ЕВС (Европски Волонтерски Сервис) е програма од Еразмус+ програмата на Европска Унија, која им овозможува на млади помеѓу 17-30 години да волонтираат во странство од 2-12 месеци.
Европската Унија ги покрива сите трошоци (храна, сместување, пат, виза, осигурување и џепарлак) со цел да промовира вредности како активно граѓанство, толеранција, взаемно разбирање, солидарност.
Оваа прорама нуди една
ш во животот искуство каде волонтерите имаат можност да запознаат други култури, да станат независни, да стекнат работни вештини, да се обучат за тимска работа, да патуваат и научат јазик како и да добијат Youthpass сертификат кој е признаен во странство и со тоа да ги золемат шансите за вработување.
Велиме еднаш во животот бидејќи доколку волонтираат на долгорочен проект можат да одат само еднаш на ЕВС, со исклучок доколку нивниот прв сервис е до 2 месеци би можеле да аплицираат повторно за проект до 10 месеци.
ЕВС не е платена работа, јазичен курс, стажирање или туризам и покрај тоа што содржи елементи од се наведено.
Проектите за кои може да аплицирате имаат најразлични теми (над 50) и ваше е да одберете дали сакате да работите со деца или во театар или можеби со лица со хендикеп, социјална работа, ICT- нови тенологии, да предавате јазик, да научите како да водите организација, работа со кампови, и.т.н.
Начинот на барање на проекти е многу едноставен. Постојат датабази низ кои може сами да барате проекти:
- https://europa.eu/youth/volunteering/project_en
- http://www.youthnetworks.eu/SearchVacancy.aspx
- https://www.facebook.com/findEVS/
Или следете ги сите проekти кои и објавуваме на оваа наша фан страна на фејсбук.
Доколку немате време тоа да го правите, запишете се на нашата меилинг листа и добивајте еднаш неделно меил со проекти и корисни видеа за ЕВС:
- https://www.facebook.com/evsmakedonija/app/100265896690345/
Ако сеуште изледа комплицирано, обратете ни се и закажете средба со нас во нашите ЕВС отворени сати: Секој петок од 12-13 часот!
„20 години од сега ќе бидеш многу поразочаран од нештата што не си ги направил, отколку од нештата што си ги направил. Затоа отфрли ја здрвеноста. Напушти го сигурното пристаниште. Насочи го правецот на ветриштата на твоите едра. Истражувај. Сонувај. Откривај.“
Марк Твен