Бесплатен паркинг во Битола

Бесплатен паркинг во Битола Граѓанска иницијатива за укинување на платениот паркинг и изградба на современа сообраќајна инфрастру

Граѓанска иницијатива за укинување на платените паркинзи во Општина Битола.

18/06/2026

Предлагаме Општина Битола да размисли за воведување на паметна мрежа од сензори за бучава, по примерот на повеќе европски градови како Барселона, Париз и Талин.

Со поставување на сензори на повеќе локации низ градот, во реално време би се следело нивото на бучава и би се детектирале најпроблематичните точки. На тој начин општинскиот инспекторат и надлежните институции би имале објективни податоци за постапување против прекумерната бучава.

Особено во летниот период, голем број граѓани се соочуваат со нарушување на мирот поради возила и мотоцикли со модифицирани ауспуси кои создаваат бучава далеку над дозволените граници.

Ваквиот систем не е наменет против љубителите на автомобили и мотори, туку за заштита на правото на граѓаните на мирна и здрава животна средина. Дополнително, податоците би можеле да се користат и за подобро урбанистичко планирање и управување со сообраќајот.

Дали сметате дека Битола е подготвена за вакво современо решение?

09/06/2026

Тоа што го цртате треба да биди со повишени ивичњаци, а не со пластични стубчиња што ќе траат неколку денови.

Друга работа, ако се затвора паркингот односно ако се прави плоштад како што најавувавте, зошто е нацртана улица кон паркингот?

09/06/2026

💦 Добредојдовте во „Битола на води“!

Доволни беа неколку минути посилен дожд за повторно да добиеме улици под вода. И пред некој да напиши дека сливниците се затнати, за ова место не сум баш сигурен дека тоа е причината.

Станува збор за нов кружен тек, па сосема логично е да се постави прашањето дали е добро проектиран и изведен ако при првиот посериозен дожд добиваме ваква слика.

Со години пишувам за затнатите сливници низ градот. Но кога водата се собира на новоизградена инфраструктура, тогаш проблемот можеби е на друго место.

Во секој случај, ова не е слика што сакаме да ја гледаме по секој дожд.

#БУденБИтолчанец #БитолаНаВоди #Инфраструктура #ГрадскиПроблеми #КруженТек #Дожд #ЛокалнаСамоуправа #БитолскиПриказни

08/06/2026

👏

03/06/2026

По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги меѓу нас навивачите а и меѓу целиот град каде е кривицата за овај пораз не само на Пелистер туку и на цела Битола. И покрај јавните реакции, до последно дававме поддршка и верувавме дека ќе заврши колку толку позитивно оваа сезона. Но на се иди крај! Наредниот период ЌЕ ИНСИСТИРАМЕ НА:
1. Иако знајме дека договорите ви се направени со дискретционо право, ИНСИСТИРАМЕ во јавноста да се објават со име и презиме, сумата која им била испаќана и улогата во клубот на сите оние кои не се фудбалери, односно кои имаат било каква функција освен фудбалер. Да се тргнат прашањата и обвинувањата во јавноста, да се завршат рекла-казала муабетите, одважете се и објавете ги јавно!!!
2. Да се понеси одговорност и јавно да се соопшти кој ги одобруваше оваа сезона трансферите на фудбалерите. Самата селекција е најодговорна за она шо беше ,,прикажано'' на терен. Кој го креираше тимот кој го играше најлошиот фудбал во цела лига? Која е улогата на гувернерот на Македонија Трајко Славевски во носењето на фудбалскиот анонимус Милан Стојановски?
Виновците за оваа катастрофа имаат име и презиме, овој пораз не е дојден сам од себе.

ОДГОВОРНОСТ ОД СИТЕ ДО ЕДЕН ШО ГО ДОНЕСОВТЕ КЛУБОТ НА ОВА НИВО!!!

01/06/2026

Address

Bitola
7000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Бесплатен паркинг во Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share