Доколку во документацијата е наведено дека лицето има брачен или вонбрачен партнер, тоа само по себе не значи дека автоматски ќе му бидат одобрени 80 часа. Мора да се разгледа реалната состојба и потребите на лицето.
Но, во конкретниот случај ќе му бидат одобрени 80 часа.“
Мирјана Трпчевска, водителка на емисијата „Анализа 24“:
„Значи, за двајцата брачни другари?“
Ханза Амети, директор на ЈУМЦСР Скопје:
„Да.“
---
2. ЗЛОУПОТРЕБИ НА МЕДИЦИНСКИТЕ НАОДИ И ПРАШАЊЕТО ЗА ТРАЈНОСТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА
Ханза Амети, директор на ЈУМЦСР Скопје:
„Неодамна Владата имаше акција во врска со наодите што се злоупотребуваат. Во тоа беа вклучени повеќе институции, меѓу кои центрите за социјална работа, Министерството за внатрешни работи и судовите. Имаше акција при која беа приведени неколку лица.
Кога станува збор за наодите, Центарот за социјална работа донесува одлука врз основа на наодот што го издава Комисијата при Министерството за здравство.“
Ханза Амети, директор на ЈУМЦСР Скопје:
„Целосно се согласувам со колегата Суaрет. На слепото лице не може повторно да му се врати видот. Сепак, медицинскиот наод му се издава со рок од шест месеци.
Тоа значи дека кога ќе поминат пет месеци, лицето веќе треба да започне постапка преку матичниот лекар за да добие термин и повторно да оди на Комисија. Притоа, повторно се соочуваме со ситуации во кои не се издава траен наод.
За ова прашање би ве упатил до Министерството за здравство, кое треба да даде насоки и да ги утврди причините поради кои наодите се ограничуваат на шест, 12 или 24 месеци, наместо во случаите кога здравствената состојба е трајна да нема потреба лицата повторно да одат пред Комисијата.“
---
3. ПРИЗНАВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ И ОДГОВОРНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ
Мирјана Трпчевска, водителка на емисијата „Анализа 24“:
„Рековте дека некои лица биле приведени поради малверзации или лажно издавање наоди?“
Ханза Амети, директор на ЈУМЦСР Скопје:
„Имаше злоупотреби на наодите. Во постапките беа вклучени и судовите и Министерството за внатрешни работи, со што дојдовме до ситуација во која бројот на корисници на ова право се намали.
Искрено, жално е што се случува тоа, но очигледно е дека имало злоупотреби во однос на правото на парична помош и нега од друго лице.“
---
4. ПРЕДЛОГ НА КОАЛИЦИЈАТА „МЕНУВАМЕ“ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПРОВЕРКА
Суaрет Алишан, координатор на Коалицијата „Менуваме“:
„Директоре, сакам да ве охрабрам. Доколку сакате да ги утврдите сите неправилности, еве ви предлог.
Како директор на ЈУМЦСР Скопје, побарајте ги од Министерството за социјална политика, демографија и млади податоците за корисниците на правата врз основа на слепило. Побарајте, во рамките на законските овластувања и со соодветна заштита на личните податоци, од Министерството за внатрешни работи проверка на податоците за тоа дали некои од корисниците поседуваат возачки дозволи.
Така ќе можете да утврдите со какви состојби и евентуални неправилности се соочувате. Ве охрабрувам да постапите на овој начин, бидејќи само со сериозна институционална проверка може да се воспостави ред во системот.“
Мирјана Трпчевска, водителка на емисијата „Анализа 24“:
„Што велат вашите информации? Тоа е многу симптоматично.“
Суaрет Алишан, координатор на Коалицијата „Менуваме“:
„И ние, кога критикуваме, сакаме да бидеме објективни и конструктивни. Не тврдиме дека нема злоупотреби. Напротив, свесни сме дека постојат такви случаи.
Кога бевме на состанок кај министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, јасно кажавме дека сме подготвени да помогнеме во решавањето на проблемот.
Како организација, стоиме на располагање да ги споделиме нашите сознанија и да дадеме конкретни насоки. Наш интерес е овој проблем конечно да се реши, за еднаш засекогаш вистинските корисници да можат непречено да ги остваруваат правата што им следуваат.“
---
5. РЕАКЦИЈА НА КОАЛИЦИЈАТА „МЕНУВАМЕ“: ДАЛИ БРАЧНИОТ СТАТУС Е ОСНОВ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЧАСОВИТЕ ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА?
Суaрет Алишан, координатор на Коалицијата „Менуваме“:
„Сакам да ве демантирам во еден дел од изнесеното. Вие рековте дека доколку двајцата брачни другари се слепи, ќе добијат по 80 часа лична асистенција.
Јас во моментов во Скопје имам сознанија за два случаи на слепи лица кои се и слепи и со дијабет. Станува збор за госпоѓата Јасмина Михајловска и Тања Мишева.
При разговорите со ЈУМЦСР Скопје, кога укажав дека станува збор за слепи лица, а сепак им се одобруваат по 60 часа поддршка, добив одговор: „Па што, Надица и Миле да немаат два фрижидера?“
Внимавајте колку е иронична ваквата споредба! Дали фактот дека две лица се во брачна заедница значи дека имаат два фрижидера и дека затоа треба да им се ограничат часовите на поддршка?
Потребите на лицата не се мерат според тоа дали живеат во заедничко домаќинство, туку според нивната индивидуална функционалност, степенот на потребната поддршка и реалните животни околности.“
Ханза Амети, директор на ЈУМЦСР Скопје:
„Да, директоре, вие сте во право. Но, тоа во практиката не се случува.“
---
ЗАВРШНА ПОРАКА НА КОАЛИЦИЈАТА „МЕНУВАМЕ“
Правото на лична асистенција не смее да се определува врз основа на претпоставки, брачен статус или паушални проценки. Секоја одлука мора да се заснова на индивидуалните потреби, фактичката состојба и реалната потреба од поддршка.
Истовремено, евентуалните злоупотреби мора да се испитаат и санкционираат, но тие не смеат да бидат причина вистинските корисници да бидат ставени под сомнеж, да им се ограничуваат правата или да се соочуваат со дополнителни административни и институционални пречки.
Правата на лицата со попреченост не се привилегија, туку законски загарантирани права!
Не бараме привилегии, туку еднаквост, достоинство, правичност и доследно спроведување на законите.
Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“
📺 Во прилог го споделуваме линкот до изјавите и разговорот во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24:
🔗 [https://www.facebook.com/share/v/1GZcz54aay/]

📢 ДИСКРИМИНАЦИЈАТА Е УТВРДЕНА, НО СЕГА СЛЕДУВА КЛУЧНОТО ПРАШАЊЕ: ДАЛИ ИНСТИТУЦИИТЕ ЌЕ ГИ СПРОВЕДАТ ПРЕПОРАКИТЕ?ДУШАН ТОМ...
06/11/2026

📢 ДИСКРИМИНАЦИЈАТА Е УТВРДЕНА, НО СЕГА СЛЕДУВА КЛУЧНОТО ПРАШАЊЕ: ДАЛИ ИНСТИТУЦИИТЕ ЌЕ ГИ СПРОВЕДАТ ПРЕПОРАКИТЕ?

ДУШАН ТОМШИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА, ВО ЕМИСИЈАТА „АНАЛИЗА 24“ НА ТЕЛЕВИЗИЈА 24

Во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24, водителката Мирјана Трпчевска разговараше со Душан Томшиќ, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, и Ханза Амети, директор на ЈУМЦСР Скопје, за утврдената дискриминација кон лицата со попреченост во остварувањето на правото на лична асистенција.

Претседателот на Комисијата потврди дека до ЈУМЦСР Скопје се доставени препораки со рок од 90 дена, во рамките на кој треба повторно да се направи објективна и индивидуална проценка на корисниците на кои им биле намалени часовите за лична асистенција.

На директното прашање на водителката дали ЈУМЦСР Скопје го добил дописот, директорот Ханза Амети потврди дека дописот е примен.

🔎 ШТО БАРА КОМИСИЈАТА?
Душан Томшиќ појасни дека е потребно повторно да се спроведе објективна евалуација, во соработка со корисникот, со увид во неговиот дом и реалните животни околности, по што треба да се донесат нови решенија.

Тој нагласи дека Комисијата не тврди дека секој корисник на кој му биле намалени часовите автоматски треба да добие 80 часа лична асистенција.

Но, проценката мора да се заснова врз реалните индивидуални потреби, со почитување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост и правото на независно живеење.

Особено значајна е пораката дека проценувањето на потребите исклучиво во домашни услови може сериозно да го ограничи правото на лицето да оди на работа, да посетува училиште, да учествува во општествениот живот и самостојно да ги остварува своите секојдневни активности.

Кога личната асистенција не ги следи реалните животни потреби, наместо да обезбеди независност, товарот повторно се префрла врз семејството. Членовите на семејството стануваат неформални асистенти, често принудени да ги жртвуваат сопствените работни, образовни и животни можности.

⚖️ НЕЗАВИСНОТО ЖИВЕЕЊЕ НЕ СМЕЕ ДА ОСТАНЕ САМО НА ХАРТИЈА!
Томшиќ посочи дека лицата со попреченост мора да се набљудуваат низ призмата на независното живеење, личното достоинство и еднаквите можности.

Целта на личната асистенција не е лицето да биде ограничено на сопствениот дом, туку да добие поддршка за самостојно да го организира својот живот и рамноправно да учествува во заедницата.

Личната асистенција не е само услуга. Таа е механизам за остварување на човековите права, слободата на избор и независноста.

🩺 КОНТРОЛНИ ПРЕГЛЕДИ КАЈ ТРАЈНИ СОСТОЈБИ – АДМИНИСТРАТИВЕН ТОВАР ИЛИ ВИСТИНСКА ПОТРЕБА?
Во разговорот беше отворено и едно исклучително важно прашање за лицата со трајни и непроменливи здравствени состојби.

Томшиќ посочи пример од друга општина, каде што двајца брачни партнери се целосно слепи. Сопругата има траен наод, без потреба од контролни прегледи, додека сопругот, и покрај истата трајна состојба, мора да оди на контролен преглед на секои шест месеци.

Дополнително, на сопругот му било намалено правото на надоместок за помош и нега од друго лице, без соодветно образложение, при што како причина било наведено дека недостасува соодветен офталмолошки преглед.

Тука се наметнува суштинското прашање:

КАКО Е МОЖНО ЛИЦЕ СО ТРАЈНО И ЦЕЛОСНО СЛЕПИЛО ПОСТОЈАНО ДА БИДЕ ИЗЛОЖЕНО НА ПОВТОРНИ КОНТРОЛНИ ПРЕГЛЕДИ, КОГА НЕГОВАТА СОСТОЈБА Е ТРАЈНА И НЕПРОМЕНЛИВА?

Томшиќ отвори и пошироко прашање за оправданоста на повторните прегледи кај трајни состојби, како целосно слепило, глувост или траен телесен инвалидитет со ампутација на екстремитети.

Ваквите постапки можат да создадат:

▪️ Дополнителен административен товар за граѓаните.

▪️ Непотребни трошоци за институциите и комисиите.

▪️ Дополнително физичко и психолошко оптоварување за лицата со попреченост.

▪️ Повторување на постапки кај состојби кај кои нема реална можност за промена.

ЗОШТО ЛИЦАТА СО ТРАЈНИ СОСТОЈБИ МОРА ПОСТОЈАНО ДА ДОКАЖУВААТ НЕШТО ШТО ВЕЌЕ Е УТВРДЕНО?

🎙️ СУАРЕТ АЛИШАН, КООРДИНАТОР НА КОАЛИЦИЈАТА „МЕНУВАМЕ“ – КОГА ЦРНИОТ ХУМОР ЈА ОТКРИВА АПСУРДНОСТА НА СИСТЕМОТ
Посебно внимание привлече реакцијата на Суарет Алишан, координатор на Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“, кој преку личен пример и доза црн хумор ја илустрираше апсурдноста на повторните контролни прегледи кај лицата со генетски и трајни оштетувања на видот.

Со иронична забелешка:

„Најтрагично е што праговите треба да ви ја утврдат состојбата.

Татко ми, кога ме правел, не ставил фарови од Мерцедес, туку користел фарови од Застава, а сега нема делови!“

Алишан потсети дека многу слепи лица имаат генетски заболувања, дека и неговите родители биле слепи и дека тој самиот пораснал без родителска грижа, но успеал да се избори за сопствената независност и достоинствен живот.

Неговата порака не е само лична приказна. Таа е прашање упатено до институциите:

ШТО РЕАЛНО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ СО УШТЕ ЕДЕН КОНТРОЛЕН ПРЕГЛЕД, АКО СОСТОЈБАТА Е ТРАЈНА И НЕПРОМЕНЛИВА?

Ова не е само прашање на медицински наоди, административни процедури или финансиски средства.

Ова е прашање на човечко достоинство, институционална одговорност и почитување на човековите права.

❤️ ПОРАКАТА НА КОАЛИЦИЈАТА „МЕНУВАМЕ“ Е ЈАСНА!
Лицата со попреченост не смеат да бидат заложници на административни процедури, неосновани проценки и бесконечно повторување на постапки за докажување на трајни состојби.

Личната асистенција не е привилегија, туку неопходна поддршка за независно живеење, лична мобилност, достоинство и еднакво учество во општеството.

Институциите постојат за да им служат на граѓаните, а не граѓаните постојано да докажуваат дека имаат потреба од права што им припаѓаат.

УТВРДУВАЊЕТО НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА Е ВАЖЕН ЧЕКОР. НО ВИСТИНСКАТА ПРОМЕНА ЌЕ СЕ ПОТВРДИ СО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ДИСКРИМИНАЦИЈАТА.

Затоа, очекуваме ЈУМЦСР Скопје да постапи по препораките на Комисијата во предвидениот рок, да спроведе индивидуални и објективни проценки и да донесе соодветни решенија засновани врз реалните потреби на корисниците.

ВРЕМЕ Е ПРЕПОРАКИТЕ ДА СЕ ПРЕТВОРАТ ВО КОНКРЕТНИ ДЕЈСТВИЈА, А ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ДА СТАНАТ РЕАЛНОСТ!

📺 Во прилог го споделуваме линкот до изјавата и разговорот во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24:

🔗 [https://www.facebook.com/share/v/19rWs8mdUL/ ]

#КОАЛИЦИЈАМЕНУВАМЕ #НезависноЖивеење #ЛичнаАсистенција #СтопЗаДискриминација #ЕднаквиПрава #Достоинство #СоцијалнаПравда #ЧовековиПрава

📢 КОГА ИНСТИТУЦИИТЕ ГИ КРАТАТ ЧАСОВИТЕ ЗА ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА, СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО ЗА ПОЧИТУВАЊЕТО НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА!...
05/11/2026

📢 КОГА ИНСТИТУЦИИТЕ ГИ КРАТАТ ЧАСОВИТЕ ЗА ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА, СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО ЗА ПОЧИТУВАЊЕТО НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА!

⚖️ ИЗЈАВА НА ДУШАН ТОМШИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА, ВО ЕМИСИЈАТА „АНАЛИЗА 24“ НА ТЕЛЕВИЗИЈА 24

За утврдената дискриминација при намалувањето на часовите за услугата лична асистенција на лицата со попреченост.
Како што истакна Душан Томшиќ, до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација биле доставени голем број индивидуални претставки кои се однесуваат на намалувањето, односно кратењето на часовите за користење на услугата лична асистенција.

Врз основа на добиените информации и доставените претставки, уште во месец март Комисијата донела одлука за поведување постапка против Министерството за социјална политика, демографија и млади и Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје.

По поведувањето на постапката, Комисијата се обратила до Министерството со барање за изјаснување во однос на конкретниот случај.
Во своето изјаснување, институциите навеле дека Центарот за социјална работа – Скопје ги разгледувал индивидуалните околности и потреби на корисниците, како на пример дали лицата посетуваат училиште, дали се работно ангажирани, дали одат на рехабилитација, дали се пензионери и дали живеат во домаќинство со други членови на семејството.

Дополнително, било наведено дека дел од корисниците остваруваат и други парични права од системот на социјалната заштита, како што се надоместокот за помош и нега од друго лице и надоместокот заради попреченост, при што било посочено дека овие финансиски средства би можеле да ја надоместат поддршката што би им недостасувала по намалувањето на часовите за лична асистенција.

Меѓутоа, Комисијата, анализирајќи ги доставените наоди и применливите законски одредби, оценила дека ваквото образложение не претставува соодветна и законски оправдана основа за намалување на часовите за лична асистенција.

Имено, членот 76 од Законот за социјалната заштита ја дефинира личната асистенција како индивидуална помош и поддршка за лицата со намален функционален капацитет, со цел овозможување независно и самостојно живеење и движење.

Оваа законска определба е од суштинско значење.
При проценувањето на потребата од лична асистенција, Центарот и стручните служби не можат автоматски да се водат од тоа дали лицето живее со членови на семејството, дали е вработено, дали е пензионер или дали остварува други парични права. Овие околности сами по себе не ја исклучуваат потребата од лична асистенција, ниту претставуваат оправдување за нејзино намалување.

Личната асистенција постои токму за да им овозможи на лицата со попреченост да живеат независно, самостојно и со достоинство, а не нивниот живот да зависи од присуството, времето и можностите на членовите на семејството.
Исто така, паричните права од социјалната заштита не можат да се третираат како замена за услугата лична асистенција, бидејќи тие имаат различна законска намена и служат за задоволување различни потреби. Остварувањето на едно парично право не значи дека лицето ја губи потребата од друга услуга за поддршка.

Дополнително, оваа определба е потврдена и во Правилникот за лична асистенција. Во членот 4 од Правилникот е предвидено дека услугата се обезбедува врз основа на почитување на вроденото достоинство, индивидуалната автономија и независноста на лицата со попреченост.

Значи, и домашната законска и подзаконска регулатива јасно ја утврдуваат целта на личната асистенција – остварување на независноста, автономијата и достоинствениот живот на лицата со попреченост.

Понатаму, доколку ја анализираме Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, особено членот 19, ќе видиме дека таа го гарантира правото на независно живеење и вклученост во заедницата.
Нашата држава ја има потпишано и ратификувано оваа Конвенција и е должна да ги почитува нејзините одредби. Затоа, при одлучувањето за пристапот до услугата лична асистенција, институциите мора да ги земат предвид и меѓународните обврски што државата ги презела.

Согласно членот 19 од Конвенцијата, државите имаат обврска да обезбедат пристап до различни услуги за поддршка во домот и во заедницата, вклучително и лична асистенција, со цел да се овозможи независно живеење и да се спречи изолацијата на лицата со попреченост.

Во овој контекст, особено значајни се и ставовите 61 и 63 од Општиот коментар бр. 5 на Комитетот за правата на лицата со попреченост, кои се однесуваат на независното живеење и вклученоста во заедницата.
Тие укажуваат дека проценката на потребите мора да се заснова на пристапот кон попреченоста базиран на човековите права, да ги зема предвид бариерите со кои лицето се соочува во општеството, како и неговата волја, преференции и индивидуални потреби.
Проценката не смее да се заснова исклучиво на она што лицето може или не може да го направи поради својата попреченост, туку мора да ги земе предвид и општествените околности, можностите за учество и потребната поддршка за остварување на неговите права.
Особено важно е лицата со попреченост активно и целосно да бидат вклучени во процесот на одлучување за услугата лична асистенција.
Како Комисија, утврдивме и дека при проценувањето мора да се има предвид дека потребите на лицата со попреченост за пристап и учество во различни животни активности се менуваат со текот на времето.
Не може да се заклучи дека едно лице има помала потреба од лична асистенција само затоа што не е во работен однос или затоа што е пензионер. Тоа што едно лице нема потреба да оди на работа не значи дека нема други потреби – за здравствени услуги, рехабилитација, социјални активности, културен живот, движење и учество во заедницата.
Сите овие околности мора да бидат индивидуално разгледани и соодветно земени предвид.

Врз основа на анализата на домашната законска регулатива, подзаконските акти и меѓународните обврски што ги презела државата, Комисијата оценила дека во конкретните случаи е сторена дискриминација при доделувањето, односно намалувањето на часовите за услугата лична асистенција.

Причината е што институционалниот систем не успеал со објективни, индивидуализирани и законски засновани аргументи да го оправда намалувањето на часовите.
Особено проблематично е тоа што кај одредени корисници не била направена нова функционална проценка, ниту нова медицинска проценка, а нивната здравствена и функционална состојба со години останала иста. И покрај тоа, лицата кои претходно користеле 80 часа лична асистенција месечно се соочиле со намалување на часовите за половина, без соодветно и објективно образложение.

Токму затоа сметаме дека институциите мора да постапуваат согласно законите, принципите на еднаквост и недискриминација и обврските од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Личната асистенција не е привилегија, ниту социјална милостина. Таа е услуга за поддршка што овозможува остварување на основните човекови права, независност, автономија, достоинство и активно учество во општеството.

⚖️ НЕЗАВИСНОСТА НЕ Е ПРИВИЛЕГИЈА. ЛИЧНАТА АСИСТЕНЦИЈА Е ПОДДРШКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА!

📎 ОРИГИНАЛНА ИЗЈАВА:
Изјава на Душан Томшиќ, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24.

🔗 https://www.facebook.com/share/v/1KbiSLrg9G/

Address

Skopje

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+38970962026

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп Менуваме posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп Менуваме:

Share