04/03/2026
Основен курс за спасители на планина и непристапен терен Демир Капија 2026
– Со цел зајакнување на капацитетите за спасување во тешко пристапни предели и подигнување на нивото на безбедност за сите посетители на македонските планини, од 20.2 до 1.3.2026 беше одржан специјализиран десетдневен курс за планински спасители.
Оваа обука, која се одржува во организација на Горска служба за спасување Македонија, обединува ентузијасти и професионалци кои во текот на десет дена ќе поминат низ основите на теоретска и практична подготовка. Програмата ги опфаќа техники за извлекување од карпи, укажување прва медицинска помош во екстремни услови и напредни стратегии за пребарување на исчезнати лица (SAR).
„Планинското спасување не е само вештина, туку огромна одговорност. Нашата цел е да создадеме тимови кои ќе делуваат брзо, прецизно и координирано со останатите институции, со цел секој изгубен или повреден планинар безбедно да се врати дома,“