Солуција / Solution

Солуција / Solution Балкански центар за конструктивни политики / Balkan Center for Constructive Policies

“Солуција” е невладина организација со мисија посветена на справување со корупцијата, клиентелизмот и поларизацијата на општеството; унапредување на општествената дебата, облагородување на јавниот наратив и културата на дијалог; креирање и поддршка на конструктивни решенија во политиката, економијата, правдата, животната средина, надворешните работи, мирното решавање на меѓународните спорови; унап

редување на демократијата, заштита на човековите слободи и права, почитување на достоинството на човекот и развој на либералните политики.

❗️„Кажи си ја маката“ на „Замисли“ и во Струга – дивата депонија најгорлив проблем❗️(линк во коментар)🎯Стружани ја истак...
13/05/2026

❗️„Кажи си ја маката“ на „Замисли“ и во Струга – дивата депонија најгорлив проблем❗️
(линк во коментар)

🎯Стружани ја истакнаа дивата депонија што веќе 20 години претставува темпирана еколошка и здравствена бомба како еден од најтешките проблеми со коишто живеат.

🎯Откако домашните судови се прогласиле за ненадлежни, за ова е запознаен е и Судот за човекови права во Стразбур кој ја прифати тужбата поднесена од адвокат од Струга и Македонското здружение на млади правници и ќе расправа по неа.

🎯Во вторник (12.5.2026) година, од 18:00 часот во Струга, во просториите на здружението на граѓани „Аква“,  „Замисли“ и ...
08/05/2026

🎯Во вторник (12.5.2026) година, од 18:00 часот во Струга, во просториите на здружението на граѓани „Аква“, „Замисли“ и „Солуција“ организираат отворен разговор со граѓаните на Струга и Југозападниот регион.

🎯Овој разговор е замислен како простор за активно слушање, посветен на проблемите, состојбите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на #Струга и регионот, како и на можностите за нивно заедничко адресирање.

🎯За разлика од класичните дебати и трибини, овој настан нема воведничари и формални излагања. Во фокусот се граѓаните – нивните искуства, проблеми и предлози кои внимателно ќе бидат забележани од тимот на #Замисли.
Врз основа на тоа, ќе бидат иницирани постапки за барање одговори, реакции и решенија од надлежните институции, како и преку соработка со медиуми и релевантни меѓународни партнери.

Се гледаме во вторник.

🎯Претседателот на „Солуција“ Никола Димитров денеска одржа предавање пред студентите на Универзитетот Американ Колеџ Ско...
06/05/2026

🎯Претседателот на „Солуција“ Никола Димитров денеска одржа предавање пред студентите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје UACS Skopje . На покана на професорот по Компаративни политички системи, д-р Огнен Вангелов Ognen Vangelov, Димитров како долгогодишен дипломат и поранешен министер за надворешни работи, ги сподели своите видувања околу евроинтеграцискиот пат на Македонија, демократските реформи, како и за пошироките политички предизвици на земјава и регионот.

🎯Гостин – предавач беше и Матијас Хуменбергер, заменик шеф на мисијата при амбасадата на Австрија во Скопје. Тој им го објасни на студентите австрискиот политички систем, приоритетите на земјата во надворешната политика, како и перспективите околу Западниот Балкан и евроинтегративните процеси.

🎯„Она што ја направи дискусијата особено корисна е комбинацијата на компаративни институционални согледувања и директно практично искуство од дипломатијата и политиката. Нашите студенти имаа прилика не само да слушнат различни перспективи, туку и да се вклучат директно со свои прашања и коментари околу политичката иднина на регионот“, рече проф. Вангелов.

🎯Став околу образовните промени на нашиот поддржувач и магистер по економски науки, Ристе Костовски.
04/05/2026

🎯Став околу образовните промени на нашиот поддржувач и магистер по економски науки, Ристе Костовски.

Автор: Ристе Костовскимагистер по економски науки Образованието е сектор кој го продуцира најважниот човечкиот капитал. За ефикасен образовен систем, најважно е д...

❗️Димитров заедно со албанскиот министер Хоџа до земјите членки: Наше е да правиме реформи, ама на ЕУ е да си ја одржи “...
24/04/2026

❗️Димитров заедно со албанскиот министер Хоџа до земјите членки: Наше е да правиме реформи, ама на ЕУ е да си ја одржи “бесата”

🎯На нов панел на Делфи форумот, претседателот на “Солуција” Никола Димитров заедно со министерот за надворешни работи на Албанија Ферит Хоџа упатија порака до земјите членки дека време е Унијата да си го одржи зборот даден уште на Самитот во Солун 2003.
(линк до написот во коментар)

🇲🇰 Димитров во Делфи на приватна вечера со принцот Алберт II од Монако 🇮🇩🎯Претседателот на „Солуција“, Никола Димитров, ...
24/04/2026

🇲🇰 Димитров во Делфи на приватна вечера со принцот Алберт II од Монако 🇮🇩

🎯Претседателот на „Солуција“, Никола Димитров, беше поканет на приватна вечера во чест на Неговото Светло Височество принцот Алберт II од Монако, во организација на основачот и претседател на Делфи економскиот форум, Симеон Цомокос.

🎯На вечерата, покрај официјалната делегација од Кнежеството Монако, присуствуваа и истакнати актуелни и поранешни носители на одлуки од европскиот континент.
Димитров беше единствениот претставник од Северна Македонија и од регионот.

🎯Во разговорите се отворија теми поврзани со предизвиците на современата геополитика, позицијата на Европа на глобалната сцена, како и регионалните прашања.

❗️Димитров од Делфи до Бугарија: Колку и да мислите дека ви е добра стратегијата – не е лошо да си ги погледнете резулта...
22/04/2026

❗️Димитров од Делфи до Бугарија: Колку и да мислите дека ви е добра стратегијата – не е лошо да си ги погледнете резултатите

🎯На бугарска провокација од публика дека Македонија сега нема друг избор освен да си го “голтне” компромисот од 2022, Димитров одговори: “Нема компромис, има пакет којшто не донесе решение. Прашањето не е вистински решено. Бугарија на сите анкети кај нас е најголем непријател. Дали навистина тоа го сакате? Знаете што рекол Черчил - колку и да мислите дека ви е добра стратегијата, не е лошо одвреме - навреме да си ги погледнете резултатите. А резултатите од вашата стратегија се тажни - најлоши односи меѓу двете земји што некогаш сме ги имале”.
(линк во коментар)

🎯Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ и Граѓанската сила „Замисли“ вчеравечер организираа отворена де...
17/04/2026

🎯Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ и Граѓанската сила „Замисли“ вчеравечер организираа отворена дебата „Кажи си ја маката“ со граѓаните на Прилеп и Пелагонискиот регион од земјава.

🎯На настанот што се одржа во просториите на невладината организација „Станица П.Е.Т” активистите на „Замисли“ се запознаа од прва рака со проблемите, состојбите и предизвиците со коишто се соочуваат граѓаните и дискутираа околу можностите за граѓанска мобилизација за нивно решавање.
(линк до написот во коментар)

❗️Случајот на скопјанката Лепосава Огњаноска - Ставровска, доктор на правни науки и активистка и поддржувач на „Солуција...
15/04/2026

❗️Случајот на скопјанката Лепосава Огњаноска - Ставровска, доктор на правни науки и активистка и поддржувач на „Солуција“ и „Замисли“ е меѓу најновите во низата дискриминации врз основа на бременост и мајчинство во работните односи, откако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна интерсекциска дискриминација во нејзиниот работен однос на приватниот Меѓународен балкански универзитет во Скопје.

„Трудница избркана од работа во 33. недела од бременоста откако газдите отвориле нова фирма, ги префрлиле сите вработени и само неа ја оставиле во згаснатата“…„Ка...

Во четврток (16.4.2026) година, од 19:30 часот во Прилеп, во „Станица Пет“ граѓанската сила Замисли / Imagine организира...
14/04/2026

Во четврток (16.4.2026) година, од 19:30 часот во Прилеп, во „Станица Пет“ граѓанската сила Замисли / Imagine организира отворен разговор 🗣️ со граѓаните на Прилеп и Пелагонискиот регион.

Овој разговор е замислен како простор за активно слушање, посветен на проблемите, состојбите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на #Прилеп и Пелагонискиот регион, како и на можностите за нивно заедничко адресирање.

👉 За разлика од класичните дебати и трибини, овој настан нема воведничари и формални излагања. Во фокусот се граѓаните – нивните искуства, проблеми и предлози кои внимателно ќе бидат забележани од тимот на #Замисли.
Врз основа на тоа, ќе бидат иницирани постапки за барање одговори, реакции и решенија од надлежните институции, како и преку соработка со медиуми и релевантни меѓународни партнери.

❗️Алармантни наоди на Државниот завод за ревизија околу стареењето на населението во Македонија.❗️Буџетските трансфери з...
09/04/2026

❗️Алармантни наоди на Државниот завод за ревизија околу стареењето на населението во Македонија.

❗️Буџетските трансфери за пензии достигнаа 690 милиони евра во 2024 година, а во 2025 година овие трансфери се уште поголеми.

❗️Стратегијата за стари лица е истечена пред повеќе од пет години, а услугите за долготрајна нега се достапни за помалку од 1 отсто од постарите лица.

Буџетските трансфери за пензии достигнаа 690 милиони евра во 2024 година, а во 2025 година овие трансфери се уште поголеми. Стратегијата за стари лица е истечена пред пов...

Address

Radnjanska 4/1
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Солуција / Solution posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Солуција / Solution:

Share