02/06/2026
Градски натпревар по прва помош 🩹
🗓️ На 02.06.2026 година се одржа Градскиот натпревар по прва помош, на кој учество земаа 15 екипи од пет општински организации на Црвениот крст:
🔸 ООЦК Гази Баба
🔸 ООЦК Центар
🔸 ООЦК Чаир
🔸 ООЦК Карпош
🔸 ООЦК Кисела Вода
👥 Од ООЦК Гази Баба учествуваа три екипи и ги постигнаа следните резултати:
🥇I место– ООУ „Наум Наумовски Борче“
🏆 VI место- ООУ,,Григор Прличев"
🏆 VIII место - ООУ"Крсте Мисирков"
Придонес во реализацијата на натпреварот дадоа и нашите волонтери Тео Бојанчев и Ева Јанкова кои беа во улога на маркиранти ( повредени лица на кои им се укажува прва помош).
💌Голема благодарност до нашите едукатори кои ги подготвија екипите за Градскиот натпревар по прва помош, Александар Недев и Петар Ристовски.
🍀 Честитки до сите екипи и наставници за успешното претставување и вложениот труд!