07/11/2026
AI FOR BUSINESS – Вештачката интелигенција како можност за развој и успех!
✨ Како вештачката интелигенција може да ни ја олесни работата, да ни заштеди време и да отвори нови можности за развој на бизнисот?
Токму на оваа тема разговаравме на инспиративното Ротари предавање „AI FOR BUSINESS – Примена на вештачката интелигенција во бизнисот“, организирано од Ротари клуб Битола Широк Сокак и Ротаракт клуб Битола Широк Сокак.
🎤 Нашата гостинка и предавач, Silvija Gelevski Силвија Гелевски од Ротари клуб Куманово, CEO на External Lens Consulting, преку практични примери и корисни совети ни покажа како вештачката интелигенција може да придонесе за поголема ефикасност, иновации, заштеда на време и подобри деловни резултати.
🤝 На почетокот на настанот, претседателката на Ротари клуб Битола Широк Сокак, д-р Ана Вељановска, ги поздрави присутните, додека нашиот ротари член Ивона Трифунов ги претстави проектите и активностите што ги реализира клубот во служба на заедницата.
Особена чест ни беше присуството на Митко Демировски, координатор на Сојузот на Ротари клубови на Македонија.
💙 Голема благодарност и до нашите драги ротаријански пријатели од Ротари клуб Битола, Ротари клуб Битола Пелистер, Ротари клуб Кавадарци, Ротари клуб Неготино и Ротари клуб Прилеп, кои со своето присуство ја збогатија оваа вечер и уште еднаш покажаа дека ротаријанското пријателство и соработка не познаваат граници.
Искрена благодарност до Силвија Гелевски за споделеното знаење и инспирацијата, како и до сите присутни кои придонесоа за успешна вечер исполнета со нови идеи, разговори и пријателство.
🌍 Ротари не е само пријателство и хуманост – тоа е и простор каде што учиме едни од други, споделуваме искуства и заедно создаваме можности за напредок.
Продолжуваме да поврзуваме луѓе, знаење и идеи, затоа што токму преку соработката создаваме позитивни промени! 💙💛
External Lens Consulting Rotary Club Kumanovo Rotary club Kavadarci Silvija Gelevski