06/07/2026
🌟 Јули е месец на нов почеток на ротаријанска година 2026/27. На церемонија на примопредавање, досегашниот претседател Тони Дранговски го предаде претседателскиот ѓердан на новиот претседател Славчо Крстевски, кој ќе го предводи Ротари клуб Битола во ротаријанската 2026/2027 година. За секретар на клубот е избрана Моника Кулевска.
✨ Во јули исто се сеќаваме и на изминатата ротаријанска година која беше исполнета со бројни активности и проекти кои создадоа вистинска вредност за Битола и пошироката заедница.
Заедно:
🟢 реализиравме еколошки иницијативи во рамките на #ЗаЗеленаБитола, акции за рециклирање и пошумување,
🟠 го организиравме традиционалниот Кариерен ден за младите,
🔵 бевме домаќини на Македонско-шведскиот бизнис форум,
🔴 спроведовме хуманитарни и новогодишни акции за децата,
🟡 го проширивме нашето ротаријанско семејство со нови членови и изградивме нови партнерства во служба на заедницата.
🙏🏻 Искрена благодарност до претседателот Тони Дранговски за неговото лидерство, визија и посветеност, како и до сите членови, партнери, поддржувачи и пријатели кои беа дел од секој реализиран проект.
🎉 На новиот претседател Славчо Крстевски и секретарот Моника Кулевска им посакуваме успешен мандат, исполнет со нови идеи, силни партнерства и уште поголемо позитивно влијание во заедницата.