Лео Алфа Клубовите се подмладокот на светската семејство на Лајнс клубовите, познати по својата хуманитарна работа и филантропија.
Во Битола е формиран првиот Лео Алфа Клуб во Република Македонија во 2011 година.
Инаку, враќајќи се кон минатото во 1957 година средното училиште Абингтон, во американската држава Пенсилванија е формиран привот млад клуб во кој членувале 35 ученици.
Алфа лео Клубов
ите се составени од млади луѓе од целиот свет кои се активни, дружељубиви и сакаат забава. Преку членувањето, овие млади луѓе ги развиваат лидерските способности, му служат на заедницата и се разбира заеднички минуваат дел од слободното време.
Нашиот Лео Алкфа Клуб Битола ги има истите цели:
-развивање на лидерските вештини кај младите луѓе
-индивидуално и групно организирање на активности за помагање на заедницата
-Развивање на чувство за тимска работа и развивање на проекте кои носат промени во заедницата во која живееме
-развивање на нови пријателства
Оттука и нашето мото: Лидерство, Искуство, Можности
Лео Алфа Клубот Битола е отворен за сите млади луѓе, со позитивен карактер и интерес да помагаат на својата заедница.
Возрасната граница е од 12 до 18 години.
Нашиот фокус се индивидуални и социјални промени кај тинејџерите, со цел да развијат лични вештини, но и да научат како тимската работа води кон успех. Исто така целта е да се идентификуваат начини за помош и помагање на оние ранливи групи на кои тоа им е потребно.