Eufonia Learn

Call Directions Contact the organization

Eufonia Learn Здружение за рана детекција, интервенција и третман за правилен раст и развој кај деца и возрасни со потешкотии и попречености

ДВИЖЕЊЕТО Е ДЕЛ ОД УЧЕЊЕТОВо Еуфонија користиме елементи од јога терапијата како дел од нашите дефектолошки третманиНаши...
02/11/2026

ДВИЖЕЊЕТО Е ДЕЛ ОД УЧЕЊЕТО

Во Еуфонија користиме елементи од јога терапијата како дел од нашите дефектолошки третмани

Нашиот тим е обучен за примена на јога вежби и нивно соодветно прилагодување на развојните можности и потребите на децата

Преку движење, дишење, игра и свесност за телото создаваме можности за нови искуства и поттикнување на развојот

🟣 Затоа што секое движење може да биде можност за учење

📚 Детето не учи да чита само со совладување на буквите.Читањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе способности ко...
30/10/2026

📚 Детето не учи да чита само со совладување на буквите.

Читањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе способности кои меѓусебно се поврзуваат и надополнуваат

Зад овој навидум едноставен процес стојат фонолошката свесност, визуелната и аудитивната перцепција, вниманието, меморијата, јазичниот развој и способноста за разбирање.

✨ Не е целта детето само да ги прочита буквите и зборовите. Целта е да чита со разбирање, да поврзува информации и да го открива значењето на прочитаното.

Во Еуфониа веруваме дека секоја тешкотија има своја причина, а правилната поддршка започнува со нејзино препознавање.

📱 Дали екраните ги прават децата агресивни?важно е да обрнеме внимание на тоа што гледаат децата, колку време поминуваат...
28/10/2026

📱 Дали екраните ги прават децата агресивни?

важно е да обрнеме внимание на тоа што гледаат децата, колку време поминуваат пред екран и што пропуштаат додека се пред него.

Понекогаш забележуваме дека детето станува нервозно кога ќе му го земеме телефонот, тешко прифаќа промени, има бурни реакции или тешко се смирува. Ова не значи автоматски дека екраните се единствената причина. На однесувањето влијаат возраста, сонот, содржината што ја следи детето, неговите развојни потреби и начинот на кој учи да се справува со емоциите.

Едноставните предмети од секојдневието можат да поттикнат учење преку игра Кула од кутии, спарување чорапи и редење чаши...
22/10/2026

Едноставните предмети од секојдневието можат да поттикнат учење преку игра

Кула од кутии, спарување чорапи и редење чаши развиваат:
✨ внимание и концентрација
✨ фина моторика и координација око-рака
✨ визуелно разликување
✨ решавање проблеми и самостојност

💛 Зачувајте ја објавата за следната идеја за игра дома!

Која активност најмногу ви се допадна?

Децата допрва ја градат сликата за себеА ние, родителите, сме меѓу најважните луѓе во нивниот светЗатоа, кога ќе слушнат...
30/09/2026

Децата допрва ја градат сликата за себе

А ние, родителите, сме меѓу најважните луѓе во нивниот свет

Затоа, кога ќе слушнат нешто за себе од нас, многу лесно можат да помислат:

„Ако мама или тато го велат тоа за мене… тогаш сигурно е вистина.“

Ова не значи дека треба да ги премолчуваме тешкотиите или да се преправаме дека сè е во ред.

Напротив — зборувајте за нив, барајте помош, споделувајте што ви е тешко.

Но обидете се да зборувате за однесувањето или тешкотијата, а не да го претворите тоа во особина на детето

Преминот од игра, движење и возбуда кон мир и сон не се случува со една реченица: „Време е за спиење.“На детскиот нервен...
28/09/2026

Преминот од игра, движење и возбуда кон мир и сон не се случува со една реченица: „Време е за спиење.“

На детскиот нервен систем му треба постепен премин. 🤍

Затоа, наместо нагло да го прекинеме движењето и да очекуваме детето веднаш да се смири, можеме да му помогнеме преку структурирано движење, предвидлива рутина, мали избори и постепено намалување на дразбите

27/09/2026

🧠 Што се случува кога емоцијата ќе стане преголема?

Замислете го детскиот мозок како соба.

Во неа секој ден се собираат различни чувства и искуства – умор, разочарување, страв, промени, фрустрација, лутина…

Понекогаш просторот едноставно станува премногу тесен.

И тогаш детето можеби ќе плаче, ќе се налути, ќе вика, ќе се повлече или ќе каже „не сакам ништо“.

Тоа не значи дека детето не сака да соработува. Понекогаш значи дека сè уште нема доволно алатки за да се справи со она што го чувствува.

💛 Во Еуфониа работиме токму на развивање на тие вештини.

Ги учиме децата:
✨ да ги препознаат и именуваат емоциите
✨ да разберат што ги предизвикува
✨ да препознаат што им се случува во телото
✨ да научат начини за смирување и саморегулација
✨ полесно да ги изразуваат своите потреби и чувства

Ако се препознавте во ова, ве очекуваме🤍

📞070 966980

16/09/2026
Не очекуваме од детето веднаш да има целосна саморегулација. Ние прво ја „позајмуваме“ нашата регулација, за со текот на...
11/09/2026

Не очекуваме од детето веднаш да има целосна саморегулација. Ние прво ја „позајмуваме“ нашата регулација, за со текот на времето детето да ја изгради својата 🤍

Зачувајте го постот за потсетник и споделете го со родител на кому ова би му значело 🌿

„Дали правам доволно за моето дете?“Можеш да примениш многу од работите што ги гледаш и читаш. И можат да бидат прекрасн...
06/09/2026

„Дали правам доволно за моето дете?“

Можеш да примениш многу од работите што ги гледаш и читаш. И можат да бидат прекрасна поддршка во родителството.

Но не мораш сè.

Не мора секој ден да имате развојна активност.
Не мора секоја ситуација да ја решиш „правилно“.
Не мора секоја препорака да стане правило во вашиот дом.
Не мора да го споредуваш вашето секојдневие со туѓото, кое го гледаш во 30 секунди на екран.

Земи го она што ти помага.
Прилагоди го на твоето дете.
Прилагоди го на вашето семејство.
И слободно остави го она што само ти создава чувство дека не си доволен.

Затоа што родителството не е натпревар во тоа кој ќе направи најмногу.

Address

St. Filip Bogdaniski 15
Skopje
1000

Telephone

+38975839288

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Eufonia Learn posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Eufonia Learn:

Shortcuts

Share